Ај збор два за професориве, од тие што веќе имале час со нив.. Англиски - Софија Етика - Слободанка Социологија - Цеце Македонски - Александра Физика - Виолета Нек се угоде
Англиски Софија-оу мај гад само ќе кажам! не дека е страшна или нешто,туку знае да биде препотентна,мрзлива до немај каде,она увеке ненаспана и ненајадена да знаеш! Знае да е иронична ако не те сака,машките и се слабост и мн.повеќе е наклонета кон нив па макар и да се незналици...ако те засака добар моабер можеш да си направиш! Јес да скоро стана мајка па можеби тоа ја променило..ќе видип па ќе кажеш! Дава прилично тешки тестови! Социологија Цеце е најдобра професорка што постои,не знам што повеќе да кажам! Жена-душа! Можеш за се моабет да напраиш мн.фина и праведна! Др.ми се нови не ги знам
Софија т.н Барби е стварно одвратна жена, само за мода ќе ви збори, за керка и за маж и, не предава скоро ич, а многу бара и тестовите и се ужас. Социологија Цеце е срцка тоа што предава тоа и бара и лесно е ептен. А Етика Слободанка е прича за себе Мене многу ме сакаше дека секогаш и носев домашни ( а дава да се пишуваат есеи на некои стварно многу глупави теми ) и секогаш филозофирав на час, ако си активна во дискусија и не збориш на час добро ќе поминеш кај неа, ама ако не тогаш ќе си имаш проблеми
Luge, ako moze mislenje za Aleksandra hemija, kakva e za testovi, isprasuvanja? Treta sum, prvpat mi predava i site komentari sto sum gi slusnala za nea bile losi :/
Да не те плашам, ама кожичката ќе ви ја одере. Мене ми предаваше на замена за Мироновска, абе катиљ човек. Прв час одма диктатура ти поставува. На некој начин „ја потгазуваше“ Мироновска, пишуваше единици во дневник. Не смееш да писнеш на час, предава, ама и многу бара. Сите на кои им предавала подолго викаат дека е змија.
За Олгица се збори лошо, ама мене ми има предавано и искрено ми беше омилена професорка. Ако си учиш ќе немаш проблем. Само пофалби од мене за неа зашто најдобро предава и многу работи ќе научиш на час и полесно ќе ти биде. За другиве не знам ама мислам дека не се збори баш добро.
Мене па сите ми кажаа дека буткала деца на крај,по цели класови..искрено,мене не ми иде хемија,но навистина ќе дадам се од себе оваа година. Океј,сите ми кажуваат лоши биле ваму таму,дали е воопшто возможно да се има петка или четворка кај овие професори? а иначе како испрашуваат?по цели лекции,теми,делчиња раскажување,блиц прашања..Како?
Со завршена 4та год во Јосип Броз Тито ти кажувам свое мислење, Љубица е страшна сама по себе така да на нејзини часови ќути си.Она си кажуваше коа испрашува така да секад коа ќе каже дека испрашува научи си..затоа што одма ќе ти лупне ќец не и е гајле.Ако си учиш,немаш проблем. Олгица сака све да знаеш на табла да и пишуваш и објаснуваш ии чим не ти иде хемија..барај помош од другарки да ти објаснуваат. Ирена историја е најголема досада..има монотонен глас и ќе се утепаш од спиење језда бара да и пишуваш што диктира али ќе си ифотокопираш од некоја другарка затоа што секад кажува унапред неколку часови дека ќе испрашува...а и моеш некад да ја замолиш ако не знаеш...плус поише на лист пишува дали знаеш па пак ти дава шанси. Ружа ми беше класнс.Жената е срцка само ќе се придерава од време на време .На тест ако не препишеш и добиеш слаба..да си знаеш дека поправање тек со следен тест за тромесечие полугодие...поправен не ти дава жената па што сака нека е! Др прашање?
Тенк ју Ме интересира дали некој ја знае физика Виолета,како испрашува,дали дере,става ли кецови ова она? И исто така ме интересира Ачкоска како испрашува?И другите професори како германски ( јулијана или лидија незнам како се викаше),и вера македонски?
