Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. magicalgirl-f

    magicalgirl-f Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Здраво :)
    Се запишав во ЈБТ и покрај тоа што сите ми викаа дека тука учеле само дигнати,шмизли...
    Едноставно ми се роди љубов кон ова школо уште првиот пат кога слушнав за него а додека ги читав вашите коментари станував се посреќна и посреќна за мојот правилен избор.
    Се надевам дека нема да ми се смени мислењето од септември :D
    Исто така би сакала да ги запознаам останатите од форумов што ке бидат оваа година 1ва но и оние малку постарите.
    Ве чекам да ми пишете ЛП :* :inlove:
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 123e123

    123e123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Сеа ќе одам прва година во ЈБТ .. и ќе учам во турска паралелка и непознавам никого пошо сум од Кичево и најмногу што се плашам да не не најдам друштво исто такааа познаваќи ги турците несе многу дружељубиви не кажувам за сите ама во кичево никогаш несум се дружела со турци пошо несум можела да ги поднесам .. ии какви се наставниците од турските паралелки ?
     
  3. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Тие што се запишавте во ЈБТ ви посакувам успешна година и многу петки и добро друштво. А следната година ќе ви се придружам и јас :* :)
     
    На lolita97 и Elena-97 им се допаѓа ова.
  4. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Јас завршив во ЈБТ не е лесно,но верувајте ми на крајот се исплати навистина станувате образована и зрела личност :)
     
    На Elena-97 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Знае ли некој која смена ќе се учениците од прва година?
     
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    мене уште една година ми остана во ЈБТ, можам да кажам дека нит сум сретнала кој знае колку дигнати луѓе, нит сум сретнала шмизли, нит па ми било тешко. Децата се најнормални како во сите школи. За мене искрено најубава средина ми е :) Многу друштвени луѓе, добри професори (секако има и некои искомплексирани професори :lol: ), но секој професор си бара учење и знаење, нема зошто да ви биде тешко ако си учите. Јас воопшто никаков проблем си немам, единствено со математиката :lol: но тоа е по моја вина бидејќи сум трупец :lol: снаодливост и учење и ќе си немате гајле ;) ;)

    Аххх кај ми отиде времето, многу ќе ми фали школово! Ептен си го сакам :inlove:
     
  7. thebesta

    thebesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    Резултатите за тоа кој во кој клас е ке бидат ли излезени пред 1 септември??
     
  8. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Евгениј Онегин и Странствувањата на Чајлд Харолд сега се обработуваат во III година. :)


    Иначе, едвај чекам да дојде септември, се зажелев за школово.. Ми фали класот језда сеа ќе бидеме поделени, пак ќе бидам со супер деца :D И плус екскурзија во Виена, тоа ќе биде лудилоооооо хахахах :lol: Ииии едвај чекам да го видам Такис и да си напраиме муабет за државниот натпревар Црвен Крст на кој што ќе учествуваме на 15ти септември :)
    п.с. 2 години цел клас ми збореше дека иам среќа што ме сака Такис и а требаше нешто - мене ме праќаа да му кажам :lol:
     
    На d.i.n.a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Нема да има списоци, ќе ве читаат на 1ви септември пред сите ученици:))

    1 смена, од 7ипол.

    А зошто се запиша во турска паралелка? Не те разбрав баш најдобро.
     
  10. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Имам јас 14 години,ама идам сеа за осмо..
    значи 2013/2014 ќе идам прва година во средно.Во Јосип Броз бидејќи ми е најблиску.
    Се шират муабети дека имало многу шмизли,а јас многу мразам такви лиглиња.-.-
    Не за тоа,ама највеќе се плашам од учење. :sweat: Одлична ученичка сум,ама хемија,ама баш ништо незнам! :?: :envy: Дека во седмо одделение,ај наставничкава,трапава,никој не учеше,петки ни ставаше,и сеа хемија ништо незнам,трупец -.- А математика ај нешто вака така,тројче бла бла,ама сепак од петто па до сеа сум била одлична.Географија нешто учев нешто не,барем знам да се снајдам на карта.
    Значи најпроблематични предмети ми се ХЕМИЈА,МАТЕМАТИКА.
    Многу се плашам кога ќе отидам прва година,за друштво многу нормално дека ќе си најдам,ама учење..ако се стегнам стварно ќе научам,и ќе имам петки.Ама сите викаат тешко било ова она. :Ѕ Кои се најлоши наставници?како испрашуваат?строги ли се?колкави се лекциите?
    :x ;(
    А имам многу голема желба еден ден да отидам на факултет во Лондон или Америка..:/
     
  11. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Да не знаете случајно дали тие што се втора година се прва смена на 3ти ????
     
