За Јасминка знам од прва рака да ти кажам Кај неа биди мноогу активна кога обработувате дела и лектири, се си запишува во таа нејзината листа,ако не си активен за некое дело имаш минус, и после кога ќе испрашува за оценка ако имаш минус ќе те праша за делата, без нив нема шанса за добра оценка. Писмените и се зезнати. Темите се ок, ама многу строго оценува, критериумите си ги поставила онака ептен високо Тестовите се ок, дадено ти е што треба да учиш и тоа е тоа.
a ima 2 profesorki so isto ime,zasto citajki po forumov naidov na jasminka atanasovska i videska ili istata e?
Александра хемија животот ми го загорчи цело средно. Мноооогу тешко кај нејзе до повисока оценка се стига, мора ептен да те засака или ептен многу да учиш. Тестовите и се исто многу специфични, секогаш дава многу тешки примери за разлика од тие што сме ги решавале на час. Единствено што можеш да направиш за да си помогнеш е секој час да бидеш спремна пошто скоро секој час прашува пред да почне со нова лекција за тоа што сте учеле претходно. Позитивна страна кај Александра е што секогаш попушта на крај на година, не и е проблем да поправи за успех и цени знаење. Само што многу бара.
Кај мене во фамилија, сите се во ЈБТ завршени. Чичко ми, татко ми, братучедка ми и братучед ми, сестра ми (ама само една година, бидејќи се преселивме во Виена и тука заврши матура) и сега најтазе ми е братучед ми (од страната на мајка ми). Здравје боже и јас сакам во ЈБТ да се запишам за две години, некако според мене најдобра гимназија е.
Блазеси ти што убави професори ти се паднале. Емче е најврв жена у цело школо исто и Јосип и Гоце ликовно.
Некој да ми каже нешто повеќе за паралелката што има 6 часа неделно германски? Приватна е или не? Тешко е?
Незнам за ЈБТ ама ќе ти кажам за Георги (пошто скоро исти се). Значи имаат 6 или 7 часа неделно германски, тоа ти се фаќа по 8 часа скоро секој ден. Секако малце е потешко од оние нормалните часови, се учи повеќе и се бара исто така многу повеќе за разлика од другото. На крај на секоја година си полагаат испити пред германска комисија и на крај добиваш сертификат со кој полесен ти е уписот на некој факултет во Германија, а со самото тоа и можноста за работа. Ако знаеш германски и ако си спремна, можеш комотно да си отидеш п.с - Не е приватна.
Значи во ЈБТ тоа е паралелката 10 (I-10, II-10 итн..) и тие учат исто како и другите гимназијалци само што наместо 3 часа англиски неделно како останатите, оваа паралелка има 2, а германски наместо 2 часа изучуваат 6 часа. Е сега нз дали имаа 2 или 3 проф по германски, ама знам дека имаат и предавања од професор германец кои што нормално предава на германски и затоа нив им е најнапорно зашто скоро секој ден имаат по 7 часа. Инаку се најдобри по успех во сите предмети и треба да се полага некој испит кога ќе бидат уписите за да те примат.
Значи во ЈБТ тоа е паралелката 10 (I-10, II-10 итн..) и тие учат исто како и другите гимназијалци само што наместо 3 часа англиски неделно како останатите, оваа паралелка има 2, а германски наместо 2 часа изучуваат 6 часа. Е сега нз дали имаа 2 или 3 проф по германски, ама знам дека имаат и предавања од професор германец кои што нормално предава на германски и затоа нив им е најнапорно зашто скоро секој ден имаат по 7 часа. Инаку се најдобри по успех во сите предмети и треба да се полага некој испит кога ќе бидат уписите за да те примат. Едит: не е приватна.
Таблото е ставено на излогот во оптиката до ресторан Пелистер на плоштад. Мислам дека оптика галерија се вика оптиката.
Девојки да ве замолам да ми ги кажете јазичните смерови Стварно не разбирам што значи Јазично-уметничко А/Б што е разликата? ии кажете ми што треба да имаш за во англиска паралелка?
нема англиска , има една билигвална ја викаа ли , ама таа се мислам дека учеа се на германски Јазична пакет а -- италијански , латински , компаративна книжевност , педагогија , психологија , биологија , физика , хемија , (овие три се само во трета во четврта веќе ги немате) математика , македонски ,англиски , германски/ француски бизнис итн Јазична пакет б -- драма , музичко , ликовно , педагогија , психологија , македонски, англиски , германски/ француски , бизнис и сите останати Веќе во 4 -та нема биологија ,физика , хемија ... и не памтам уште кои се не ги има Јас завршив на пакет б точно пред 4 години , и нема ама баш никакво замарање во секој случај , ептен лесно поминав
Абе дa ве прaшaм... тежoк ли е мнoгу приемниoт зa гермaнскaтa пaрaлелкa и дaли сo неa пoсле мoже дa се пoлaгa oнoa меѓунaрoднa мaтурa и дaли ствaрнoпoшo имa 6 гер имa сaмo 2 чaсa aнглиски неделнo (иaм уше 2 денa a уше се мислaм)
Вратив после уписот, се надевам ќе ти помогне.. За приемниот не знам, не учам во таа паралелка и да точно е дека имаат 6 часа германски и тоа од 3ца професори и 2 часа англиски (останатите класови имаат 3 англиски и 2 германски/француски). Ни еден предмет не го изучуваат на германски, се е на македонски исто како и другите класови, во мојата генерација германската паралелка се најдобри по успех, прееееемноооогу учат и се борат за просек зашто после полагаат испит кој им овозможува студирање и работа во Германија. ЕДИТ: Меѓународна матура се учи само во 3 и 4 год, тоа нема врска со германската паралелка.
Историја - Тамара евентуално „Даскалот“ Биологија - Ачковска или една нова не ми текнува како се викаше Географија - Кржовска сигурно Македонски - Александра Миовски или Ленка Панчевска Математика - Ако Кате се врати од породилно, а ако не Зоран Англиски - Ива (нова е) или Александра Физика и хемија не знам (хемија можно е Оле или Александра)