1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Мхм, тука се разбравме.
    Презиме со три букви.
    Јасно е понатаму.
    :D
     
    На Angelche, girl1985, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Старфиш, ја знаеш онаа - јас бев у Орце она беше у Броз...песнана како идеше. Традиција е тоа, нема зафрканција ;)

    Јас мислам дека излегов од таа гимназија солидно поткована со знаења. Немаше попуштање кај нас а навистина имаше да кажам, познати презимиња во моја генерација, и во клас. Па ги гледав дека не им ги даваа лесно оценките.

    Не знам сега како е, зборам за 10 години наназад, нели.

    За Ѓурчиновска ме израдува! Машала! Ја сретнав летово трудничка беше уште. Ех срце жена, и капацитет невиден. Привилегија е да ти предава англиски и секако литература. Ова второво ми беше омилено кај неа. Таа не научи да сакаме да ги читаме книгите во оригинал со задоволство и да ги анализираме. Уживав на нејзините часови.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    По коментарите што ги читам жал ми е што нема да имам такво искуство, сакам да видам со свои очи. Може е тешко да се добие 5ка, да се снајдеш во класот ама тоа искуство што ке го стекнеш таму ке ти трае за цел живот. Може има шмизли, ама нешто се научува и од нив. Тоа што ке го видиш и научиш од таму, ке ти помогне да се снајдеш во животот. Барем така заклучив според вашите коментари.

    Живеам малку далеку од Скопје и немам толкава храброст уште сега таму да појдам.
     
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Чудна работа.
    Женските у ЈБТ си идат по штикли и наместо ранец си носат ташна за искачање.
    Инаку, океј е како школо.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Чекај малку, ти таму учиш? Или ова се муабети што имаш слушнато?

    Јас барем додека учев таму 4 одини, само 2-3 девојчиња така доаѓаа. А од секое школо знам дека ги има такви неколку.
    Немој да генерализираш дека сите биле такви.


    И тоа за ранците, мислам дека е баш индивидуална работа. Јас не носам ранец веќе од 6 одделение. Практикувам чанти. Исто и поголемиот дел од средношколките.
     
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јасно :lol:
    Инаку гледам имаш 25, изгледа сме си генерација. Можда се знаеме :lol: :*
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Ех, денес беше едно девојче кај нас во школо, да се види со наставниците и ни седеше на час, инаку она е сега 1 година во ЈБТ. Леле кога фати да се жали, мене веќе страв ме фати, цела пребледев :lol: Имала 2 хемија, 3 физика и 2 кеца биологија во тетратка. :o Почна да збори за некоја Ачковска, аман таа Ачковска што ни прави, ваква таква.. А и братучетка ми таму учи и уште една познајничка и тие двете се жалат од таа. Што ли предава ? :^) Рече, абе хемија како што имаме 3 табли во рок од 15 минути ги испишува. А девојчето си е ептен солидно, многу учи и осмо кај мене заврши беспрекорно сите четири години со сите петки, без врски, без ништо. И овде учи ама ништо. Мене ми рече абе дојди си тука, немој со будалите во Моша да се запишеш, јас со цел памет сакав таму, среќа ме предомислија а и добро што ме премислија. Вика топ било школото, ама за строго стварно строго било, зашто обработиле 6 лектири до сега, а Орце само една. :o Јас друго школо на памет во моментов немам како алтернатива, сум се запнала ЈБТ, па ЈБТ, а имам само братучетка трета година сега, она ќе биде четврта кога јас ќе се запишам, нема ни во иста смена да бидеме. И само 2 познајнички, ова девојче и уште едно. А и не сме ни некои другарки, не се сакаме нешто. А децава некако сите скоро во исто школо, може и во ист клас да се паднат, а јас сама тука.. Се двоумам. :?:
     
  8. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ачковска предава биологија. Важи за една од построгите и принципиелни професорки. Мене ми предаваше две години. Јас лично немав проблеми кај нејзе, ама мора да си секој час спремен, не толерира неспремност на час и ригорозна е.
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    А, биологија. Па мислам дека бар тоа нема да имам проблеми. Јас баш се зачудив, кога ја прашав братучетка ми каква е биологија не ми рече дека е Ачковска и ми го рече истово како тебе, и рече мене биологија ми иде така-така, барала проекти нешто да прават.. А, па другпат цело време се жали, Ачковска па Ачковска, и се чудам :^) Јас биологија си имам 5 и заслужено, многу интересен предмет. Можеби понатака ќе се определам за нешто поврзано со биологија . ;) Фала ти, инаку. :)
     
