Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    И како е у ЈБТ сеа? , има ли нови професори ?


    преживеавте ли :?:

    прва година ако ја издржите ,после е ресана торта ..

    Што се буните имате најдобра сала за одбојка , кошарка и фудбал у цело маало :lol: :lol:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Срце е :) Плус е многу добра и знае да научи и објасни. Најдобра од сите таму по француски што беа.
    Ма, жена и пол на место. Ептен ја почитувам.

    Дајте бе уште некоја новост за ЈБТ - две страни за хамбургери зборите, да се потсетиме и ние од времето на „јас сум Бранка Станковска - а вие гледате вести на Македонската радио телевизија Скопје“ :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    ^ Пирамидке оваа година почнаа да ни пуштаат и музика на разглас, значи нели имаме и радио JBT и од тоа пуштаат на голем одмор. Многу е јако зашто понекогаш го пуштаат 5-6 мин пред да ѕвони, па ако некој испрашува знаеш дека ти се многу драгоцени тие 5 минути како било да поминат - само да не те испрашаат. :!: :D
    Друго што да ти кажам, мислам дека скоро цело школо пуши, ако не барем 65% од учениците, па порано нешто како им забрануваа во двор, ама гледам професори поминуваат некои само ќе ги опоменат - „Излези надвор, во двор со цигари не!“ и толку, а лани знам ги казнуваа тие што ќе ги видеа.
    Претпоставувам и во твое време имало барем еден млад и згоден професор :wasntme: :D па така и сега - информатика имаме нов професор - Оливер, затоа што Аце Јосифовски го избркаа (не знам дали знаеш) даваа и на телевизија и по весници, демек бил во некоја секта за Бог и им зборел на децата глупости (според мене баш си беше фин типот, ништо лошо немаше, само што си живееше така во некој свој свет) - замисли за домашна ни даваше да ГИ ПРЕПИШЕМЕ ПРАШАЊАТА од учебникот - не да ги одговориме, туку да ги препишеме (а кој сака и да си ги одговори) :D
    Да се навратам на Оливер, секое девојче во ЈБТ лудува по него :D Многу е познат! :!:
     
    На Phyramide и blueeparadise им се допаѓа ова.
  4. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    ЈБТ..најсрцка школо...шо би дала да се вратам таму :*
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508

    Ааа, епа сега за чизбургери ќе почнеме. :lol: Се шалам. Инаку, Пандорка стварно срце жена е, ја гледам колку се обидува да ни објасни, од петни жили се труди а повеќето не ја ни слушаат. И во право е за тоа дека од основно доаѓаме со минимално знаење по француски, па дури и никакво.. и знае често да ни рече, ама деца со претпоставка дека имате макар минимални предзнаења, да не ви го кажувам ова а ние сите пребледени ја гледаме, незнаеме за што ни зборува. :D

    Аа да, и јас приметив дека ни пуштаат радио на голем и одиме со другарка на кај бифе и си викаме, еј која песна и такви си фативме да си пееме. :D Еех, ова само во ЈБТ има. Кога се запишав, првите денови од септември се каев и сакав да се префрлам во Георги или не знам ти таму каде ама со еден месец поминат во школово ми станува се помило и помило. Имам ептен откачени професори/ки, некои добри, некои лоши ама со лошите е и најголемата забава. Па, кога и се тресевме на Олгица на час а после сме се смееле како сме изгледале, како покиснати глувчиња. :lol: Па кога имаме 4 часа во петок (вака ни во основно не сме имале) па останувањето до 6ти и 7ми, зезајќи се во двор со кој помине, па седењето со Никола.. (што е тој, домар, хаус мајстор)
    И да, во право е Секси, скоро цело ЈБТ пуши. Не за џабе биле муабетите. А не сваќам што им е толку интересно во тоа, според мене многу одвратна навика е.

