1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Сакам да слушнам ваше мислење за гимназијата Јосип Броз - Тито во Скопје.
    Дали е тешко, лесно, какви се професорите и учениците таму? :) :*
     
    На Eli4ka7564 и AHHii им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    зависи која генерација си, и кои професори ке ти се паднат. Ама, во секоја генерација има 1-2 зезнати, па така ке мора тие предмети дупло да ги учиш.
    Во глобала, не е многу тешко за учење, ама во тоа школо имаш многу дигнати, богати, препотенти, сезнајковци кои имаат КАБЛИ и поминуваат онака без учење така што најверојатно таквите ке те нервираат (доколку и ти секако не спаѓаш во гореспоменатите)
     
    На Tete Capdevila и jumpermkd им се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    хахахахах не не! Не спаѓам во тие :)
     
  4. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    Ако си запишана сега, што значи во 2010 година, мислам дека повеќето ти се добри професори. Важно по географија ти предава легендата Коле, ако не грешам. :lol: Кај него нема ни малку да учиш, а за крај на година оцена ќе ти става на прашање од типот: "Дали веруваш во Дедо Мраз?". :rofl: Значи кај него немаш проблем :) Останатите не ти ги знам. А што се однесува до децата таму.. Има деца кои цел живот се кријат позади мама и тато и ништо (под ова ништо се подразбира АПСОЛУТНО ништо) не учат, а на крај пак први ќе ја поминат годината. Сепак, не се секирај толку за нив, поминуваат и тие што се без врски ;) , само што ќе треба да го практикуваш тој континуиран начин на учење. На час не прави многу галама и се ќе биде океј. Мислам дека сите деца кои влегуваат во ова школо, сакаат засекогаш да останат. Школово ствара многу нервози поради учењето ама на крај.. кога ќе се разбудиш од спиење, пак сакаш да учиш САМО таму. :) Има некоја енергија која те привлекува и те тера да заборавиш на сите проблеми со учењето и да се посветиш на животот, на луѓето таму. Се на се, и покрај приказните дека во ЈБТ учат само шмизли, татини ќерки, мамини синови итн итн итн.., друштвото тука е на достојно ниво. Бар гледано од моја страна. Децата се дружељубиви, се запознаваат, комуницираат и повеќето би ти помогнале што и да ги замолиш ;) Има сега тука едно мало проблемче. Ги запозна Турците? :D Зошто буквално сите Македонки вени сечат по нив, па мислам дека нема да бидеш поштедена ни ти. Причината ти е едноставна: Толку се идентични со Македонците, убави се, воопшто не личат на Турци (се додека не ти прозборат) и секогаш се фини, џентлмени итн итн итн.

    Поентата ми беше: ЈОСИП БРОЗ ТИТО Е НАЈДОБРАТА ГИМНАЗИЈА ВО СКОПЈЕ, ПА И ПОШИРОКО. Знаењето што го пружува сепак ќе ти послужи еден ден ;) Ќе дојде денот кога ќе викаш: ЈАС ЗАВРШИВ ВО ЈОСИП БРОЗ ТИТО! :clap:
    позз 8)
     
    На Евроазија, Monythecat и Estelle им се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Хах и јас планирам да се запишувам во ЈБТ следната година, значи сеа сум осмо. Братучетка ми ми вика абе не ги слушај шо ти викаат маркирано било, вакво такво они или љубоморат шо они ќе идат у Моша или у некое пропаднато школо а ти ќе идеш во добро школо. Ми рече дека за тешко - тешко си е, средно е и мора да биде. Ама ако седнеш и здраво научиш нема да имаш проблеми. И професорите не биле толку лоши.. А за ова со турциве потполно се согласувам. :D Баш се идентични и изгледаат ко џентлмени.. ама коа подобро ќе ги запознаеш повеќето испаѓаат тешки сељаци и цело време ќе те лажат ( шо да праиш турска работа, али ова се однесува на мнозинството не на сите. :D ) бар не се ко албанците освен исклучоци, да ти се закануваат и да ти праат проблеми. Среќа :) Епа сеа мене со среќа нека ми е следната година. :)
     
