Тие што сакаат да се запишат следната година во ЈБТ сепак им препорачувам да не се запишуваат и да размислат уште еднаш
Некој нека каже за Олгица хемија како испрашува, на кој принцип, какви и се тестовите(тешки,нормални)?
Да, зошто? Од прва недела неможеш да добиеш некој утисок, почекај да ги запознаеш сите деца, да видиш како предаваат професорите. Па не ги плаши децата што се одлучиле да ни се придружат следната година!
како да не се запишат што и фали на гимназијата ? незнам од што си се разочарала дали од децата или професорите ама како и да е почекај да поминат 3 месеци па ќе си се смееш на постот што го пиша тука (освен ако не се префрлиш во друго школо ) Инаку со среќа нека ви е на сите што сте прва година во ЈБТ
И јас имав негативно мислење кога се запишав, ама сега ни малку не се каам што се запишав токму тука. Сега сите ти изгледаат нафурано, се чувстуваш како да не припаѓаш во класот, нема твој тип на луѓе и слично. Се чувстуваш како падната од марс, знаеш каде се само кантината и тоалетот. И јас бев таква на почетокот. Си велев, со кој памет дојдов овде, со овие дигнати створења. Ова професориве се кој од кој, ќе се изнабубам за 2че итн, ама сега ми е смешно кога помислувам на тоа. После првиот-вториот месец ќе видиш дека ќе се прилагодиш и нема да сакаш никогаш да си заминеш од гимназијата. Не ја оценувај книгата според корицата.
учи си редовно хемија зашто оценката 99% ти е од тестот, а усното испрашување нема никаква улога кај нејзе. и да, тешкички и се тестовите
Фала ти многу за советот. Јас имам многу лош впечаток вака од почеток, и се мислам дали да се префрлам ама ќе видиме прво полугодие како ќе биде.
Дечки прашање. Музичко ни предава една постара жена, Снежана мислам рече се викаше ако не грешам, презимето нешто како Џајковска, не се сеќавам. Не прашуваше кој одел на хор или оркестар и јас и уште 2 девојчиња рековме дека одиме и она ни кажа дека ќе сме збореле за тоа, изгледа ќе одиме на хор. Сега не сваќам, јас слушнав дека за втора година е изборен предмет, зошто оваа сега ни кажува кога се одело на хор, дека ке сме се договориле итн. И дали попушта на тие што одат на хор?
Aко сте оделе во основно, пожелно е да продолжите. И ако има некои кои оделе на оркестар, и тие ќе ги викне, секако ако имате желба. За во втора дека е изборен, мислам дека не е. За попуштање само ако си и активна на час. Како што виде и самата, жената се однесува како да предава нуклеарна физика, а не музичка уметност, така што не попушта така лесно.
Нас ни кажаа дека ќе се оди при крајот на Семтември. Е сега кога точно незнам, ама утре има родителска така да сигурно ќе споменат нешто за тоа
КОЈ Е ТРЕТА ГОДИНА ВО ГИМНАЗИЈАТА ЈБТ СКОПЈЕ НЕКА МИ ПИШЕ ВО Л.П. ДА ПРАШАМ ДАЛИ ЗНААТ ЕДНА ЛИЧНОСТ ИНАЧЕ ЈАС НЕ СУМ ОД СКОПЈЕ