Добро бе не ви кажаа како ќе иде процедурата коа прв пат имавте час со нив?Ачковска најавува коа ќе испрашува и подобро е да знаеш зашо жената страшно памти што као било не моеш да ја заебеш !Германски ако збориме за истата тоаш жената само крекаше никој не ја фермаше коа испрашува ни она не знае што прашува.Се препишува на тестови премногу значи прелесно е ако барем малце си паметна!Нека не те знае многу по име која си затоа што тие што беа активни апла ги замараше.Вера не ми предаваше
Физика Виолета е најдобрата професорка што можело да ти се падне. Многу ретко испрашува и става минуси и плусеви кои не ти влијаат на оценката освен ако си меѓу оценка, а на испрашување си имал плус па ти става повисока оценка. Тестовите се многу лесни, а и може да се препишува ама ти препорачувам да учиш за тест пошо сите викаат лесен, никој не учи и после и да можеш да препишеш немаш од кој хаха ( од искуство ти кажувам) Професорката е одлична. Ачковска ми нема предавано, ама имам слушнато дека многу сака активност на часови а се подразбира и многу знаење. Исто така била и доста праведна. За македонски и германски немам слушнато. Со среќа
На почетокот и јас се плашев многу од географија али испадна најкоректна и фер професорка. Стандард е секој час да испрашува за минатата лекција така да учи си со ред. Ако те види дека си активен на тромесечие ти пишува 5ка без да те испраша. 1то тромесечие ме испрашуваше секој час и ме научи дека знам, после уживав цела година. Нека те научи на почетокот дека учиш, после гајле немаш. Ако некогаш испрашува, само спомнете и го земјотресот од 63', ќе ви отидат 20 минути од часот. Одлична професорка и има интересни предавања.
Љубица географија - жената како ќе те научи во прва година во прво тромесечие така ќе тера со тебе до крај. Ако се докажеш тогаш и види дека знаеш после нема да те замара ама ако не се докажеш и те гледа дека не ти иде после ќе те испрашува често и ќе ти биде доста тешко со нејзе. Хемија Олгица - боље она него александра. Жена на ниво .. си бара знаење и мислам дека реално си оценува, иако да строга е но не многу.
Од лошите , најлошите 3 ти паднале . Господ нека ти е на помош чедо , т.е не , ни он неможе да ти помогне сеа ....
Да ве прашам дали некој тука имал искуство со педагогот? Направув глупост и незнам дали ке ми иззрече некаква мерка? Ќе треба да одам пак,кажете ми нешто повеќе
Мене па сите ми кажаа дека буткала деца на крај,по цели класови..искрено,мене не ми иде хемија,но навистина ќе дадам се од себе оваа година. Океј,сите ми кажуваат лоши биле ваму таму,дали е воопшто возможно да се има петка или четворка кај овие професори? Абе луѓе, не го плашете девојчето. Љубица и Олгица ми предаваа во прва и втора година и не, не се толку страшни и да може да се има петка кај нив, е сега за хемија е повеќе прашање дали ја разбираш хемијата, ако не ја разбираш тешко да ќе извадиш некоја повисока оценка. Љубица да, си ја има таа нејзина страшна појава да ја кажам ,скоро секогаш е иронично насмеана, за испрашување мислам закажуваше ама учената лекција секогаш ја повторува следниот час, пред да земе ново. Најчесто ги дига тие што креваат рака, ама ако е во лошите тогаш може да крене кој било, посебно ако се наближува тромесечие или полугодие, за полесно да ти заклучи оценка (кец де ) Ама вака за испрашување, стварно коректно си испрашува, не ти бара ништо надвор од книгата а и географијата и во прва и во втора според мене е прелесна. Ако и бегаш, или не си и по мерак тогаш може да те тегне цела година, ајде ти ученик/ученичка на табла и по пола саат ке те испрашува и накрај пак 2че, 3че ке ти стаи. А на некои стандард тројки или четворки им става. Е сега јас да си се пофалам, мене уште почеток на прва ме засака, и све нагалено ме викаше ме гушкаше по ходници и да не знаев се гледаше петка да извлече од мене, и бегав 4 часа по ред пред полугодие а ми стави кец со молив, дојдов следниот ден и четворка ми спушти. У втора малце ги расипавме односите, и четворка имав ама пак си ја ценам како професорка и баш сакам да ја видам деновиве Олгица првпат кога доаѓа мислам се претставува онака мила, добра вака испрашувала така а после не е баш толку добра Не дека е злобна жената, само некој ако си фати за заб кога има полабави испрашувања во последните 5 минути баш него ке го дигне и ке го заебава буквално пошто знае дека нема поима, ке му се потсмева, иронично така. Ама за предавање е супер, по сто пати едно исто ке повтори, добри планчиња прави, испрашувањата не и се нешто комплицирани, за двојче тројче онака дефиниции стандард али јас имав двојка па пак решавав задачи, формули.. Тестовите и се со средна тежина, јас барем не сум се осмелила да препишам за други незнам, ама ако те засака супер ке си поминуваш, едно девојче кај нас поима немаше и стандард тројка и ставаше