Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Нема да ви кажуваат распореди или незнам си што уште прв ден. Можеш да прочепкаш по темата „Првиот ден во средно“ (мислам дека така се викаше) и да видиш. Но, земи си за секој случај да не ти затреба. Ќе ви дадат едни ливчиња за бус, зошто за слободна ќе чекате.
     
    На Elena-97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theluckycharmms

    theluckycharmms Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    ЈБТ Е НАЈДОБРАТА ГИМНАЗИЈА ШТО ПОСТОИ!! мене ми остана уште една година и толку после факс :( ќе ми фали мноогуу.. точно е дека има многу учење и одвратни професори ама има многу заебанции, дружење, луди екскурзии и тие спомени никогаш нема да се заборават :D а тие што мислат или слушнале дека ЈБТ е катастрофа се во заблуда. ЈБТ rocks!! :l:
     
    На MidnightFlower и d.i.n.a им се допаѓа ова.
  3. pinkylady

    pinkylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Има истакнато списоци за класовите од прва година, кој сака може да оди да види.
    Имам слики од списоците за I-2; I-3 и I-6 ако сака некој нека ми пише лп.

    И некој ако може да каже нешто за класниот на I-3 Златко Јордановски ќе му бидам благодарна.
     
  4. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    може да ти претставува проблем тоа што немаш основа од основно училиште, бидејќи јас прва и втора си ги поминав како песна баш поради тоа што имав претходни знаења :) но, тоа не значи дека ќе имаш лоши оцени, ова гледај го како шанса да се стегнеш и вистински да учиш во средно, бидејќи ако се запишеш во некоја ш-класа гимназија и не стекнеш никакви знаења - опрости се од лондон, драга :)
     
  5. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    п.с. прва и втора година се од 7:30, нема списоци, ќе ве читаат на 3ти
    трета и четврта се од 1:30, за 3та година има списоци со новите класови и класни раководители.
     
  6. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    ^Има списоци за прва година истакнато на врата, ама и ќе читаат на 3ти.
     
    На pinkylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Oh happy day! Јас и другарка ми се паднавме во ист клас :rofl:
    Ние сме 1-8 :) А класна ни е Јасминка Атанасовска. Јас колку што дознав она била смирена женичка, и барала да читаме лектири. На кој му предава нека пишува тука што-како кај неа :lol:
     
  8. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Епа не знам, јас коа бев да видам за 3та имаше, а за прва една од тетките ми рече дека ќе читаат на 3ти, дека нема да има списоци:)
     
  9. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    И на другарка ми која е прва и рекле така, па откако ПинкиЛејди кажа дека има списоци, видовме.
    За трета незнам, ама за прва сум 100% сигурна :)
     
  10. Elena.Bs

    Elena.Bs Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Може да ми кажете дали во понеделник во 7 и 30 ни почнува смена а порано ќе не читаат или во 7 и 30 треба да бидеме таму...? И дали само класната си го чита бројот на класот или по име и презиме ги читаат сите?
     
  11. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    ^ Во 7ипол треба да сте таму, тогаш ќе ве читаат. Најверојатно по клас, а не по име и презиме, бидејќи веќе се објавени класовите. Но може и да им текне обратно, да одолговлекуваат. :?:
     
  12. bluejeans

    bluejeans Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Јас сум во кецот и класна ми е Сековска, ми имаат кажувано дека е строга и бара многу за учење...Да не знае некој случајно дали е добра како класна?? И кога има систематски преглед во прва??
    Инаку на сите што се запишаа прва година им посакувам многу среќа и ќе се дружиме од 3ти! :D
     
  13. thebesta

    thebesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    што ќе кажете за Јулијана Николова?
     