  10. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Воопшто да не се двоумиш! ЈБТ е најдоброто средно во цела наша држава, не само во Скопје! Јас завршив таму пред две години и морам да кажам дека бев одлична со сите петки, а немав никакви врски. Да не испадне дека се фалам за оцените, ама горда сум што сите оцени до една ми беа заслужени, а воопшто не сум бубалица. Само сакам да ти кажам дека нема зошто да паничиш бидејки со континуирано учење се постигнува посакуваниот резултат.

    Точно е тоа дека премногу детално се бара се да се знае и кај некои професори нема никакво извинување, како на пример кај Ачковска (биологија) и кај Олгица (хемија). Сите се строги и имаат свои принципи. Таму нема одмарање и спиење цело полугодие, па еднаш само да те потпрашаат и готово, си завршил работа! Напротив, секој час може да им текне да те потпрашаат. Најбитно е што стекнатото знаење ке ти користи секогаш!

    За луѓето таму - не е точно дека сите се дигнати и лоши (добро сега, на почетокот може ке се филмаат некои исклучоци ама таквите секаде ги има и што е најбитно за кратко време ке се смират). Јас сеуште се дружам со речиси половина луѓе од мојот клас, одиме на кафиња (понекогаш и со класната), во кафеани, дискотеки, се собираме за празници... супер е. Најдобрите другарки ми се од ЈБТ!

    Имам преубави спомени од средно, многу дружења, забави, бегање од часови, дури и опомени за цел клас :D Секогаш бевме сложни во се и меѓусебно си помагавме :) Навистина беше интересно ;) Не за џабе сите викаат дека е најдобро средно!!! :)

    Поздрав :*
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Фала на поддршката и охрабрувањето. :)
    Ама јас отсекогаш мислев дека средниве се вака рангирани.. Прво е Корчагин, второ Орце а трето Јосип Броз. И после се Никола Карев, Ѓорѓи и така натака. Јас за биолoгија си немам проблем, многу сакам, ама со хемијава ќе си имам гадни проблеми.. :worried: Јас во основно имам 2ка и тоа кај една цела расеана наставничка, во средно 1 ќе имам. Оваа кај нас ништо не ни објаснува само ни дреме на час, и после од ракав ги тресе оценките. :@ И сега за полугодие ми ставила 4ка зашто имам биологија и физика 5ка. -.-
    Во средно ќе морам сериозно да фатам хемија.. |( А инаку знам дека во секое школо има шмизли и дигнати ама сите ми викаат дека во ЈБТ ептен имало. Некои па викаат многу биле строги наставниците, а па наставничката на курс ми вика матурата била катастрофа. Се ме разубедуваат.. никој не сака да оди со мене во ЈБТ. Ама сепак не сакам да дозволам да ме разубедат и да не отидам во средно каде што јас сакам. Ако треба, јас сама ќе си одам во средно, па и таму ќе запознаам друштво, може и подобро ќе ми биде. Па, средно е, баш ново место за нови пријателства.
    99 посто, одам во ЈБТ. :)
    :*
     
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Јас пак имам другарка таму што е запишана и уште во основно кога разговаравме на темата каде во средно, таа знаеше дека таму ќе оди и отиде. Од моја генерација никој не отиде таму само таа. Девојчето во основно беше одлично, се учеше, се знаеше, сите и беа петки и по некоја четворка, беше убедена дека во ЈБТ е претешко и дека нема да стане од книга, но излезе дека не е така (барем таа така ми кажува). Сега ми вели дека е прелесно, дека само на почетокот ги држеле построго но дека сепак им попуштале. Вика дека не и е потребно некое посебно учење за разлика од основно. И тоа ми е една од најчудните работи за во средно. Инаку blueeparadise не знам што си запнала со Моша дека е пропаднато, не знам стварно што му фали на училиштето, а може и да се најде некој на форумов што учи таму и да се почувствува навреден. ;) A што се однесува до рангирањето, така како што си ги наредила не се, бидејќи според строгоста сега Орце Николов е најстрого, а Корчагин и не баш така, а меѓу првите е и Георги и ЈБТ, а Карев оди се подоле и подоле. ;)

