Инаку вие што веќе учите таму,кажете ми кои се професори ќе ми предаваат и дали се строги,а исто така кажете ми и за смеровите во 3 година.
Веројатно ќе ти предаваат оние професори чии класови сега завршија четврта година. Ама не е ништо сигурно, може и некои други да ви се паднат. Кога ќе почнеш со школо пиши ми ги имињата на професорите и ќе ти кажам какви се. Само за германски можам да ти кажам дека 90% ќе ти предаваат Билјана и Анита. Едната е многу строга и доста бара, повеќето се жалат поради тоа, а Анита никогаш не ми предавала, ама викаат дека е многу фина. Смеровите ти се Јазично-Уметничко А / Б (ЈУБ никогаш не се оформува како клас), Природно-математичко А / Б и Општествено-хуманистичко А / Б (ОХБ ретко кога се формира). Што и да те интересира можеш да ми пишеш ЛП, ќе ти објаснам
Еднаш пишав на темава и па ќе кажам. Професорите се супер. Ако учиш француски професорката е супер пошо една е у школото, а германски не знам какви се. Најзадоволна сум од: Јован по физика - убаво објаснува и не испрашува усно туку само на тестови, ама на тестовите има и теорија и логички прашања; Верица по хемија - на час е сериозна и изгледа строга ама не е строга, многу детално објаснува и секогаш дава шанса за поправање. Биологија беше класна на 4та значи може класна да ти биде, Кај неа мора од почеток да си фатиш темпо на учење за да те запознае дека ти иде предметот.. Ирена по историја е добра ама често испрашува. Јасмина по математика е многу добра, на час се смее и знае добро да објасни ама малце тешки тестови дава. Физичко - Бранко 5ки ни реди и не бара нешо многу да те бива у спорт. Елеонора по географија испрашува по одредени лекции меѓу кои бираш една и дава многу лесни тестови. Не знам кои ќе ти се погодат ама имаш имаш среќа со овие мене шо ми се.
mislam deka tuka odat pretezno deca od tipot so imaat deckovci uste od osnovno, se sminkaat za vo skolo i sl. A znam deka profesorite si baraat znaenje i znam edna profesorka po angliski sto predava tuka
Многу е лошо вака да генерализираш за луѓе што не ги ни познаваш. Не е дека нема таканаречени шмизли и татини мази, ама не се сите такви. Така што немој одма со предрасуди да настапуваш кога збориш за некое школо (или било што друго).
Па вака јас сега завршив 4-та во Горги може да ти кажам се што сакаш инаку бев француска паралелка македонски ке ти бидат Данијела и Вики ,првата е супер али си бара да знаеш а втората не е лопша али од почеток ако се покажеш дека знаеш цела година ке уживаш (може да ти падне класна бидејќи претежно ги зима германските паралелки ),математика ке ти биде Весна или Новка тие две се претежно ,англиски е тука може сите не е сигурно али можно е да ти е Јасна супер е ,физика да ти ее Јован 100% ,хемија ке ти биде Верче така паѓа и биоологија Марга за друи предмети не ми текнува воглавно сите овиее бараат доста али и попоушаат многу посебно Јован
Па бидејќи јас сум во германската билингвална,односно таа со 6 часовен фонд на германски се зборува дека и една од Германија ќе ми предавала германски.Ама во септември ќе ви пишам кој ќе ми се паднат.
Знам дека предава историја, мене не ми предава, ама како што знам строга е. Инаку пиши кои други ќе ти се паднат кога ќе почнеш
Историја предава. Мене ми предаваше во трета. Не дека е нешто многу строга али бара поише да има дискусија на час и ваши мислења да кажувате. А за попуштање, попушта на крај година.
