Како што се однесуваш со Ачкоска, така и таа со тебе срце е жената, си бара дисциплина и знаење, и знае да го вреднува знаењето. Златна професорка е, многу може да се научи од неа. Македонски или Верче или Дуева ќе ти се паднат. Математика Кате или Ружа. Хемија Златко најверојатно. Физика Олга. Историја или Драган или Ирена... Во глобала добри професори ќе ви се паднат годинава.
Се смени поставата сега во ЈБТ,гледам се млади професори,нови..онаа старата гарди тврди ореви си испоотидоа у пензија така да не му се замарајте многу и не слушајте моабети затоа што ако за некој било тешко или лошо за вас може да е сосема спротивното! Оставете работите да си идат спонтано,дружете се,учете,ви доаѓа допрва убавото од животот!
Паа не сум баш сигурна за ова, бидејќи ги видов дел од наставниците што ке предаваат ова година: Ружа - математика Ачкоска - биолгоија Олгица - хемија Љубица Каревска - географија Ке видиме што не чека. Инаку зар никој не го знаете Гоце Ѓорѓиоски по физичко, класен ми е, мислење некое за него? Каков е како класен?
Вака по муабети сите се плашат од Ачкоска. Али братучед ми си нема гајле си праи муабет со жената и ми вика фина била.
Ааам слушам Ачковска ќе предава во прва, дали тоа значи Сековска ќе предава во втора? Spoiler Please say yes,please say yes
Ко класен не знам каков е , мене ми предаваше физичко во 4-та и типот си е благо кажано , ненормален ! Му фалеше некоја даска ! Јас имав лекарско извадено дека не можам да вежбам ми го врати , па се колеа со докторот што ми го даде како може да не го признае , едвај се симна малку на брашно што се вика , па ме тераше за секое тромесечје да му пишувам семинарски во големина ко дипломска ама ај се трпи некако , и тој пројде
Добро останал некој...Од овие ми предаваа само Олга и Љубица! Вака за Олга можам да кажам дека е неверојатен флегматик,цело време ги испрашува истите луѓе,очигледно е изгубена,си бара да научиш и не сака да и се правиш паметен...како и секој професор нели! Љубица е посебна приказна,си живее во времето на Тито уште ама не е дека јаде! Си бара секоја лекција да ја имаш научено добро,гледај на почетокот да те запамти дека учиш мн.полесно ке си ја истераш...на почетокот кога ќе ве испрашува стандард ќе шета меѓу клупите и ќе ви го затвара учебникот пред вас и фаца! ама нека не те плаши тоа,напротив насмеј и се и пуцај да видиш како ќе те запамти по арно! И цело време ќе ве замара со праење хамери,проекти и ќе раскажува каде се патувала у младоста! За Ружа имам слушано дека е тотално изгубена,постара е жената веќе,па заборава што си добил на тест и такви ствари...Ачковска ми предаваше два часа само и можам да кажам дека си бара жената учење онака добро,и не сака да и контрираш и да и се праиш паметен,вака на изглед е престрашна ама дефинитивно може да се тера моабет јак со неа само да не те замрази! Ѓоко не го познавам! Со среќа!