Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. dele

    dele Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Примаат ученици со просек од 60 до 80 поени,па сега ти пресметувај си го твојот и ќе видиш дали е доволен за упис во оваа гимназија :)
     
  2. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    ах јосип броз мил, злато вреди :)
    исфрустрирани и искомплексирани професори, ненормален сменоводител такозвани ТАКИС и секако легендарното обезбедување што го имаме од годинава, едноставно луѓето што ќе ги запознаете во школово се незаменливи!
    сега сум втора и не сум била во ситуација да зажалам што сум се запишала тука :)
    за учење многу не учам, учам тоа што ме интересира, другото колку да се помине, а лани си поминав 5.00 без многу мачење :)

    од професори можам да кажам дека ѓурчиновска е најнај значи во секој можен поглед, професорка која ја почитувам до небо, со која после часови пушам цигара, професорка со која кога ќе се сретнам во град ми се разубавува денот, а па на часовите? ауу. уживам. посебно ме сака пошто сите тестови ми се со сите бодови и едноставно не знам, си се поврзавме за литература коа ќе си почнеме муабет.. мх мх. ја обожавам.

    потоа најфер професорка и професорка која секогаш гледа да ти помогне да научиш вистински а и да добиеш повисока оценка - кате математика. значи професоркава е срце, немам зборови. кје ти даде поправен на поправниот на поправниот ако треба само за да извадиш двојче. и многу е желна да ни го пренесе знаењето.
    значи овие две засекогаш ќе си ги сакам:)

    е сега други ми предаваат и
    ксенија хемија (добра професорка, бара работа и дисциплина, помалце ја мрзи да предава па ќе треба повеќе труд пошто бара знаење)

    надица физика (помалку забегана, знаете линијата помеѓу генијалноста и лудилото е тенка, е оваа е по на лудата страна, само одете и на натпревари и кревајте рака за плусчиња пред тест, друг совет немам)

    славица германски (за ова чудо немам коментар, професорка поим за мрза, значи никогаш не предава а оценува МНОГУ ригорозно, не знам што да кажам стварно.)

    слободанка македонски (малце шлаки професорка, лани пишуваше 5ки од разонода, годинава нешто ни се подналути па почна да реди 2чиња 3чиња а кутрата не предава само диктира некои смешни планчиња)

    тамара историја (чудна жена, оценува како ќе и дојде у моментот, секогаш има едно машко во класот у кое ќе се заљуби и он вечно има 5ка, а женските и се секогаш на пик)

    силвана попозната како кржовска географија (многу интересна професорка, предава како што треба, оценува многу многу строго и има тактика со бирање дека со нејзината игра со бројки што на СИТЕ им предизвикува тахикардија)

    сековска биологија (строга женичка, бара учење и бара учење со разбирање! сака однос професор-ученик со почит, како што и треба да биде)

    ангелина ликовно (делува флегматично ама си го знае предметот и не сака да го потценуваат иако е ликовно, сака работа и учење во 2ра кога се учи историја на уметност)

    јулиана информатика (значи поголемо срце од оваа професорка не постои, буквално седам со неа на час и си праиме муабет за дечко ми, па еве видете колку е најфина на свет, годинава и доделија награда најкул професор и стварно ја заслужува, ама не е дека не бара и учење иако ако ти треба оценка за просек радо би да ти помогне и да ти пише)

    ЏАЈКОВСКА музичко (ова не е професорка според мене, ова е поим за кловн, жената не знае правилно да зборува македонски, дошла да предава во една од најдобрите гимназии. немам коментар. па уште се занесува како да предава квантна физика, а не музичко. тотално антипатична и не многу сакана меѓу учениците)

    физичко гоце (носење опрема обавезно, не сака зборување на мобилен во сала бидејќи ќе ве прошета до кај педагогот на разговор)

    јане социологија (познат како первезњак кој им става 5ки на надарените ученички, ама сосема погрешно мислење, треба само од почеток да година да му се покажеш дека учиш и после цела година имаш 5ка на стара слава)
     