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски

    Да дојдеш во ЈБТ зошто е преубаво. :) За тешко е ПРЕМНОГУ тешко - особено прва година кога треба да се докажеш кој си и што си... Совет од мене: учи сега тоа што го имате во школо (материјалот од 8мо) дека скоро се се повторува на почетокот, а ако немаш предходни знаења - верувај многу ќе ти биде тешко и напорно. Се каам што не си учев на време (во осмо) па сега треба за некои работи да тупам глава одново. Особено обрни внимание на македонски (писмените работи) дека во нашето училиште до осмо писмените се правеа колку да се рече... :x а сега бараат и убав ракопис, пасуси, одреден бр на зборови (притоа на крајот на текстот да ти пишува колку збора имаш употребено) воведен дел, главен дел и завршен дел поделени во пасуси со тоа што во главниот дел да имаш неколку потпасуси, да обрнеш внимание на јазикот (т.е. во прашање ако имаш „зашто“ наместо „зошто“ се одзема бодови и можно е само ради тоа да се падне една оцена подолу :( :worried: ) И испрашувањето не е само на граматика и сл. туку и анализирање на делата и лектирите (АНАЛИЗА не е исто со ПРЕРАСКАЖУВАЊЕ!! ) за прераскажување на делата и лектирите можно е и да се добие оцена 2 а ако добро ја анализираш, т.е. со добар стил, сопствени мислења и ставови итн се добива ПЕТКА :) Барем кај мене е така, не знам кај другите како е...
     
  7. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    836
    ^ Секаде е така ако раскажуваш некое дело погоре од двојка не пишуваат на писмена или на повторување, до душа кај нас и при анализа едвај 5 се фаќа, една до две петки во генерација за писмена работи се пишуваат и тоа не чиста петка туку 5 на 4.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас имам читано дека имало премногу лигушки површни таму. Незнам колку е точно :)
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    ^
    Се зборува дека има многу шмизли ама не е така.Како во секое школо така и тука. :)
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Таков глас ја бие гимназијата, а тие лигушки можеш сегде да ги најдеш ;) И во мое време имаше такви ама имаше и многу интелигентни и талентирани ликови кои си го живееја својот живот и површни работи не ги интересираа.
    Јас си ја сакам и веќе еднаш имам спомнато дека тоа ми беа најубавите години, времето поминато таму, а другарите од таму до ден денес ми останаа блиски.
    Не знам колку од професорите останале до денес. Јас кога учев најомилена ми беше Ѓурчиновска, англиски и англиска литература предаваше. Таа како што не научи англиски и воедно ни влеа љубов кон литературата, како никој досега!
     
    На Bebe57 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Јас завршив во ЈБТ, |( во еден од најелитните класови во мојата генерација.
    Имаше многу лигавење, озборување, афери, скандали со родители :D , децата како и секаде - некои уфилмани, некои нормални, некои плачковци...

    Едно знам - ЈБТ е дефинитивно залак повеќе од било која скопска гимназија.
    Ќе ви требаат живци, како за соучениците, дупло повеќе за професорите.
    Јас ја имав "среќата" да ја начекам Ружа историја 2 години класна |( , како и озогласената Калајџиева по хемија :devil:
    Кој е од ЈБТ ќе знае за што зборувам.

    Немам убави спомени од средно, зашто не се ни потрудив да имам.
    Едноставно одбивно ми беше, не одам ни на тие happy reunions, јас едвај чекав да завршам за да подишам раат на факултет.

    Ако се запишете во ЈБТ и учите за 5ка без врски, знајте една работа: Книга на факултет нема да имате потреба да отворите.
    Ќе бидете многу чекори напред пред сите други со знаење.
    Тоа е неоспорен ФАКТ, децата кои учат и поминуваат без врскички, од ЈБТ излегуваат страшно добро "потковани".