    П.с. Нормално е секој да го фали училиштето во кое учел или учи, сигурно јас нема да го плукам сопственото училиште. ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Блупарадајс оди кај што сакаш ти. За тешко секаде е тешко ако книга не фаќаш. За Моша и не е толку пропаднато школото, верувај. Штом Никола Груевски тука завршил и ене го сега каде е значи супер е. :D :D Се шегувам. Значи сепак добро школо е и тоа.
    За ЈБТ сите кои ми збореле ми го имаат претставувано во добро светло, но сепак не би се одлучила за таму. Мојата одлука си е конечна. 8)

    Извинете малку офф топик заминав ама морав да си кажам.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  14. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Јас кога се запишав, немав ниту една другарка од основно, потполно сама отидов па супер ми беше ;) Кога веќе сме кај тоа кои познати личности завршиле во ЈБТ, листата е мноооооооооогу долга. Еве за пример ке ги посочам Весна Петрушевска, Александар Митевски, синот на Тони Михајловски, потоа синот на Б.Ц. беше моја генерација, а сега и керка му е таму и уште многу деца на видни политичари... да не должам, навистина се многу :D Брат ми исто се запиша во ЈБТ. Некако во моето семејство стана традиција да се учи средно таму. :D

    Секој си кажува свое мислење, така да за мене ЈБТ секогаш било, е и ќе биде најдоброто средно кај нас :) Сите останати ги ставам позади :D Изборот е твој, ти сепак најдобро знаеш што сакаш.

    Поздрав :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308

    Да, имам слушнато во последно време дека Орце води, а Корчагин е после него, битно ЈБТ е во првите три.. А и за Карев знам дека оди се подоле и подоле. А за Георги викаат дека е онака, солидно. А инаку за Моша :$ ( еве навистина се извинувам ) но така го бие глас, а и имам јас другар што учи таму. И се прашуваме како е во школо ( а детево значи беше со двојки и тројки во школо и се запиша преку врски, зашто и со врски и без врски во друго школо неможеше да се запише :!: ) и ми вика ееј топ, физика си пишуваме во тетратка по една страна, јас четворка имам. А значи јас физика за да добијам четворка, не тераше нешто да учиме по три лекции (кога одговаравме) по шест страни! Друго, таму има многу албанци и тапа е, секој ден тепачки и проблеми. Школото е на ниво на основно, дури и помалку. Тоа може е добро, лесно е, ама со кое знаење ќе искочат децата од него? Со никакво. И незнам деца со многу голем потенцијал, и со добри оценки се запишаа таму. А ова за ЈБТ, па секој си има своја приказна, како му е таму или како поминал. На секој му е различно. Еве може јас грешка сум, тоа девојчето може не учи, има слаби оценки па се жали. А и братучетка ми ми рече дека од почеток ги држеле построго, нормално за да не се опуштат и понатаму продолжиле маалку поопуштено. Ама сепак, не било се мед и млеко, мазно и подмачкано. Морало да се стегнат и здраво да учат.
    Поздравче. :*
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Девојки, фала ви на сите најмногу за мислењата. :)
    Сепак, ствар е до карактерот и колку детето учи. Ако не учи детето нормално дека СЕКОЕ школо ќе му биде тешко, не само ЈБТ. ;) Ете, на некои деца не им се свиѓа ЈБТ, на некои им се свиѓа. Ама тоа како кој го доживува. Сум добила и позитивни и негативни критики за него. Ама еве гледам тука ме охрабривте, имате прилично позитивни критики за ЈБТ, а и онака јас таму сакав да одам, па и богами ќе одам. Нема да дозволам некој да ме разубеди. И што ако има шмизли или дигнати? Ее, па и тие ќе ги спуштиме, нека не се секираат. ;) А и јас нив нема многу да ги тинтрам, нека си бидат шмизли за себе, баш ми е гајле. Ќе си ја гледам мојата работа, ќе си учам, ќе ги наредам како што треба оценките и баш ми е гајле за други.
    Сигурно во почетокот ќе бидам малку изгубена ( малку повеќе :lol: ) но сигурно ќе се привикнам, ќе си стекнам друштво ии се ќе биде добро.
    А и во краен случај, ако се премислам нешто ( на своја волја ова, нормално, веќе не дозволувам никој да ме разубедува кај да идам јас :!: ) би можела да се запишам во Георги, солидно и добро школо.
    Уште еднаш, фала ви на сите. :) :*
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Девојки, извинете, извинетее, знам дека ја пренатрупав веќе темава :$ ама заборавив ова да го прашам.
    Дали во ЈБТ примаат малку послаби ученици? Не дека сум онака многу послаба, туку во петто и шесто завршив сосем одлична а во седмо одлична ама со 4 четворки и една 3ка, тогаш ептен се попуштив.. Сега пак се стегнав, на полугодие поминав одлична со една 4ка и една 3ка и ќе продолжам со исто такво темпо, малку позасилено до крајот на годината, па верувам ќе бидам скроз одлична. Сега незнам дали ќе ми направат проблеми за успехот во седмо. :?:
     