  14. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Епа ете и прв ден помина. Не повикаа 1-8, конечно си го видов одделението. Класната ми е супер, мирна си е, ама кажете ми! Дали биваше прв ден книгите да ни ги тупнат :| Ми паднаа рацеве, мислам дека имам нов мускул :$
     
  15. macence13

    macence13 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Јас завршив во Јосип Броз Тито пред скоро 4 години и да ви кажам не е лоша гимназијата, само со бара учење. Сековска е строга, си бара, и мене ми предаваше.. А за Јулијана Николова прв пат слушам, сигурно е некоја понова професорица. :D
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Мене ми текнува првиот ден во ЈБТ , се паднав со багабонти у клас и јас станав багабонт....

    Ама прилично беа најубави години од цел мој досегашен живот :D
     
    На macence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.498
    Ми ја сменија биологија, сега ми е Радмила. Kill me now |(
     
  18. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Јулијана информатика е најголемото срце што може да постои, со неа можеш да си правиш муабет за дечковци, пијанства, женски проблеми и све остало, хахахаха :) само не и ја злоупотребувајте добрината! :!:

    А Сековска, ако си добар ученик е супер како класна, може да те вади од часови, да ти помага и све остало
     
    На cupcake27a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.498
    Знае некој нешто повеќе за Јане социологија? До сега сум имала два часа со него и ми изгледа супер ама сум слушнала различни коментари за него. Едни ми викаат дека е топ, откачен, добар.. а други демек од почеток лажел не испрашувам класично, туку преку дискусии, правел мали планчиња а испрашувал од учебник и ставал двојки и тројки а нас ни вика демек кај мене сите 4ки и 5ки ќе имате, не ставам јас помалку. Исто имам слушнато демек ставал петки на надарени ученички, абе какви се не муабети немам слушнато за него..
     
  20. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Јас до сега запознав повеќе од пола професори кои ќе ми предаваат, па ај да си пишам прв впечаток и све остало.

    Еве со класната ќе започнам, Јасминка македонски. За класна мислам дека е супер, за сега имам само пофалби за неа. Жената прво ни рече да ги донесеме слободните да ставеле печат, ама јас не ја носев и ми рече нема проблем утре. После ни кажа да донесеме некои ливчиња за книгите, јас ги заборавив дома, пак |( Ама супер беше за тоа, не се лутеше, не правеше проблеми. :up: за неа.

    Математика - Драган. Првиот час, нели запознавање си зборевме, онака добар човек. Не праша за природни броеви, ние :| Ајде нема врска, добар беше со нас и не ни викаше нешто у стил Леле ама сте смотани, срам да ви е итн. Денес пак имавме час, ама вистински час и учевме нели за природни броеви, повторување, се ни објасни убаво, домашна ни даде ама ај. Знам рече дека не проверувал многу домашна, ама сепак ќе напишам, за мое добро.

    Физика - Надица. Искрено заборавив на неа, не се сеќавам точно каква беше. Мислам дека беше строгичка, памтам малку забега од тема додека се упознаваме, нешто трчкање, физичко бла бла. Нешто за кај неа советче?

    Хемија - Златко. Закон човек еј! Си седна на катедра си се намести, почна да збори и да збори, знам смешки кажуваше, па ќе застане на сред реченица Еј ми избега мислата или што сакав сега да кажам. Бегање кај него изгледа како лоша идеа, самиот кажа, џабе бегате кога јас можам следниот час да ве испрашам, па следниот и така. Не ми се допаѓа она со блиц прашања, кај него нема да можеме да здивнеме, секој час по пола деца ќе испрашувал... Исто беше интересно кога се претставуваме и јас нели викам Елена презиме, од тоа и тоа школо, бутел. И он бил од Бутел. Па каде точно сум била, чива сум била :D И еве ќе кажам хемија ми предаваше Марина Пухарич, а овој ја знаел и вика сите сте добри, само вас од тоа и тоа школо (на мене и другарка ми) ќе мора да одам малку полесно, знам Марина како предава, во смисол лошо, и ние :$

    Билогија - Славица С. Добра си е, малку беше глупичко прв час одма лекција да предава. Гледам сака да потпрашува за предходните лекции и на крајот од часот. Ама па многу ми збори некако, цела лекција за 20 минути ја кажа, после план во кратки црти и прашува за тоа што го кажала на почетокот. Кај неа ќе морам да слушам внимателно изгледа.