    Туку, незнам зашто сите збореа за Љубица дека била ѓавол, ваква-таква била жената, до сега се покажа сосем нормална.. или пак ние сме ја начекале во добро расположение. :D Јесда не испрашува секој час ама не е така застрашувачка ко што ја зборат и до сега има ставено три оценки, на двајца кец им стави зашто цело време се заебаваа што се вика а на едно девојче петка, дури чудно ми дојде Љубица така лесно да стави позитивна оценка.

    Ии ако на некој му предавала Олгица хемија, да ми каже како полесно да поминам кај таа, какви тестови дава и слично.. зашто на минатиот час на едно девојче му стави кец и на уште еден двојка а добро знаеше. Страв ми е од таа. :worried:
     
  6. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Истото и ние за Љубица го коментиравме со другар, сите ја зборат ваква-таква, а до сега многу фино се покажа. Кај нас ни кец нема ставено, ни ништо. Затоа пак на нејзиниот клас 10 кеца во дневник пишала.

    Инаку ново во ЈБТ: ја реновираат салата. Еден час вежбаме, три не. Деновиве ги рушат соблекувалните и прават нови, па ќе видиме што ќе испадне. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ти очигледно не си запознаена со фразата "секогаш е мирно пред бурата"
     
    На blueeparadise, Doozy, starfish и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Абе, па и на нас ни пуштаа музика за големи и мали одмори бе! Јас се сеќавам дека со тостовите и со раперски раце влагавме во клас еден по еден на Dr Dre - Keep Their Heads Ringing пред да ѕвони :emo:
    И секако I Got 5 On It.

    Па мислам овај, шема сме биле и ние бре! Е не! :D

    Туку за Пандорка веќе си реков, жената има одлични знаења и знае да ги пренесе, ама ако некој не се интересира за јазикот и одбива да го учи, џабе му е. Јас бев презадоволна :)
     
  9. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Секси, убаво да си поминеш на екскурзија ако одиш. :)

    Сега само ние ќе бидеме во смена цела недела. Сами во школо! :rock:
     
    На SexyLady и blueeparadise им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Eej, незнам зашто сите ме плашеа демек многу било тешко да се добие позитивна оцена во ЈБТ, вакво било такво било.. Па јас до сега си имам плусче по информатика и две петки, англиски на диктат и македонски на испрашување ,јесда она 5- ми стави ама сепак се смета за петка де. :D Не е дотолку тешко, ама треба да се фати работата сериозно уште од почеток.. јас малку не го послушав тој совет па малку заостанав, ама полека-полека стигнувам со материјалот. :) Единствен проблем ми се физика и хемија.. незнам што ќе правам кај Олгица, а физика онака просто ми е одбивен предметот.
    Ама колку и да е фино, лошото е што до сега си уживавме и сега наеднаш почнаа да ни закажуваат тестови, испрашувања и слично. :worried: Туку, нели се сложувате да ни дадат распустче едно? Доста ни беше, да се одмориме малку. :lol:
     
  11. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    ај некој да ми каже дали Ирена математика дава шанса за поправање од тестот..на пример имам 3ка и дали ќе ми даде шанса да поправам.Уште не ни ги дала тестовите ама јас да си прашам :D
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Ааа знаете ли што? :)
    ЈБТ е избрана како една од најелитните средни школи во Скопје да се натпреварува со навивачки групи. Утре девојчиња избрани :mm: од 2ра година ЈБТ ќе навиваме на утакмица по ватерполо и ќе се натпреваруваме со Корчагин и Орце.
    Директоркава ни вика мора да бидеме најсекси затоа што нашево школо е познато дека е школо на шмизли. :D Комедии... :D
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Може некој да ми каже нешто повеќе за Славица германски ?? :?:
     
  14. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Мене ми предава Славица. :)