    На Iva-St.97, Hollywood.Star и SexyLady им се допаѓа ова.
  3. darkpassenger

    darkpassenger Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Јас бев ученик во ЈБТ генерација 2004-2008 и се сметаше за најстрога гимназија. Повеќето професори беа коректно строги, го бараа максимумот од нас и вистински се трудеа да не мотивираат и да ни ја создадат навиката за учење. Јас во основно не бев добар ученик (едвај вадев петки) и не обрнував внимание на школото (немав ни најмалку интерес) и во средно имав вистински проблем да се вклопам со ритамот на учењето. До ден денес, имам проблеми на факултетот бидејќи ми недостасува потребната дисциплина и сфаќањето на сериозноста на своите обрски, но ЈБТ ми помогна да стекнам барем дел од основното знаење и да ме подготви за посериозното образување кое следеше на факултет. Можам да кажам без никакво величење, дека уште од првиот ден на факултет се забележа кој студент од кое средно училиште доаѓа, бидејќи само јас бев од ЈБТ, еден од Орце, а сите останати од разни не толку добри средни училишта. Тоа се забележа бидејќи тие одбиваа дури и 20ина страни да научат за колоквиум, тврдејќи дека тоа е премногу за нив и дека тие никогаш толку не учеле. Особено се познаваше по незнаењето на општа култура од секакви области. Поради тоа, сметам дека е многу важно од кое средно училиште доаѓаш и вреди дополнителниот труд за понатамошен успех. Исто така, како пример можам да кажам, мој соученик од ЈБТ, во текот на првата и втората година, постојано имаше кецови и двојки, и на сред втора се премести во Орце и таму сите оцени му беа четворки и петки, што го тера човек да се запраша каде е построго. Кога станува збор за учениците, имаше многу (но не преовладуваа) шмизли (и женски и машки) на кој единствено им беше важно како изгледаат, што конзумираат, каде одат и со кого... Јас лично бев во најлошиот клас, со најбесните исфрустрирани размазени детишта кои секојдневно се трудеа да ми го уништат средношколскиот период од мојот живот и за жал немам особено убави спомени, но можам со гордост да кажам дека таму си ги запознав најдобрите пријатели со кои до ден денес се дружам и ќе продолжам и понатаму. Не се откажувајте и следете го тоа што срцето ви го кажува!
     
    На Sara123 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. Hollywood.Star

    Hollywood.Star Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    :hai: Здраво, нова сум на форумов! Сега сум осмо и од септември сакам да се запишам на ЈБТ и ме интересира тоа што ве прашала и Elena-97. ИИИИИ како да пресметам бодови? :) Позз..
     