  12. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Имам слушано а и ми имаат кажувано од искуство и слично дека таму ич не било убаво. Се барало премногу учење, имало премногу шмизли и дигнати машки. Неможел секој да влезе во секакво друштво ако не бил доволно богат и облечен. 15 годишните девојчиња ги носеле 20 годишни мажи во школо со скапи коли. 90 % од цело школо биле на дрога или барем на некои од лесните дроги или пак пушеле тревка. Имало и уште многу други лоши работи, али ова е главното.
     
  13. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Леле кој те лажел срам да му е. Ова се само муабети, ЈБТ си е нормално школо како и сите други. |(
    Што го направивте... Шпанска серија.

    Инаку некој праша за списоците. Лани ги имаше истакнато на врата на 31ви август, ама пак не читаа на 1ви септември, така да проверете си деновиве, може да ги има. :)
     
    На sweetgirz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Прва сте :)

    Другарка ми што е за прва праша, и рекле дека на први ќе ги читаат.
     
  15. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    A чекајте сега, ние ќе одиме на 1ви во Сабота на школо или ќе почекаме до понеделник? И одма уште прв ден сме прва смена или како...? Хах, дај објаснете ова малку збунувачко :^)
     
  16. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Во сите школи се започнува на 3ти, ќе кажат и на вести сигурно. И од 7ипол сте вие што сте прва година.
     
  17. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Мхм, а што препорачувате да носиме на првиот ден? Нотесче некое, пенкалце....?
     
  18. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Дека е лошо може да кажат само луѓе што не учеле таму и всушност незнаат каво школо е . За да се бара котинуитет при учење и добро загреано столче тоа е факт, не само во ЈБТ туку и во сите училишта без разлика како и да се вика ( точно дека негде тој континуитет и учење го бараат повеќе, а некаде помалку) но и за тоа има влијание и професорот. За друштво не треба никој да се грижи бидејќи ќе си најде човек топ луѓе со кои ќе остане и понатака пријател.Точно е дека има такви изроди што се на мама и тато и напочетокот да те гледаат од високо но сето тоа после 3 месеци е израмнето верувај. Учам 1 година таму но сеуште не сум видела 15 годишно девоче да дојде со 20 годишен маж, а да дојде не ме засега ни мене, а и никој друг (бидејќи таа сама си го направила изборот). За тоа дека 90 % од цело школо е на дрога, па не би баш рекла. Точно е дека има ликови што се дрогираат и пушат марихуана, пијат алкохол, пушат цигари но многу од децата во ова време се впуштаат на таков порок, со цел да бидат по cool во ова време или да небидат исмејувани од друштвото., но не би рекла дека и во други школи ги нема тие што се дрогираат или пушат марихуана. Незнам уште кои лоши работи ќе ги наброеше ти или кој и да е друг, но верувај секаде е исто, во секое школо ги има по малку од сите. :)
    Поздрав и извини :!: ако за нешто случајно се навредиш што е напишано во постот, но тоа е реалноста :*
    :!: гледам дека имаш 14 години паа бидејќи догодина ќе бидеш прва година можеш слободно да се одлучиш да дојдеш во ЈБТ и да видиш со свои очи какво всушност школо е :)
     
    На Whatsername му/ѝ се допаѓа ова.
  19. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Во ред. Ја само како информација што имам слушано, ништо повеќе, нормално не сум многу сигурна во тие информации. А иначе сум сега за прва година и ќе учам во приватно школо International High School можда го знаеш. :)
     
  20. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Со среќа нека ти е од 1ви (3ти Септември) инаку да го знам школото
    Морав така да напишам и поубаво да објаснам бидејќи многу луѓе зборуваат погрешно за школово само врз основа на слушнатото од некој што всушност ни тој не учел таму.Да небиде после и тие што сакаат да се запишат да се предомислат поради некои постови тука што ги читаат кои се врз база на рекла-кажала :D