    Не знам зошто, ама ми делува како изгубена во просторот и времето. Часовите до сега ни поминуваа колку да се рече, ништо не правевме. Арно ама, вели дека за тестовите била многу строга и не попуштала оценки. Колку е точно ова ќе видиме понатаму, со оглед на тоа што сеуште ги чекаме резултатите од тестот што го правевме. Сите бевме шокирани кога го видовме тестот бидејќи најголем број од зборовите не беа учени, па не сме баш оптимисти.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Прашање:
    -Дали има компјутери во ЈБТ и дали работат? Дали воопшто ги користите? :)
     
  16. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    ^Има, ама освен во информатика, пуштени се само во некои кабинети. Нас не ни се пуштени, па не ги употребуваме, за другите класови не знам. :)
     
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Ние имаме ама не работат воопшто, сите се испокршени и испорасипани. Во прва ни работеа ама од другата смена што беа ни ги расипаа и сега само ни служат така за препишување. :D
     
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Јас вака да си прашам нешто, околу одредени професорки. :)
    Ме интересира за кај Љубица географија дали има можност за поправање (имам 4ка кај неа) , ама до тромесечие? Зашто сите секој час ја прашуваме дали може да поправаме следниот час и она со онаа насмевкана нејзина, може ученици, се може и следниот час пак ништо. |( И ќе ни рече требала ем да предава лекција ем да ги испраша тие на кои им нема ставено оценка. А до сега кај нас има паднато многу кецови, ама зачудувачки од неа што последниве часови е во добро расположение, па стави едно 4-5 петки. :?:
    За кај Славица биологија, на наставното ливче имав 4+ и тоа ненајавено беше, а сите други имаа послаби од мене, и на проект добив +. И ме чита мене, ми вика 4. Па барем да ме прашаше нешто, да види дали знам, дали незнам па после да ми става оценка. И сега, има поправање кај оваа до тромесечие, за тест ништо не ни спомна.. незнам што ќе се прави кај оваа.
    Ии, за на крај, Олгица хемија. Сите ме заплашија дека женава терор врши е*аго :D , а богами да, прилично страшна е на испрашувања а пак кога ќе те дигне на табла.. е тоа е тресење. А за објаснување топ е жената, да ама ќе правиме тест во вторник па дали може да се препишува кај неа, дали има можност за одговарање, поправање, ова-она? Ми имаат кажувано дека на тие што биле трета година минатата година (така мислам беше) на цела генерација слаби им испоставала и само двајца од генерација имале 5ки. :o Па се жалеле родители, на совет била пред отпуштање и на крај морала да им стави на сите 4ки. Не ми е јасна малку работава ама ајде.
     
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Кај Сековска биологија на контролно ливче тешко да се добие 5ка (многу се обемни и има многу за пишување а малку време), многу строго оценува на ливчињата, ако немаш и малку допишано 4... :worried: Ама затоа после лесно се поправа со усно, одма пријавувај се кога ќе земете нова лекција да ја повториш следниот час си забележува и после кога ќе те испрашува целосно тоа нема да те праша па така помалку ти се фаќа ;) (јас прва година прво тромесечие имав 4 токму поради тоа глупаво контролно: немав допишано една реченица за размножување и добив 4... :worried: а замисли имавме 5 прашања од кои едното беше размножување: се’ за размножување, а тоа е општо за тоа, видови: посебно за полово и посебно за бесполово, посебно за растенија и посебно за животни.... :worried: и тоа толку многу за пишување а малку време...) Инаку кога испрашува усно супер испрашува, потпомага и потсетува ако не ти текнува а исто така и дозволува ако ја прашаш да ѕирнеш само во учебникот како беше да се потсетиш. :)
    Добра жена е, не е злобна, ама и мене лично и на мојов клас многу ни е страшна покеногаш, особено кога не е добро расположена.
     
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Имаше во мое време (пред година ипол..)

    И тоа ни стави забрани на пола од страните да ги посетуваме на интернетот .... ( јутуб...порно....чуда)


    нажалост , хакери се хакери и успеавме со тајни лозинки да се пробиеме во системот и да ги откриеме , забранетите земји :!: