Моментот кога Сековска ме дигна да одговарам. Spoiler Дали може кец од тетратка да се поправи кај неа? Ни кажа дека ќе сме имале контролен тест, па сакам со тестот да си ја поправам оценката. На усни испрашувања премногу ме фаќа трема
^ Мојата реакција кога ме прозва Сековска Двојче ми стави во тефтер, ама ја важно тахикардија ќе добиев Како си ги наредив првиве оцени уф уф
Ај и јас да ви се придружам... И мене Сековска ми стаи денес 1 во тефтер, искрено појма си немав и и реков дека незнам. А и онака денес имавме тест македонски и морав тоа да учам. И многу кецови стаи ај барем не сум едниствена Само да ви кажам дека ако и на тестот добиеш 5 немала нешто да ти стаи 5 ако во тефтер за усно немаш добар одговор, така да јас веќе се збогував со 5 биологија
Епа ајде и јас да ви ги споделам моите доживувања со Сековска до сега Требаше да не испрашува цел час и прво вика доброволци (нормално никој не се јавува) отвoри тефтерот па крена 2 деца пред мене и после вика пинкилејди нека стане и јас готово викам си умрев сеа, многу се плашев од неа и мислев дека ништо не знам. Од почеток до крај сите лекции што ги имавме учено за сите ме праша или за цела или за пола лекција, пола час ме испрашуваше и на крај немаше што да ме праша веќе и ми вика добро е, седи и 5че си добив. Уф, ми падна не камен цела карпа од срцево..
Де бе, што ви е работава со Сековска дотолку. Ее, јас сега Секи со боринче си ја барам.. ама нема! Искрено, да можам одма би ја мењала Радмила за Сековска, зашто испрашувањава кај Радмила се СМРТ! Кај Радмила што ќе добијам тројка, кај Сековска имам загарантирана петка. Она барем си прашува стриктно од учебникот и ако и кажеш убаво, па и да се збуниш малку, нема што тука.. ти става заслужена оценка. А и дава да се потсетиш од учебник, и на крај кецовите ги моли да поправаат. Е сето тоа го нема кај Радмила. Инаку кој знае кога ги даваат оние листите со подрачја за во трета година?
Ме интересира (не сум од Скопје) во која година на каква екскурзија одите? Кај нас само во 2ра и 3та се оди, кај вас ?
^ Во прва има 1 есенска и 1 пролетна, најчесто 2те се во странство, но можно е и едната да е во Македонија. Во втора година е исто како во прва. Во трета и четврта има по една во странство.
Ај ако сака некој на кого му предавала Радмила да ми каже какви и се испрашувањата, има шанси некако да извадам петка кај неа? Само едно девојче испраша кај нас, и тоа во последните 5 минути и и' ги залупа двете двојки. Имам слушнато дека кога те прашува, не треба да подзастануваш и да дозволиш да те потпрашува, зашто така ти се намалувала оценката. И уште нешто, лесни и се тестовите?
Денес ни ги даваше Сековска тестовите. Боожее кое препотување, а мене последна ми го даде тестот, па можете да замислите како ми беше Имав четворка, ама значи начинот на кој ги правела бодовите и се тоа е толку неодговорно, нема смисла! Значи како прво, сите што ги прашав ми викаа дека правеле тест со 5 прашања. Ден пред тестот, ни вика дека ние ќе сме имале 13 прашања, некои со заокружување, некои со дополнување. И пишува бодови од 60-65 петка, од 50-55 четворка, а златна професорке од 55-60? Нема никаква смисла. Како второ, на мене за сите точни прашања ми имаше ставено 5 бода, за 1 задача 2,5 и уште една со нула бодови. Моите бодови испаднаа 55(ни ова незнам како го пресметала ама ај), и сега мене не ми е јасно, ако може некој да ме просветли! Зарем тоа прашање (кое беше бај д веј со дополнување, не беше објасни размножување или нешто слично) е 10 бода?! Нема никаква смисла! Јас би му дала 5 бода најмногу! Не, не, со бодовите воопшто не беше убаво пресметано, нема никаква смисла! Ама ај, било па поминало, џабе да и го спомнувам тоа... Важно тука си ја олеснив душата...
лелеее не кукајте за сековска и радмила, златни жени, ако некад ви предава ачкоска ќе видите што е мука.. фала богу што сакам биологија па не можам да имам под 3 ради претходни знаења и плус дома со мајка докторка..
^ Не е толку страшно, само маки што си имаме па да си се искажеме. Сековска е злато жена, попушта усно кога одговараш, за разлика од Радмила и Ачковска. Е сеа за зезната, зезната си е. Ќе ти рече да раскажеш за нешто, ти ќе и кажеш се од А до Ш и само ќе го слушнеш фамозното „И?“ Иииии ти доаѓа со главата од табла да ја мавнеш. А најзаебано е што и на тест го пишува тоа „И?“. Инаку јас многу си ја сакам, си го имаме муабетот. Си седам во прва, и се улизував на почетокот , да ја омекнам и сега уживам кај нејзе. Само бидете фини, и односот да ви е строго професор-ученик. Никако шалење пред таа да почне да се шали, зошто ќе ве З... (што вели Кржовска )
Леле шо зборите дека кај Ачкоска муки сте имале? Најдобар професор во цела гимназија е. Си бара знаење и си го вреднува истото, нит ќе ти одземе нит ќе ти попушти. Фер спрема сите. Златна жена, смирена, воздржана, предобро предава Класна две години ми беше, еее да може времето да ми се врати, подобра класна од неа нема во цело школо
Професорката Ангелина Дамјановска Наумоска а другиот професор што го знам е Гоце (презиме не знам). Мислам дека има уште една професорка по ликовно ама не сум сигурна.