Кај нас имаше три прашања, првото за градба на растителна клетка (тоа кај мене) за излачување и за размножување. И за размножување скоро се напишав, стигнав некаде до тоа дека бебето се исхранува преку плацентата и заѕвоне. И кога ни ги даваше, сум згрешила само за тоа од каде се исфрла мочта и место 46 хромозоми дека има, јас сум напишала дека има 49. А баш се надевав на петка, ама ајде. А за испрашување, па и не потпомага баш, испрашуваше едно девојче за да му стави оценка и оваа скоро се знаеше, малку се збуни на едно и оваа само ја гледаше и ништо не и рече, не ја потсети. И накрај 4 и стави. Ќе гледам викендов ако стигнам да повторам малку биологија, ако ме праша нешто да знам. А значи сега четворкава нема поправање, така? Зашто колку што знам не може да стави повеќе од една оценка во графата или? Инаку да, се гледа дека не е злобна и дволична ко географија на пример ама кога е нервозна, е тогаш е стварно лошо. Ние нешто и рековме и оваа кога фати да ни се дере, па вие се слушате ли што зборувате, мене будала ли ме правите и еднаш на едно девојче што ништо не правеше, онака баш мирна беше и вика ти цел час зборуваш, ајде престани ти се молам и оваа фати да се брани, место да и речеше извинете, професорке и оваа кога се разлути Сековска, ле-ле! Океј е, ама си има повремени испади така.
Па мислам дека после тромесечие ќе можеш да ја поправиш, порано не. Едно зашто нема време и има други за испрашување и друго тоа што не може многу оцени да става во графа... Ама сега на почетокот е строга и не помага, после ќе видите ќецовите ќе ги моли да поправат - буквално... не сака слаби оцени да става.
^ Аа Розич, остај не ми збори. Туку, како и да е не да се преубави, значи ги споредувам турците и македонците.. турциве не да се поубави од македонците. Си најдов еден, сега он ми е следна цел за освојување.. го користам цело можно време што го имам на одмори да излезам надвор или доле за да си го гледам. Туку, јас пак да си прашам нешто.. овојпат за Надица физика. Зашто не одам во школо, ми кажаа дека на тестот сум добила 3ка, и оваа зашто сум имала минус во тефтер ми ставила 2ка. Леле, ми одеше да отидам и да ја убијам! А совет е во вторник, а јас физика имам во среда, и сега поправање амин. Што ми требаше да го добијам тој проклет минус, штоо?
За Надица имам кажано неколку пати. Поголема беља е да не одиш на часови, иако и се премногу досадни, знам. А тие минусите што ги става во тефтерот, се добиваат кога ќе ти лупне рандом прашање и нема да го одговориш. Ама страшно знаат да се зезнат за оцена. Јас имам одено на дополнителен тест, за да си поправам оцена од тие проклетите минуси. Вас ви спомнала за такво нешто како дополнителен тест?? Или контролни прашања? Гледај да си ја поправиш оцената кај неа и оди замоли ја уште следниот час. Тоа го цени. Друг совет, немам.
Јас и немам избегано ни еднаш на Надица, немам ни зашто. Ама тогаш ме фати неспремна, а и тој ден имавме други испрашувања а мене физика секогаш ми е на крај памет за учење и ме праша да сум и пишувала формули некои си и задачи да и решавам и и' реков дека незнам најискрено и ми стави минус. А за дополнителен тест мислам дека ни нема ништо спомнато, а за ова време додека не одев во школо децава ништо не ми кажаа за такво нешто. А патем, тоа дополнителниот тест каков е? Тежок е?
Дополнителните тестови обично содржеа две прашања со раскажување лекции, и една задача со средна тежина. И во зависност од тоа колку сакаш да поправиш, толку решаваш. Да не те лажам, можно е само на мојот клас да ги даваше тие, зошто класна ми беше. Не знам дали кај другите така практикувала.
океј..значи може некој да ми ги опише ликовите од Шагринска кожа?? за оваа недела ми се а презафатена сум и со други обрски надвор од школово и немам значи немам време да ја читам..ве молам..
Ве читам и ме фаќа носталгија за школово. Аххх...колку само беше убаво во ЈБТ. Се би дала да се вратам пак. И да...вчера си го сретнав класниот ДАСКАЛОТ, срце е...му викам професоре како новиве генерации, а он ми вика како вас немало ниту пак ќе има Така да дечки учете си, наредете си 5-ки од почеток, после е многу лесно!
А женски, го знае некој Јосип или Јосиф како и да е, по англиски каков е добар, лош? Зашто ни ја заменија Маја со него и тоа до крај на година, као демек оваа на боледување била.. што јас воопшто не верувам во тие приказни,ама ај.
Дали има некој од прва година што му предава Ирена математика и што бил 2ра група на наставното ливче,ми требаат задачите од оваа група за вежбање,па ако сака да ми ги прати во приватна порака Фала однапред
еј..и ја сум прва..абе чоекот супер е нешо ако не ти е јасно ти го објаснува...а не ко Маја..таа само дрдори и ретко кој а сваќа...иначе шо е со Маја? Земала боледување за цела година а ја глеаме низ град се шетка =.=
А која прва си ти, мора да си од француските зашто Маја не им предаваше на тие од германските колку што знам.. Инаку да, во право си. Онака делуваше ко изгубена во простор и време, не знаеше да го организира часот.. не знаеше да го среди класот, само викаше тишина, доста, тишина, доста. Аман жено! И така глупичка си беше. Него да, овој Јосип добар е, нормално си бара дисциплина на час ама супер објаснува. Инаку за Маја не верувам до крај на година боледување да земе, јас мислам нешто друго е во прашање.. имам наслушнато муабети дека предавала исто и во Корчагин, и ваква останав веруј и дека син и бил таму прва година,таму била и класна она па така да таму ќе останела, немало да предава веќе во ЈБТ.
Забележав, одамна немате постирано нешто ново околу гимназијата. Како е сега таму? Како иде со полугодишните оценки? Од септември дефинитивно ќе се запишам тука, па ме интересира дали знаете кои професорки би можеле да бидат класни раководители на прва година?! Премногу сум љубопитна околу гимназијата, едвај чекам да го завршам ова основно
Epa vo gimnazijava ni e mnogu super, i nema da zgresis ako se zapishesh tuka! Klasna mozhe da ti bide Irena po matematika...za drugi neznam... te ocekuvame od septemvri! Inaku zenski da ne praese nekoj hemija test(I va godina kaj Aleksandra) ili pak ako vo ponedelnik pravite, koj cas? D Jas pravam 4ti, i inaku sum I-4 ) pozdraaav [mod-kirilica:nb9yrutg][/mod-kirilica:nb9yrutg]
Љубица во мој клас поправи сколо пола и повеќе оценки ако имаа 4-5 ако имааа 3-4 ако имаа 2-3 ако имаа 1-2 1-3 па дури 1-4 иако јас останав со истата оценка :'( :'( :'( :'( :'( а маја има мало синче и не предава во Корчагин туку е на боледување оваа недела во средата бесе во школо, ние кога имавме физичко она дојде со синчето и си играа во слата