    Посебен поздрав упатувам до професорката Дијана Дерменџиева по македонски јазик и литература, која има се' што треба да поседува еден педагог. Само пофални зборови имам за неа. :)
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Еве ви еден виц што го знам за познатото Џеј Би Ти хајскул:

    Ја пратил Господ Дева Марија на земјата, да ги среди малку шмизлите во Јосип Броз. Поминал еден месец, два, три, година... Дева Марија никаде ја немало да се врати и да каже дали операцијата била успешна или не. Го замолил Господ Свети Петар да појде да види до каде е и како напредува.
    Кога отишол Свети Петар на земјата, ја видел Дева Марија седната на една клупа со огледалцето и сјајчето во раце и и‘ рекол: „Аман мори Дево Маријо, па Господ те прати на работа! Што си седнала тука?“
    И Дева Марија му рекла: „Слушај Пепи, кажи му на Гоки дека ја више горе - no way!“
    :D
     
    На Dream-Girl, blackpanter, matea2331 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас ништо асално немам слушнато за гимназијава. Само муабети дека ку*вичиња и лигли учеле таму(Е не се вреѓајте де одма, така сум слушнала), а и девојчиња што ги знам што учеле таму не ми ја поправиле сликата.
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Доста бре, ме извадивте од памет хахах :D Мене македонски додуше добро ми иде а посебно литература и пишување состави, ама основно ко основно не не тинтраат многу, што се вика повеќе-помалку по сите предмети си поминуваме онака, сеа има некои строги наставници ама не толку - затоа коа ке тргнеме у средно све каша попара. оваа македонски шо ни е, секад ни касни на час, еднаш годишно ни дава тестови и сл. и после у средно шо не чека, мајко моја. ама јас сепак не си се откажувам од ЈБТ, си иам и братучетка и другарка таму а и ваљда ке најдам некое асално друштво. позздрав. :)
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    И да дојдеш Блу. За убаво - мене ми е многу убаво. :)
    Па еве ќе ме имаш мене ако нешто ти затребам :) ;)
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Хах, епа ај фала ви на сите за советите :) А инаку фала ти и тебе Лејди :) Поарно да си идам во гимназија, него да отидам во Моша или некое друго пропаднато школо или па некое што не ми лежи на срце, а ти беше прва сега така ? ;)
     
    На AHHii и SexyLady им се допаѓа ова.
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    ^ Да прва сум :)

    извинете за офтопик :(
     
  18. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    КОЛЕ ЛЕГЕНДА! Најдобар професор. Никогаш нема да му ги заборавам оцените со сателити.
    Потполно се согласувам со се што е на пишано во постов.
    Најубавите спомени ги имам од оваа гимназија.
     
    На GlamorousGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Чичко ми би рекол: Уште во наше време се знаеше дека најубавите девојки се во ЈБТ. Сите машки од Орце, бркавме девојки од таму. :D
    Шала на страна, школото има таква репутација, а вистината е дека секаде ги има тие лигушки или тн.шмизли.

    Искрено ќе кажам, дека гимназијата не е тоа што беше, или била. Не само до составот на ученици и професори, туку и до квалитетот во образованието што го нуди. Погоре прочитав некој напишал дека ако учиш солидно за 5 во ЈБТ, ќе бидеш јак студент....па, и не е баш така. Во секој случај јас сум релативно задоволна од образованието стекнато таму.
    Дисциплината не е баш на ниво, ниту критериумот за строгоста. Секоја недела пријавуваат бомба, секој натпревар значи неучење, секој празник се дуплира...така да искрено, уживав во средно! Не учев многу, имав намалено поведение секоја година заради изостаноци, а сепак бев една од најдобрите средношколки во мојата генерација која ја знаеја сите професори.
    Убави денови...и златната Piazza Liberta од спротива, буквално слобода!

    И Пирамидке морам да ти кажам дека и мене Ѓурчиновска ми беше професорка, и тоа омилена. Со душа го чекав секој нејзин час. Сеуште сум во контакт со неа, и чисто онака, да ти кажам дека роди ќерќичка. Просто ја обожавам жената, а ретки се таквите профсори.
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не само учениците турци...туку и турските професори.
    Само толку ќе кажам :tmi:
     
    На AHHii му/ѝ се допаѓа ова.