OMG знаев дека е Такис, знаеееввв!!! Јас и другарка ми како што сме слушнале со Такис не ви било лесно, па сите постари господа кои ќе ги видиме низ ЈБТ си викаме Ејј ене го Такис! Хахаха како ќе се изнасмее кога ќе и кажам кого сме сретнале А што предаваше тој?
ако е еден така понизок со бела косичка намуртен нема шанси да нее он инаку предава мир и толеранција и стрелаштво
Абе не е дотолку лош Такис, и вие па што го направивте. Ама да, кога е изнервиран тогаш сите бегаат од него. Јас бев на мир и толеранција, ама кога дознав дека е Такис не сакав кај него и си се префрлив, и никој од мој клас не му идеше на проектната и овој кога ни дојде во училница, кога не построи зашто не сме иделе, јас му кажав префрлена сум и овој па како префрлена, а си кажала ти на некој за тоа, како може така.. Ама добро, битно не бев кај него, ем тематиката не ме интересира на проектната ем и човеков. On the good side, го имам начекано во добрите и тогаш си е онака смирен, фин човек, се зафркава, се прави строг нешто, ово-оно. И има јаки врски во школо, нема со кој не се знае, и ако ти треба некој професор на Такис ќе му кажеш, он одма ќе ти го најде. Ама каков ред и мир спроведува во школово, ау човече, никој не му е рамен.
Епа јас нема да имам ни стрелаштво ни мир и толеранција, си заокружив урбана култура и ликовно. Другарка ми ќе оди на мир и толеранција because she's a fearless bastard! Jас не сакав да одам оти нејќев да си имам дополнителни непотребни активности како дали да се секирам дали ќе му се допаднам на Такис...
Здраво женски! Нова сум на форумов,мислам го имам посетувано почесто и ги разгледував вашите мислења,поточно мислењата за јбт дека планирав да се запишам таму и се запишав.Е сега сакав да ги прашам поголемите дадички ако може и ако знаат кои се книгите/лектирите за прва,пошо мислев дека би ми било во корист ако почнам да ги читам уште од сега благодарам однапред.
1. Вујко Вања 2.Гилгамеш 3.Илијада 4.Одисеја 5.Цар Едип (Ојдип тиранин) 5.Скржавец 6.Тристан и Изолда 7.Панонски легенди Плус и како дела ќе ги обработувате ,,Похвално слово за Кирил Филозоф,, од Климент Охридски и ,,О писменех,, од Црноризец Храбар.Тоа се сите дела и лектири за прва година.
Фала ти многу деле инаку од септември здравје ке се гледаме, a се надевам и со останатите кои ке учат или веќе учат у јбт.
Секако дека ќе се гледаме,јас сум втора година и ќе бидеме во иста смена,се надевам ќе се дружиме,инаку во меѓувреме може да комуницираме на фејсбук доколку сакаш,поздрав
Ах Деле фала ти мноогу што ги пиша лектириве има право Sun.flower треба да си почнеме уште од сега, поготово кога ќе видам колку книги има, а истите не се малецки А најчесто во оделение ги ставаат сите од едно исто школо? Оти јас и sun.flower сакаме во исто оддление,исто основно одевме.
Од сите овие што ти ги посочи Деле, фали Шагринска кожа која што ќе биде една од првите што ќе ги обработувате, така да прочитај си ја таа. И + Вујко Вања, Скржавец, Тристан и Изолда и Панонски легенди. Само тие ќе ти останат во меморија. Сите други ти препорачувам да ги читаш за време на година затоа што многу се комплицирани за памтење. Интересни се не викам не, ама тешки се за разбирање. Ида не се паднете во ист клас со другарка ти, може една од вас да се премести во класот на другата и проблемот е решен. П.С. Со среќа на сите што се запишаа кај нас. Се надевам дека ќе останете до крај и дека сте спремни да го загреете столчето.
Еххх,да Шагринска кожа,ја заборавив бидејќи ако не се лажам беше првата што ја работевме.... Инаку за формирање на класовите би рекла дека во мојот клас половина и повеќе од децата се од исто основно училиште кое не би сакала да го посочувам,но тоа не значи дека е традиција на ЈБТ,но доколку ве стават во различен клас секако дека едната од вас ќе има право да се префрли во оној на другата,за тоа воопшто не грижете се. Со среќа од септември и се надевам ќе се гледаме,ќе бидеме во иста смена барем со нас што сме втора година.
Еве ги лектирите за втора: -Пеколот-Данте Алигиери -Канционер-Франческо Петрарка оваа не треба да се чита за време на летото -Декамерон-Џовани Бокачо -Дон Кихот-Мигел де Сервантес -Хамлет-Шекспир -Сон на летната ноќ-Шекспир -Александар Македонски-Жан Расин -Сид-Пјер Корнеј -Тартиф-Молиер -Кандид- Волтер -Гуливеровите патувања-Џонатан Свит -Робинзон Крусо-Даниел Дефо -Басни-Лафонтен и оваа не треба да се чита за време на летото малку се нели?
Хахаха баш се малку,се надевам ќе успеам да ги прочитам сите во текот на летово,освен тие две што треба преку година,инаку фала многу
Баш убаво што си втора год. вероватно би требало да сме иста смена а и баш ми е мило што ке запознаам некој од постарите земајќи предвид дека не познавам никој освен Елена-97 која и ми е блиска другарка (хајј елена ) а што се однесува до комуницирањето на фејсбук можеш во ЛП да ми пишеш (ако сакаш) како си потпишана па се надевам дека ќе те најдам инаку би сакала да се запознаам и со другите женски од јбт секако ако не е поблем тоа