    На Ecii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Хахахахахаахахахахахахахахахахахахахахахах Yipman2 јака ти е посветава!!! :D :D :rofl:
    Иначе она ми беше класна во 3та година и можам да кажам дека имаше коректен однос со сите (сепак она гледа од почетокот како си се поставил, јас на пример на почетокот многу учев географија и секогаш знаев на нејзин час така да си поминав супер кај неа). Сега што се однесува до другите професори (бар тие мене што ми предаваат или предавале):
    -Дијана, Македонски: Професорка која многу сака дискусии и филозофирање и навлегува премногу во суштината и тоа и одзема по 2-3 часа, инаку не испрашува често, скоро ич не испрашува така да кај нејзе треба да си само вклучен во дискусијата и одма имаш подобра оцена.
    -Јасминка, исто Македонски(и двете ми имаат предавано): Тотално спротивна на Дијана. Она поише оди на теорија и многу повише испрашува од Дијана.
    -Јосип, Ширин, Снежана(по позната како Станкович), Англиски: Првиот е супер професор знае и да се заебава со тебе на час и да предава и се. Ширин е малку по повлечена и по професионална да речам ама си има и она некои врлини ;) . Станкович... тоа е комедија(бар според мене). Жената како прво не ги изговара зборовите како што треба (еден пример каде што има дупло л во реченицата она го изговара љ), а што се однесува до учење испрашување мора да се знаат времињата во секое време и неправилните глаголи(тоа е патем нејзина изјава), додека за испрашување нема да те испрашува доколку си активен на час(да читаш, да преведуваш зборови, да ги прочиташ вежбите...итн).
    -Гордана(Гоца), Француски: Обожава да излегуа надовр од лекциите и да дели животни лекции(што понекогаш стварно помагаат) или да раскажува лични случки за нејзе и нејзиното семејство. Околу тестови и испрашување незнам ни јас што да ви кажам како ќе и текне така правеше(а тестовите ги најавуваше секако, само рачунајте дека одма по тестот или пред тестот имаш испрашување)
    - Весна, Филозофија: Жената е срце! Многу е пријатна и за муабет и за дискусии и ти го задржува вниманието кога предава. Кај нејзе тестови нема има само испрашување така да ако си научиш убаво ќе си имаш 5ка. ;)
    Весна, Бизнис: Штознам, повеќе професионална професорка. Ако ја прашаш нешто во областа на бизнисот со уживање ќе ти објасни, а и ти ќе можеш да ја сватиш. Иначе не е лоша профеосрка, на почеток малку се прави строга ама не е таква (секако додека не и пукне филм). И она само испрашува не правиме тестови. НАПОМЕНА: БИЗНИС И ФИЛОЗОФИЈА ИМА САМО ВО 4ТА ГОДИНА!!
    -Маја и Мими, Физичко: И двете се срцки(Маја ми беше класна и беше супер, многу често не вадеше од часови и имаше многу коректен однос). Кај нив т.е. кај сите професори физичко за да влезеш во сала мораш да имаш барем патики за вежбање, а ко сакаш да вежбаш секако ќе си носиш и опрема.
    -Нада, Физика: Не се замараше многу многу. До 3та година даваше тестови, а после тоа испрашуваше само. Иначе на тестовите биквално вршеше претрес на секој што и е сомнителен.
    -Златко, Александра, Хемија: Златко беше ѕвер човек, со него можеш и да се насмееш и да се позаебаваш, во 4та бевме неколку пати на кафе со него. Додека Александра маста ни ја извади во трета ама буквално маста ни ја извади(поише коментари неам за нејзе).
    -Ачковска, Биологија: Жена со принципи, и има голем respect од мене за тоа и беше секогаш коректна, си кажува и испрачувања и тестови и се на време. Не е толку строга бар според мене, а принципиелна да и тоа многу.
    Не ми текнуваат други професори. Се на се школо како школо, секаде треба да учиш само тешкотиите ги постаувуваат професорите, а учениците мораат да се приспособуваат. На почеток можеби нема да се погодите во убав клас или клас што ќе ви одговара на вас ама по избирање на смерот (а смер се избира на крај на втора година) т.е. од трета година се ќе си дојде на место (луѓето во класот ќе бидат на иста бранова должина со вас и ќе имаат слични сваќања и размислувања како вас) така да ич не се секирајте. И со среќа на идните полуматуранит што ќе се запишат во ЈБТ. :D
     
  6. chocolate.cookie

    chocolate.cookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    6.505
    Епа, после пола година помината во школово сакам и јас да си споделам впечатоци.
    Отпрвин секако се ми беше чудно, се чувствував исплашено и изгубено, си мислев дека е огромно па прашував како ќе се снајдам што сега сватив за џабе сум паничела. Еех, од што шетам на секој мал и голем одмор веќе сите ходници и училници ги знам. Септември и половината од октомври (ова за прва година зборувам, од втора незнам како е) поминуваат како на зезанција. Запознавање со професорите, предавање на првите лекции, нема испрашувања после и екскурзија, си мислиш еј ова лесно е, ама после од негде 15 октомври кога ќе стегнат со испрашувања, па тестови за тромесечие, ауу. За строго, па што знам според мене не е толку строго како што ми кажувале а и како што може да биде. Ама тоа зависи и какви професори ќе ти се паднат. Јас имам три професорки што се строги и лоши.. меѓу кои и Љубица Каревска оф корс |( , биологија Сековска и хемија Олгица. Јесда дивно чудо е Љубица да засака некој ученик/ученичка ама кога ќе засака е тогаш ти е топ. На пример, мене ме сака. :angel: Иако сеуште ме плаши вака. :D Ако ви е наклонета, верувајте полесно ќе си поминете.
    Во гимназијава убаво е да имате класен или класна што има врски кај директорицата и да е добар/добра па да ви ги оправдува изостаноците, на пример ко мојов класен. Исто може така да ви одложуваат писмени, испрашувања или да те спасат од испрашување. Ако си во добри односи со педагогот, може да те вади од часови со разно-разни изговори. А работата со шмизлите..хм, па мене се повеќе и повеќе ми се чини дека се само лоши озборувања. Секако дека има и такви, ама јас до сега лично некоја таква не сум запознала. Луѓето со кој јас се движам се воглавно супер. :)

