Јасмина ти е супер професорка. Знае убаво да објасни, и кај неа никад не е касно да се подобриш. На час е насмеана, значи не е некоја намуртена и често се зафркава. Дава малку тешки тестови, ама ако си учиш нема да имаш гајле. Сузана по биологија му има предавано на брат ми, како шо знам многу е добра и на час се зафркава понекад. Музичко ако ти е Данило, е многу добар, денес го запознав ама одма видов дека е добар. За другиве не знам.
Кај Данило ви е секогаш опуштено. Не му ги купувајте тоа тетратките ако ги бара, никогаш нема да ги искористите. Ќе ви пушта музика на час и уз тоа ќе си зборите за некоја лекција. Историја незнам која Сузана е, 2 ги има али и двете се финички. Ако е таа со плава коса ќе треба да си учите и секогаш да бидете спремни за испрашување и одговарање. А ако е другата со црна коса ќе си учите само кога имате за одговарање (она ќе ви напоменува неколку часа однапред), па на крај на година ќе си имате сите 5. Физика кај Наташа супер ќе си поминувате, се зеза цело време ама кога станува збор за учење морате сериозно да ја сфатите. Кај Сузана биологија исто добро ќе си поминете, попушта секогаш само ако ве гледа дека сакате да научите. И секогаш ви дава шанса да поправите ако сте зезнале на тест.
Географија ми е Лиле, Германски ми се Анита,Билјана и Германката Анке и англиски Светлана. А инаку бубу таа со црната коса ми предава историја.
Девојчиња да ве прашам нешто? Каква е Надица по информатика, класна и се паднала на ќерка ми. Таа вели дека е многу фина.
Географија Лиле не ми предавала, ама како што знам строга е. Билјана германски бара многу, посебно од тие што се германска паралелка. Анита е малку полабава, а Анке не знам (за Анита кажувам од тоа што ми го имаат зборено). Светлана Караѓозова е една од најомразените професорки во школото, не можам да сфатам зошто. Верувам дека и на вас нема да ви се допаѓа. Жената е строга, си бара знаење, а на часовите може и приказни да ви раскажува. Фина е Надица, не е лоша. Ми предаваше една година па не се сеќавам многу на неа. Таква е смотана малку, ако ја изнервираш знае да биде лоша, ама во глобала е фина и децата се мајтапат со неа.
Мене ми предаваше во прва, многу е добра, убаво објаснува,помага и на тестови и кажува што во главно дава на тестовите. А и за оценки не е строга.
Има голема среќа ќерка ти што и се паднала Данијела по македонски, а не Виолетка. Кај Данијела ќе научи многу работи, жената не е многу строга, ама си бара знаење, често испрашува (многу ретко најавува испрашувања), дава писмени четири пати годишно (мора барем една писмена во полугодието да направи, а понекогаш и двете) на кои мора многу внимание да обрне бидеќи бара доста квалитетни писмени (ако сакаш и за тоа ќе ти напишам нешто подетално), дава тестови ама не толку често, повеќе испрашува усно. Околу книгите за читање, се делат на лектири и дела (лектири се оние кои не се бараат за матура, дела се оние кои се бараат и тие воедно и' се поважни). Она ќе им каже претходно која книга е лектира, а која е дело. Делата се обработуваат усно на час (претходно мора да ја имаш прочитано) така што прво пишуваат основни податоци за делото (род, вид, хронотоп, тема, идеја, ликови и слично), а потоа почнуваат да го раскажуваат (ако нема доброволци она прозива кој да почне и после тоа го седнува и прозива друг сe' додека не го раскажат целото дело). Лектирите се пишуваат дома, се прави обработка слична на делата и некогаш се раскажуваат на час некогаш не. Исто така најчесто часот пред да се обработува некое дело имаат час на кој зборуваат за авторот на делото и треба претходно да си обезбедат информации за авторот (малку за неговиот живот, малку за неговото творештво). Нека биде редовна со лектирите и делата, тоа многу и значи на Данијела, а и ќе и требаат за писмените (најчесто дава по две-три дела за писмена). Плус ако е на граница со оценки, лектирите и делата ќе имаат удел во тоа дали ќе има поголема или помала. Имам многу за кажување за неа, бидејќи е една од најдобрите професорки во Георги, ама доволно е ова сега за сега. Се надевам детално објаснив.
