Може тупиме со ова ама битно ни е. Ако може некој што знае како се обработуваат лектирите и што поточно се бара од нас (кај сите наставнички, која ви предава за таа кажете ни). Ве замолувам ако не ви е тешко, барем на ова да извадам оценка иначе сум тапа македонски ни состав незнам да напишам.
Да да .. А и плус,сакав да прашам,како се прави анализа на лектира?Се мисли на тема,идеја,мотив..? Дека во основно не ги анализиравме,па ова сега за мене е ново.
зависи која професорка ти предава, нас Ана не не замараше многу со детали претежно она самата си зборуваше и си одговараше на прашањата Инаку знае некој што бидна со списоците за класови во 3та година, има ли некакви известувања?
На тие што се запишале во Јосип Броз Тито им посакувам среќа мнооогу и да ви се паднат подобрите професори. Јас таму завршив и не ми беше воопшто лесно. Ако има некој нешто, слободно нека ме праша
Во втора година остануваат истите професори од прва? Знам некој се менуваат, ама само неколку или сите?
Вака, прашувам за братучедка, која се префрли во ЈБТ. Дали ќе и биде тешко да се вклопи и какви се професорите?
Ќе се вклопи сигурно ќе ја прифатат и децата и професорите. Професори има секакви и добри и строги зависи кои. А германската паралелка, ниеден предмет не е на германски јазис, предавањата се на македонски
аа тука се учи англиски или само германски и француски? На едно место прочитав дека немало англиски паралелки
Само германска билингвална паралелка има, англиска и француска нема Сите слушаат англиски јазик и тој се води како прв јазик а германски или француски како втор во зависност од тоа што си учел во основно. А германската паралелка го учи германскиот како мајчин јазик се надевам дека ме разбра
^ епа тоа значи дека сите други предмети ги учат на германски јазик или не? Или само им е зголемен бројот на часови по германски?
За другите не знам ама ако ти се падне Дијана (Дерменџиева) си се зезнала Не само што бара детална анализа на содржината и сите ликови,туку бара и да читаш меѓу редови,да бараш скриени значења,метафори и слични глупости. Плус, писмените не се како во основно,туку се уствари анализа на некое дело. Ако знаеш да пишуваш убаво, нема да имаш проблеми. Ама ако си дудук, ќе треба цревата на катедра да и го оставиш за 2ка Кај мене во генерација ја и уште 10 души имавме 5ки на крај. И гледај да те засака, значи истакнувај се на час, биди активна, дискутирај , носи и домашни, понекогаш прави се и паметна (ако не си природно ) зашто сака такви деца. Иначе жената ќе ја видиш многу е добра и паметна ама стварно многу бара. Знам дека од памет те извадив сега ама јебига поздрав
Епа вака..другарка ми била вчера во ЈБТ да си се најде на список,и ме нашла мене,заборавив кој клас мислам I-3 дека бев,и класна -Ачкоска Ајде помош сега.Каква е ачкоска како класна?Како оценува?Каква да бидам кај неа?Знам сите зборуваат за неа дека била најстрога од сите. Кои други професори ќе ми се паднат?Има ли шанси да ми предаваат Драган историја и Коле географија? СТРАВВВ МИ ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ !!!!!!!!!!
На вас сега што сте прва ќе ви се паднат професори што ми предаваа мене Ачкоска ми беше класна 2 години, супер си е жената, за се ќе ви помага. За класна е најдобра, верувај. Само учи си и почитувај ја, не и бегај од часови и ќе си немаш гајле. Не дека е строга ама си бара жената знаење. Предава предобро и ако внимаваш многу ќе научиш. Бара знаење, не попушта за оцени и не ти одзема оцена. Срце е жената, како класна многу ќе се труди околу вас. И Драган и Коле најверојатно ќе ти се паднат, супер се и двајцата. Едни од најдобрите професори во ЈБТ.
Лелеееее,прв пат да слушнам пофални зборови за Ачкоска еј Фино фино,јас и онака не сум дете што бега од часови и што галами,бубаче сум,си учам,активна сум си.. Дај боже Кола и Драган да ми се паднаааааааат,најсреќна ќе бидам,НАЈСРЕЌНА! Други професори да не знаете кои ќе ми се паднат?