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Еве морам да кажам за Георги (бидејќи таму учам и сум прва година) дека не е баш најлесно, а и нели важи за едно од „елитните“ училишта во Скопје. Сепак секое средно училиште со себе си носи одредена тежина, не можат да се споредуваат бидејќи ако ЈБТ е построго, Георги сигурно во нешто друго ќе води и обратно. :) Исто така имам слушнато т.е. ми има кажано другарката што учи таму дека е битно и како се облекуваш, односно дека секој професор те гледа со различни очи, дека некои сакаат да бидеш пообично облечен, друг подотеран и дека имало повеќе професори што повеќе го ценеле тоа како се облекуваш отколку твоето знаење (значи ова ми го има кажано другаркра, немојте веднаш да ме напаѓате со различни коментари, тоа е нејзино видување, она така заклучила). А и плус се работи за различни вкусови и мислења и поради тоа на оваа тема можеме засекогаш да зборуваме и секако на крајот ќе има некој навреден, а никој на никого не може да му смени мислење. :) Моша колку што знам сега е Арсенје Јовков и тоа е прилично добро училиште (ако навистина Моша сега е Арсеније). Инаку за учењето не оспорувам, секое училиште си бара учење, па било и меѓу послабите. А за оцените треба да си израчунаш колку бодови имаш, ако ти си имала една четворка и тројка, треба вкупно да израчунаш бидејќи битни ти се бодовите, и плус битно е по кој предмет имаш четворка и тројка. Ако сакаш пиши ми лп ќе ти пишам како да ги израчунаш и ќе ти пратам слика од овогодинешниот конкурс. Поздравче. :*
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308

    Да, Моша сега е Арсеније Јовков, ама уште сите го викаат школото Моша. Инаку јас сум била во Моша, мислам сум поминала крај дворот, зашто живеам блиску и сите деца во двор, кој се дере, кој пцуе, кој се тепа, и бев со другарка (незнам кој ѓавол баравме да поминуваме од таму.) па почнаа нешто да ни свиркаат, да ни викаат. И ние оп, си се свртевме, демек не ги приметуваме и си продолживме. Фиу.. Нормално, сигурно и таму се бара знаење, ама не дотолку на пример како во поелитниве како Георги на пример, ЈБТ, Орце, Корчагин.. А за Карев незнам зашто се оди удолу и удолу. Јас колку што знам прилично добро школо беше, се држеше. А кај мене скоро цела генерација ќе оди во Георги, 1-2 деца во Орце, во Корчагин никој, во ЈБТ очигледно само јас :lol: и евенутално една моја другарка се мисли дали во Георги или во ЈБТ (и тоа сака во ЈБТ само зашто некој што го свиѓала учел таму. |( ) А инаку за ова со бодовиве ти пишав во ЛП. :*
     
  20. TammY1oo

    TammY1oo Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    И јас планирам да се запишам во ЈБТ.. но од нашето школо немаме некој многу добра основа.. посебно хемија, биологија и македонски.. па ме фати страв за таму.. незнам какви професори ќе ми се паднат.. Како најдобро решение ми се виде ЈБТ бидејќи е полесно од Орце и Корчагин. Исто така почнав да се мислам и за Васил Антевски Дрен дали некој може да ми каже како е таму? :)