Според мене е многу фина професорка иако повеќето од мојата генерација ја сметаа за досадна и напорна, па често се мајтапеа со неа. Ама паметна е жената, не е наивна и се си памти. Така што би те советувала да си бидеш во коректен однос со неа, да ја почитуваш и да и го учиш предметот. Знае доста историја, многу сака на нејзиниот час да се развиваат дискусии и слично. Како класна верувам дека е многу добра, но не би можела да ти кажам нешто повеќе. Оценките што ги става се релативно фер, бара знаење но можеш при испрашување да си читнуваш нешто од учебникот, исто така многу и значи ако си активен, при крајот на годината некогаш дава некои проекти да се прават, а тестови речиси и да не дава. Исто така дава шанси да се поправат оценките (посебно единиците) и на крајот попушта само ако види дека си се трудел во текот на годината. Во принцип кул жена е.
За строги професори јас мислам дека секаде има.Секој си бара знаење.И тој што учи,секаде ќе си учи,а тој што не учи,никаде нема да учи.Така да,нема што тука.А да,и мојата класна во основно беше иста како оваа.Само уште јас да си ја видам мојата класна и свршена работа
Блазеси ти, Марјан е најлегендарниот класен некогаш! Може ќе ви делува изгубено на моменти, ќе ви биде досаден и напорен со некои муабети, ама верувај дека подобар класен и да посакате нема да имате. Многу се бори за класот (иако делува незаинтересирано), нема да ве замара многу со оправдување на изостаноци, секогаш ќе биде спремен да ви помогне доколку имате проблеми со некој предмет или професор, нема да ве замара многу со носење опрема на неговиот час или пак со вежбање, ќе можете да правите што сакате, ама секогаш ќе биде отворен за шегување, за муабет да си направите и слично. Марјан е ѕверка човек, ми недостасуваат годините кога ми беше класен и кога трескаше глупости. Бидете фини со него, заслужува многу почит!
Весна е океј, ништо посебно. Математика предава прилично добро, не е лоша. Понекогаш знае да ве одбие кога ќе побарате нешто повторно да ви објасни и слично. Често дава вежби за на час да се прават (самостојна работа), дава домашни и такви работи. Тестовите се средно тешки, зависи за која оценка целите. Најчесто тестовите и се на заокружување, дополнување и задачи од отворен тип. Една година ми предаваше и не ми остави нешто добар впечаток бидејќи не се согласувавме многу, не би знаела да ти кажам нешто повеќе.
Математика ми се смени, нема да ми биде Весна, туку Јасмина, македонски Вики, историја Сузана, физика Наташа, биологија Сузана и музичко не го запомнив.
Јасмина ми беше најомилена меѓу професорките по математика, многу кул жена. Со неа се знае - кога се работи се работи, а доколку остане време има простор и за шегување. На тестовите не се сеќавам баш, ама мислам дека беа прилично тешки, секој час даваше домашни задачи и сл. Македонски Виолетка е најглупото суштество некогаш, од проста најпроста, ама авторитетна жена. Ќе ви се прави многу паметна, а всушност ќе пишува снеК, кола, ќе вели дека Наполеон и Бонапарта се различни личности и слично.... немам коментар за неа. Кај неа на писмена можеш да истрескаш најмногу глупости и пак да имаш петка, пошто очигледно сите писмени ги оценува по шестар систем (ќе фати неколку писмени и бап овие имаат петка, другите што ќе ги фати ќе имаат четворка и така натака). Тестовите и наставните ливчиња кои се многу чести кај неа и ги составуваат и прегледуваат деца од генерацијата (тие што ќе и бидат миленичиња). Во глобала тоа е кај неа. Биди фина, пријавувај се за проекти да правиш, биди активна на обработување лектири и дела, не биди многу немирна, лижи и г'з и топ ќе ти биде. За историја Сузана пишав погоре, физика и биологија не ми предавале тие професорки, а музичко Данило е лабав тип. Ќе си слуша музика на час или ќе си работи нешто на комјутерот. Иако можеби на почетокот ќе ве тера нешто да пеете и слично.