Значи Караѓозова изгледа дека е кучка, ама воопшто не е. Не е точно дека ги гледа децата според парите и облеката. Секогаш е фина, само ако и стапнеш на нерв може да ти испоплеска се во фаца. Од неа може премногу да се научи, независно дали е за предметот или за животот. Ако си ги наредиш од почеток кај неа оцекните до крај мака ке си немаш. Тие што имаат 5 постојано и се активни на крај кога се прави годишниот тест ги ослободува. Жената бара само многу граматика, ми предаваше 2 години и сега покрај толку професорки неа пак ја барам. Незаменлива е!
Јас имам 4 кај неа ама имам шанси да ја поправам,дури меѓу подобрите сум кај неа,сите се жалат од неа,ама уште од почеток на година ни рече дека ако види дека знаеш не од 4,туку и од 1 може 5 да ти пише.Викаат и дека оставала на полагање.Сестрата на една моја другарка во основно е 4 година во 1 и 2 година и била класна и вели дека на крај на година сите и ги наредиле 5 само таа и ја остави 4.
Историја за тромесечие имав 5 а сега на тестот ако имам 4 што ќе ми стави?Ќе ми ја расипе или ќе ми ја остави 5?
A која ти е историја? Ако ти е Сузана, не верувам дека ќе ти ја расипе.Инаку ќе правите полугодишен тест?
Бидејќи хемија се мисли меѓу 4 и 5 денес правев поправно наставно ливчр на кој не верувам дека ќе имам 5 и велитењ дека дава шанси во секое време дали и после поправниот ќе ми даде шанса за поправање и плус усно подобро се изразувам.
Ако си кај Верица, веројатно ќе ти дозволи да одговараш усно ама доколку има време, а може и да ти попушти, се случувало и тоа А ако си кај друга професорка, не знам.
Епа после едно цело полугодие и јас ќе напишам нешто за професорите,односно моите први впечатоци во Георги: Виолета,македонски малку е смотанка,ама добра си е.На тромесечие имав 4 кај неа,а сега имам 5.Ама оцената не е толку битна.Таа големо разбирање има и не е толку стресно на час. Јасмина,математика е една од моите најомилени професорки,добро предава,добро објаснува што е најважно,само малку потешки тестови дава,за кого како,мене прелесни ми се. Светлана,англиски или попозната како Караѓозова,строга е,да,но не многу,добра си е жената,само треба да си активен и многу внимателен. Анита,германски,добра професорка е,некогаш претерува со зборувањето германски што за мене е нормално,бидејќи во таква паралелка сум,добро објаснува што е најбитно и од неа може многу да се научи. Билјана,германски бара од нас повеќе и тоа е многу нормално за нас,не е строга како што викаат и објаснува на двата јазика. Анке,Германката легенда е и ако нешто не ти е јасно можеш да ја прашаш на англиски,ама си прозборува некој збор на македонски,криво ми е што нема да ми биде во втора,бидекќи 2 години има склучено договор со Георги. Сузана Димитриевска,историја не е строга,бара дискусии и кога ќе ти даде домашно,мора да однесеш.И бара да знаеш се за Македонија.И со право,бидејќи срамота е да не ја знаете својата историја. Лилјана,географија строго оценува,ама добро објаснува и дава многу лесни тестови и не е многу стресно на час.Како што слушнав од неа и во Карев предава. Сузана Тунтева,биологија добро објаснува,се шегува понекогаш,само бара на некој поспецифичен начин да правите презентации и да бидете активни. Наташа,физика добро објаснува,само многу зборува на дијалект.Се завркава начас,ама често испрашува. Верица,хемија добро објаснува,изгеда строго,но не е строга,големо разбирање има,само предава на многу висок стил.Само денес многу ме изнервира. Надица,информатика малку е смотанка,ама фина е.Не е строга за оценување. Маријана,ликовно си оценува во зависност од расположение,ако сакаш да поправиш,мора да правиш тест. Марјан,физичко ѕверка човеке,подобар класен-здравје.Прво полугодие замара со некакви вежби,после лабаво. Данило,музичко лабав тип,на тромесечие испрашува,никогаш не пишува единици и на крај си имаш 5.
Еве ме.Сакам да прашам нешто денеска правевме квантум на заокружување ама имаше некои зезнати прашања,ако добијам 4 на овој,а и проект имам дали ќе ми ја расипе оцената? Едит:Кај Виолета сум.
Ја сакам да прашам нешто, имам братучедка со долго време иде на музичко нормално сака средно музичко ама нејзините не и даваат, демек што ке биде со музичко и бла бла муабети, и ја убедуваат да иде у Георги, и јас за да ја утешам и реков дека професорите по музичко во георги многу работат со децата,имаат хор оркестар и дека пак би била во допир со музиката. Па сакам да прашам кој е професор и како работи ?
Па јас сум прва година средно,музичко ми предава Данило,а инаку во прва нема хор,оркестар,тоа го има во втора мислам дека,ама не сум сигурна,а во трета може да си одбере ЈУБ.
Здраво на сите. Ке може ли некој да ми каже како е процедурата за запишување во германската паралелка, што се полага, има ли голем интерес и сл.
Не е строго. Престанете да ги слушате таквите трач муабети. Онака е како што ќе си се поставиш ти. Како ќе ги поминеш сите 4 години, зависи само од тебе и од никој друг. Ова не е само за во Георги Димитров ,туку е за сите школи, секаде е исто.
A dali ima druzenje,kakvi se decata vikaat deka tamu e elitata i se mnogu voobrazeni.me interesira i za germanskata paralelka kako e?
Јас од малата немам негативни искуства од таму. Секаде треба да се учи, ако си дружељубив лесно е и за дружба. Еве сега се возикаат накај Охрид и колку што слушам по телефон се забавуваат.
Многу сте ми интересни со муабетиве елита, богаташи, шмизли.. Боже господе. Ако слушате такви муабети и ако се водите по нив, поарно никаде не се ни запишувајте! Секоја дружба, секое пријателство, секоја оценка зависи само од ВАС!
a dali bi mi predavala taa Karagozova i taa germanski nekoja mnogu stroga bila.Neznam koj smer e najdobar dali matematicki ili germanskata paralelka
Математички смер имаш во трета година и подобро е да се запишеш во германската паралелка. И воопшто не е строго како што велат. Секоја оценка зависи од тебе. А на тебе @ludimisli ти одговорив на пораката и во пријавата треба да наведеш дека сакаш во германската паралелка. И јас сум германска и за професорките можеш да ме прашаш. А што се однесува до интересот за германската паралелка, во последните три години многу е голем и токму затоа мора да се полага приемен.