Фала ти душо. Не и се чита нешто баш многу ама ќе мора. Инаку македонски е добра и доста е активна на часови барем до сега, слабо и одат, математика, физика и хемија со други премети нема проблем. Ај кога ќе ги дознаам и другите пак ќе прашам ако?
Слободно прашај, доколку ги знам професорите ќе ти пишам кој каков е. Инаку заборавив да кажам дека некогаш лектирите ги обработуваат со проект. Нека се пријавува за правење проекти, така е полесно посебно ако проектот го прави со уште некој ученик. Можат да ја поделат лектирата и секој по пола да прочита и нешто од интернет плус информации да извадат (никако целосно затоа што одма ќе примети дека се од интернет податоците, тоа истото важи и за писмените - НИКАКО од интернет), ем ќе се спасат од испрашување, ем полесно ќе си поминат.
Бидејќи Јасмина вели домашните задачи на бел лист, ако имам поправано со коректор или имам прецртувано ќе го признае како домашна?
Секако дека ќе ја признае, прецртај го погрешеното со една линија или помини го со коректор. Само не шкртај многу.
Да не знае некој како ги бара македондки (виолета) да и бидат прераскажани лектирите ако знае нека пише
Па би требало она да ви каже како да ги обработите, може сменила нешто од пред три-четири години. Мене кога ми предаваше бараше прво да се има посебна тетратка за лектири, прво да се напише белешка за авторот, потоа да се напишат основни податоци за лектирата како идеја, тема, мотив, хронотоп, ликови и слично, а потоа детално да се прераскаже лектирата. Мене обично ми фаќаше севкупно по некои 4-5 листови од голема тетратка испишани од горе до доле од двете страни.
Што се однесува до професорите што предаваат на тие сега што се прва: Анита- супер жена, подобра од неа здравје, само што некогаш премногу зборува на германски(ама тоа и е работа), Билјана- многу добро објаснува, на двата јазика што е доста добро за тие што не се снаоѓаат многу многу во јазикот, Лиле- географија (JK-Карлеуша) многу бара, некогаш и надвор од учебникот, строга е, скоро никој од учениците на кои досега им има предавано не ја сака, Сузана- историја колку што знам од другите генерации дека е фина, добро предава, а за друго незнам, Надица- информатика цело полугодие ќе ве замара со C++, ќе работите цело време на компјутери и ќе дое тестот и ќе ви бара рачно да пишувате програми, ама нека не ве загрижува кај нејзе најлесно се препишува , Виолетка и Даниела- македонски е за нив стварно незнам, Жанина-физичко највеќе од се бара да и носиш опрема, на почеток на година ќе замара со некакви си вежби, трчање низ сала и сл. ама после лабаво, Верица- хемија добра жена, на почеток ќе ви се чини строга, ама всушност е многу добра, дава лесни тестови, и можеш да поправаш во секое време, таа другата по хемија колку што наслушнав строга била и многу барала, Весна- математика ништо не објаснува, а многу бара, Јасмина-математика многу тешки тестови дава, ама објаснува и е една од најдобрите професорки по математика во Георги, Данило-музичко лабав тип, некад знае да му текне да испрашува ама на крај сите ќе имате петки, Миле- музичко нешто као предава, дава тестови ама сепак фин е, Караѓозова- англиски за неа се збори не само во Георги туку и надвор од него, најозборуваната и најомразена професорка, зашто најомразена незнам, само треба да знаеш англиски, да не и се понашаш многу на часови, да бидеш по дотеран (нејќе бубалици) и тоа, Јулијана- француски фина жена, колку што знам многу ја сакаат децата, Мартина- германски никој не ја ферма, можеш колку сакаш да си збориш на час и никому ништо, ама многу е фина, и добро предава за тој што ја слуша, ако не ништо нема да научиш, Лидија-ликовно фина жена, ама многу си го цени предметот и секој час бара цртеж, ама и да и немаш однесено неколку цртежи а на полугодие и направиш икебана имаш загарантирана петка и други не ми текнуваат ако ве интересира за уште некој слободно прашајте
Јас имав во ред искуство со неа ама ми предаваше само една година.Ама како професор нема влакна на јазикот, знае да навреди и не размислува што збори.Исто многу гледа на изгледот ако си подотеран подобар однос има и страшно многу дискриминира.
Знам дека е таква дека ги понижува децата кои што полошо изгледаат.Тоа е неважно за мене едноставно карактер е. Сакав да прашам по кој критериум отценува? Децата во прва веќе се по 7-8 ми степен англиски, а добиваат единици и двојки.