Не е опасна воопшто.Многу лесни тестови дава и ја цени активноста на час.Кај неа можеш да научиш многу за животот и за јазикот.Мене таа ми предаваше сега во прва и ништо лошо не можам да кажам за неа.Само бездруго да носиш учебник.Шансите да ти се падне таа се помали,ама сепак постојат,а поголеми се шансите да ти се падне Јасна.И таа е супер.Имавме еднаш час со неа на замена,кога Караѓозова беше отсутна и прекрасна е.А можно е да ти се падне и Билјана Велкова(го кажувам презимето,зашто има две Билјани по англиски).Значи се е можно не сакам да те излажам. Вака,и јас сега завршив прва и мене ми предаваше таа.На почетокот немав којзнае колку добро мислење за неа,ама во второ полугодие го сменив мислењето.Тргнав од 4-ка,а завршив со 5-ка.Велите дека вашата ќерка е 7-ми степен и е најдобра во групата каде што е таа на курс,а и остава 3-ка.Можеби тестовите не и биле добри,затоа.Не знам што добивала на тестовите. Па вака за германската паралелка нема посебни екскурзии.Јас сум во таа и во прва и во втора година има факултативни екскурзии,и низ Македонија и во странство,годинава бевме во Будимпешта,требаше и во Италија да одиме,ама заради бојкотот не отидовме,Исто така има и една дводневна во Охрид.И во трета има една задолжителна мислам дека во Прага се оди.Ама не знам што ви се толку битни екскурзиите?
Никаде не наведов дека ми се битни екскурзииите,прашав од причина бидејќи не знаев дали германската билингвална има исти екскурзии како општата.Доколку одам во германската паралелка ми е битно да го научам и совладам јазикот подобро,а не да се замарам со екскурзии.Ти благодарам на одговорот.
Немој веднаш да се распламтуваш,не те посочив конкретно тебе,туку општо за сите кои се на твоја возраст пред да се запишат во средно прво прашање им е кај се оди на екскурзија еве конкретно за Георги имаше најмногу предрасуди дека немало екскурзии во странство и уште што не и викаат не одам таму зашто нема екскурзии,затоа реков така.Инаку знам што ти е битно.Секој што е во германската паралелка има иста цел каква што е твојата.Инаку се друго што те интересира во врска со паралелката можеш да ме прашаш и тука,ама најдобро во ЛП.
Da ve prasam za vo germanskata paralelka do kolku trae nastavata i dali sekoj den imate po 8 casa.Imate li vreme da se postigne sve so ucenje
Бидејќи јас сега завршив прва година и германска паралелка бев,секој ден имав 7 часа,само еден ден имав 6 часа.
Здраво. Бидејки оваа година бев полуматурантка требаше да одберам средно каде ќе се запишам. После многу мислење решив да се запишам во Георги гимназискиот општ дел и ме примија мегу првите во списокот. Бидејќи до сега лектирите ги читав преку летен распуст за да бидам по слободна преку година така сакам да напраам и оваа. Па сакав да ве прашам дали лектирите се различни кај различни наставници бидејки колку што читав погоре има повеќе наставници по македонски или кај сите се исти? Доколку ги знаете ве молам да ми ги кажете.
Вака колку што знам лектирите кај сите професори се исти, во Георги има 5-6 професорки по македонски јазик, кај секоја професорка различно се обработуваат лектирите, ама ако ги прочиташ верувам ќе немаш проблем. Најмногу внимание обрни на Шагринска кожа, најобемна е и често се паѓа на матура
Нешто плус за германската паралелка, Прва година е многу лесно, ама тешкотиите доаѓаат во втора, кога треба да се подготвуваш за испит и сл., а истовремено имаш и за одговарање, тестови во врска со другите предмети, битно е да се подготвуваш на време, бидејќи ќе ти се насобере многу материјал... Испитот не е толку тежок колку што кажуваат, најтежок е усниот дел, бара многу подготовка и добро знаење. Исто така друга работа е тоа што втора година е многу многу потешка од прва,а ти секој ден имаш седум часа и еднаш осум. Во врска со приемниот не се секирајте многу, најважно е да немате паника, бидејќи можете да згрешите, ама и да не влезете во германската, и приемниот е едно искуство. Колку што слушнав приемниот оваа година ќе биде на А2 ниво, па така можете да видите и некои тестови на интернет од А2 ниво за читање и разбирање (Leseverstehen), како овој на пример http://www.bva.bund.de/DE/Organisat...oad_modellsatz.pdf?__blob=publicationFile&v=1 Се надевам ви помогнав, многу среќа на приемниот
И официјално примена сум во Георги во германската паралелка Единствено нешто што ме интересира е кои ќе ми бидат професори,но ќе си почекам до септември
Честито,многу ми е мило што сте примени,епа вака:германски во прва и во втора година ќе ви предаваат Билјана Пејовска(има уште две Билјани кои предаваат англиски) и Анита,во трета Билјана и Мартина,а во четврта само Анита,од Македонките,бидејќи ќе имате и професор/ка од Германија.Така е секогаш со германските паралелки,а бидејќи и јас сум германска,втора година ќе бидам во септември така ни кажаа Билјана и Анита.А за другите почекајте си до септември,зашто ние можно е да ви кажеме едно,па после да ви испадне сосем друго.
На ќерка ми Караѓозова и остави 3 во прва иако сега ќе запише 7-ми степен англиски курс. Сите други отцени се реални.
Не е секогаш така со германските, но вообичаено во прва предаваат Анита и Билјана, еве сеа од септември ќе бидам трета и нема да ми предава Билјана,туку Анита и уште една проф. по Германски. Иначе колку што разбрав нема да има Германец/ка оваа година, ама сеуште не се знае
Дефинитивно колку што имам слушано од другари/ки(не само на тие што сега завршија прва) на коишто до сега им има предавано Караѓозова, сите ми имаат кажано дека многу оценува по изглед, но на крај ако се докажеш може максимум една оценка да ти "попушти", сепак ми нема предавано и не знам
Да не знае некој кога ќе бидат објавени списоците за во кој клас ке бидеме ние што сега ќе бидеме прва година?