    Информатика - Јулиана. Млада, тоа ми се допаѓа. Нејќам стари професори, не не разбираат. Ми даде впечаток како да незнае да го смири класот. За сега толку имам за неа...

    Англиски - Маргарета. Срцка жена, ми се допаѓа нејзиниот пристап кон нас децата. Проектот за секој крај на месецот ми се допаѓа многу, да се допишуваме со некое дете од друга држава на англиски и после да и го испринтаме разговрот. Кога се запознававме не прашуваше што не ни се допаѓало кај предходните наставници по англиски, колку го познаваме јазикот... Јас и кажав дека англискиот го владеам многу добро, и дека сите јазици ми одат, француски и се. Ја гледам се окезила шеска до шеска, мислам дека оставив добар впечаток. :P

    Француски -Гордана. Оу мај гад! Прв пат ја гледаме, здраво деца јас сум Гордана наставничката по француски. Јас сум тука за продолжам каде што застанавте во основно. Ти! Кажи ми ја азбуката. Ние :| И после азбуката ме гледа мене, јас ја гледам неа, очи во очи. Ти! Јас? Да, кажи ми ги првите помошни глаголи! :?: -Ммм етре.. Како како? -Етр? Не! Друг! И другово дете го кажа исто како мене, и не го поправи. После пак јас. Менувај ми го етр! Го менував, и ми вика ај авоар. Се замрзнав. Не се сетив и не се сетив! Ајде некој друг... Значи страв во коски ми влезе од неа. Те поправа на секоја мала грешка. Вика Ајде ти кажи ги показните придавки. Како се на македонски прво? Тоа на едно девојче. Она ќути, наставничкава ќути. Зарем никој не ги знае? Сите ќутиме. Лелеее деца срамота, тука ништо не правиме.... Му се молев на бога да ѕвони побрзо, женава не рендаше сите!
    Она била класна на 1-9, па затоа ми е јасно зошто неколку деца се префрлија кај нас.

    Историја -Даниела. Мислев дека ќе биде тој професорот, што го зборите многу тука. Ама не, ни се падна младава. Ако, поубаво. Се шегувавме, мислам дека ќе биде лесно да се одговара кај неа. Не прашуваше за полуматура, малку потпраша и историја ама ние со шала и одговаравме, онака помина времето.

    Географија... wait for it.... КООЛЕЕ! Ох фала ти боже, колку бев среќна кога ни влезе професор во училница, а не онаа вештицана! Човеков ми е ол тајм фејворит. Мислам дека ќе ја засакам географијата со него. Пола саат ни честиташе што сме се запишале во ЈБТ, како сме го направиле вистинкиот избор. Ни збореше и он кога учел тука, како било, какви биле професорите, шалење, како оделе на протести итн. И кога кажа дека не верува во испрашување, само во предавање... Е тоа беше јаготката на шлагот! -Кај мене ќецови нема, ниту еден ученик не се пожалил, не ме мразел, не повикал родител. Ако вие не научите јас тоа го сметам за мој неуспех! Сакам да има дискусија, слободно кажете што сте гледале на телевизија, што сте прочитале, ама во склоп со темата. Прашајте, ако знам ќе ви одговорам. Со активност, дисциплина и знаење се добива петка. Ако се глупираш и ако не си активен, а еден ден ми станеш да одговараш оти си научил се, не се надевај на петка.
    Се ова со проценти ни го објаснуваше, сега нема смисла да пишам баш се што кажа.
    Ова беше тотално спротивно од тоа што ни го кажа француски, она викаше дека ние сме криви, не професорот или наставникот ако не знаеме |(

    Останаа уште неколку, ако имате совет за некој од овие професори, слободно кажете!