    Од професорициве и професориве што ми се допаѓаат можам да ги издвојам Даскалот историја, македонски Каролина, многу фина и коректна жена, попушта и за оцени, англиски Јосип - закон човек, Владо физичко, воедно и мојот класен.. паа, не ми текнува на други, останатите се онака горе-долу океј освен биологија, хемија и географија што се така хкм.. :D За тие што сега ќе бидат прва година ич да не му се секираат, ќе си најдат и друштво, професорите мислам дека горе-долу ќе им бидат истите како на мене.. од почеток сите ќе се чувствуваат како изгубени ама за месец дена ќе го научат школото и ќе им биде како отсекогаш да го знаеле, како отсекогаш да биле тука. Дури досадно ќе им стане. :) Епа, тоа е тоа од мене, ако некој го интересира нешто поконкретно слободно нека ме праша. :)
     
    На chocolate.chick, Eli4ka7564, tropix4e и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Eli4ka7564

    Eli4ka7564 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво :) Сега сум осмо.. И сакам да се запишам на ЈБТ.. Па може да ми кажете нешто за школово.. Како е.. Дали е многу строго?? Наставниците какви се?? Се шо знаете кажете ми.. :D Позз..
     
    На Hollywood.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Па читај горе, буквално се е опишано. :)
     
  10. Ecii

    Ecii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    11
    Oваа година сум осмо и дефинитивно се запишувам во Јосип Броз :) Иначе овие информации напишани од ваша страна се многу корисни и ми помогнаа да се одлучам без размислување :*
     
  11. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Хахаха знам дека сум офтопик со ова но мене ми личи дека сите што се сега осмо,а ќе се запишуваат во ЈБТ се со име ЕЛЕНА. Хахахах :lol: Еличка, Еци... Или можеби сте Елеонора :^) :D :D
     
    На Ecii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mevluda

    Mevluda Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Па редно е и јас да се приклучам на кланот кој се спрема за во Јосип Броз :D Инаку сакав да ги прашам женските што веќе учат таму ако може да ми кажат нешто повеќе за новинарската секција а и за радио станицата и дали ќе може уште од прва година да бидеме член од истите? :^) :D
     
  13. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Јосип Броз e eдна од најдобрите училишта ви Скопје.
     
    На Independent.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. thebesta

    thebesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    дали примаат од други градови ?
     
  15. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Да не пукнеш, ме изнасмеа :rofl: Секако дека примаат :)
     
  16. JBT

    JBT Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Kazete mi nesto za Takis, kratko go znam, interesen covek izgleda :)
     
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Јас лично имав страв од човекот :o Строг беше во тоа време ептен, (како и останатите професори во тоа време во ЈБТ), бидејќи предаваше Одбарана и Заштита (не знам дали се учи уште предметов, едно време ќе го укинуваа :?: ), му го потценуваа предметот, па тренираше строгост со нас учениците. Бараше да се учи. Ама ок беше, се учеше кај него. Интересно човече во секој случај.

    п.с. Што предмет имате кај него?
     
    На JBT му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MoneyLover-98

    MoneyLover-98 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    и јас би сакала тука да се запишам :D иначе ке може ли некој да ми каже како е во јазичниот дел? слушнав дека имало некоја меѓуетничка паралелка( сеа нзз дали ова е точно) каде што предавањата биле на англиски? дали треба некои посебни врски за тоа? ако воопшто постои :D :$
     
    На JBT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JBT

    JBT Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    јас имам стрелаштво кај Такис и прашав за него, чисто за да видам дали и овде ќе го слушнам истиот коментар за него од типот „ме плаши тој човек“...често го слушам ова, значи не сте единствени. И да, имам едно чудно прашање и не знам дали имате одговор...Грк е или наш? :D
     
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Значи, уште е таков истиот, страшен :lol: Не знам зошто, можеби заради гласот, мене некако грубо и страшно ми делуваше, а не беше до толку, кога размислувам од денешна перспектива :D Ама лесно е сега да се каже, нели ;)

    Појма немам што е точно.....Никој не знаеше точно да каже дали е Грк или Македонец...или може сум заборавила :^)

    п.с. Стрелаштво?? :o :o Зарем има таков предмет?? :o :o
    Имавме само два часа кога пукавме, во склоп на Одбрана и Заштита кај него, ама ова....аман бе, со што ве замараат сега, сироти деца :doh: