1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Види сега, ако ти учиш здраво, нема да имаш проблеми. :)
    Ова ми е потврдено од повеќе деца што учат таму. А сега за професориве незнам, зависи кој како ќе ти се падне. Ја прашав братучетка ми дали е можно да ми се падне Ачковска - по биологија, рече дека не е сигурна, ама ми рече веројатно не. Ајде, подобро за мене. :$ Немој сега да те уплашам, еве и некој порано спомена на темава каква е Ачковска, дека е строга и принципиелна, и мораш на секој час да си спремен. Па потоа имало некоја си Калајџиева по хемија, сега незнам таа дали ќе ни се падне (ако одиш ти во ЈБТ. :) ), таа исто била лоша, така по малку швркната :D . Исто, ако учиш француски во школо, имало некоја многу терсене наставничка. Знам едно дете, кое добило 4 на писмена затоа што не и се допаѓал неговиот ракопис на професорката. :!: И кога братучетка ми била на екскурзија, оваа се начукала. :D А, другите професори не ги знам. Инаку, ЈБТ за полесно, полесно е од Орце и од Корчагин, ама знаеш, на пример каде Орце некаде е полошо, таму ЈБТ е подобро и обратно. А инаку за тоа школото што го спомна, Васил Антевски Дрен, имам само 2-3 пати слушнато за него и незнам какво е. :) Се надевам дека ти помогнав.
    :*
     
  2. Teddey

    Teddey Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    За Васил Антевски Дрен јас можам да ти кажам дека имам една другарка таму, солидна ученичка е, и коа ја видов последен пат ПЛАЧЕШЕ! Зашто и било стварно тешко и имала премногу нови предмети. Сеа незнам тебе како би ти било, јас само кажувам тоа што ми кажува она. :) И затоа не ти го препорачувам баш. :worried:
    Освен ако несакаш на правен смер, а за тоа не би можела ништо да ти кажам.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Девојки забегувате оф топик. Ако сакате да дискутирате за кое средно да го одберете може дискусијата да ја продолжите тука, а и да побарате совет.
    obrazovanie/koe-sredno-uciliste-da-go-odberam-t4699/
     
    На SexyLady и Teddey им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Сакав да ја постирам тука страната на ЈБТ, ама сум заборавила. www.josipbroztito.edu.mk
    Штета што странава ич не е одржувана, некои правила од кодексот за однесување се од пред може 3-4 години. Прва смена не им започнува од 8, туку од 7ипол, ми има кажано и братучетка ми. А и кодексон каков е, да се уплашиш. :lol: Треба да биде направен и форумот, зашто неможе да се влезе, незнам зашто. :?: Малку да ја направат страната и супер ќе биде. На другите школи им е многу поуредена. :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Најубава гимназија, дефинитивно !
    Најубави спомени носам од таму.
    Сите убави, лоши моменти, сите другарки, другари, дечковци, трачеви, драми, солзи..
    Се поминав таму.

    Немам да кажам ништо освен пофални зборови за гимназијата.
    Професорите каде-каде ама сепак, не е училиште без по некој лош професор.
    И неможам да се сложам со Трендафилка кога станува збор за професорката Дијана по македонски јазик бидејќи мене баш и не ме обожаваше.
    А, професорката Ружа по историја.. Уфф душата ми ја извади зошто сум водела љубов по ходници :)
    Најубави екскурзии :)
    И се друго по ред..

    А тоа дека има дигнати, богати... Па каде ги нема ?
    Во моја генерација немало многумина такви, според мене.
    Таков глас ја бие гимназијата..
    Инаку супер е :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Хмм.. Па и јас многу мислам кај да се запишам во средно.. Но се нешто ме влече накај ЈБТ ! Мислам дека ниедна моја другарка нема да оди таму, но сепак мене ми е некако најдраго школото.. :D Што се однесува на професорите знам две професорки и имам разговарано со нив за оваа тема.. Велат школото како школо е океј, нема потреба од многу тупење на главата ако си имаш учено во основно.. Знам само за Ачковска, биологија дека ја бие лош глас, но мене одсекогаш ми одело биологија многу интересен предмет ми е.. :) Исто немам проблем ни со составите македонски, така да мислам дека нема да биде многу тешко.. За учениците, да има некои дигнати шо само се фураат, али уопште не им обрнувај внимание, така да нема да се замараш многу со нив ( а од кај знаеш може некоја од нив да испадне добра другарка :D ) Па ако се двоумите дали да идете у ЈБТ зашто сте слушнале дека професорите се престроги ич не му ја мислете.. Запишете се каде сакате.. Па може и во ист клас ќе се паднеме.. ;)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    На Bebe57 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Класна ми беше.
    Потполно те разбирам.
     
    На Bebe57 и Yipman2 им се допаѓа ова.
  9. dele

    dele Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Здраво, јас сум од Скопје и планирам да се запишам во Јосип Броз-Тито, па би сакала да запознаам некој што исто така планира да се запише таму и мислење околу училиштето... :)
     
    На thebesta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Јас имам во план да се запишам во ЈБТ, но имам постари другарки од 1, 2 и 3 година кои велат дека ако би можеле да го вратат времето, никогаш не би се запишале таму. Велат било претешко, а и наставниците биле за никаде. :worried: Од друга страна пак, другар од трета година вели дека во споредба со тоа колку го заплашувале, си поминувал одлично и да требало да бира повторно, ќе го одберел ЈБТ.

    Сите велат различно. Не е дека не учам, сите ми се петки, но ме плашат по малку со тоа што го кажуваат дека буквално не креваат глава од книга. Друга опција ми е Корчагин. И ваму и таму нема да имам никоја од моите другарки од основно, така да исто ми доаѓа.

    Време немам уште многу, а и моите од дома ме притискаат да одлучам. Не знам што да мислам. :?:
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Море Корчагин бетер е од ваму.Братучед ми се запиша сега, абре живци им вадат: проекти, историја цела тема им дал да научат, претстави 300 чуда.Одличен ученик со сите петки, сега оваму 2-3 па и кецови. :!:
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Нема правило дека ако во основно си со сите петки, ќе бидеш и во средно. Ама баш нема врска!

    Објективно гледано, ЈБТ си живее на стара слава. Ниту кадарот, ниту дисциплината, а ниту квалитетот е на ниво, барем не на она на кое порано бил. Слободно можам да кажам дека Корчагин се ниво погоре, барем за трите работи кои ги наведов. Ама сепак, има нешто што не може да се мери, да се споредува.

    Искрено сега пак да ми дадат да бирам, нема ни две секунди да мислам, ќе се одлучам за ЈБТ. Некако послободни се учениците, по пријателски настроени се и професорите, има интеракција, а мене најважно ми беше што имавме многу одлични ексурзии! Дружењата беа незаменливи, а професорите исклучително полни со разбирање.

    Јас излегов комплетно задоволна од таму, а не се жалам воопшто, ама баш за ништо.
     
    На girl1985, Phyramide и AHHii им се допаѓа ова.
  13. AHHii

    AHHii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    21
    И јас мисам да се запишам во ЈБТ ама некако ми е страв да не не се вклопам со децата, затоа што како што ми кажувале има и динати и секакви деца а јас не сум таква..
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мене особава ми беше класна 3 години, трнлива беше на моменти. И таквите моменти ги имаше многу.
    По онакво. Треба да си го патентира изразов :^)

    А дека се меша во љубовен живот, се меша. Јас што истрпев заради неа, се додека татко ми не ја пресече во поим, потоа така малку се срамеше пред мене, ама барем имав мирна глава :)
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    |(
    Ружа.

    Некогаш навечер , кога сонувам кошмари, секогаш е еден ист сон - јас доаѓам на час историја - и правиме тест!
    Никој не ми кажал, а сите знаеле. И сите имаат научено.
    Јас паничам и се нервирам и одеднаш влегува Мадам Ружа - со две различни чорапчиња :^) и уште ми бара оправдување.
    И родител присутен. И белешка од доктор и заверка во здравствена книшка.
    И јас тука вриштаааааааааааам !

    (и сонов не е далеку од вистината).

    Не, на женава и треба помош. Мајке ми.
    Луѓето кои болно им се наклонети на кучињата повеќе отколку на човечки суштества мене ми се шврки.
    Точка.
     
    На Gregoriana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    ^^ :o

    А јас мислев дека само од наш клас го имаме овој проблем со кошмариве. После толку години ние имаме кошмари со класната.
    Оваа Ружа истиот ефект го има кај сите :D

    Ц ц ц длабоко навлегува во психата и останува таму со години. По онакво!
     
    На Gregoriana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AHHii

    AHHii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    21
    Таа Ружа на која паралелка е класна?
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па зависи, или на 8мица или на 4рка, а понекогаш и на 6ка. Ретко на 5ка!

    Како на која паралелка? :^) Ние (тие што ја спомнувавме) одамна завршивме со Ружа (фала Богу) и со ЈБТ а сега дали е класна и на која паралелка и е класна, тоа не следам. Не ми е до толку фетиш гимназијава иако си ја сакав :)
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Не лажи Пирамид, :!: јас бев 3ка :D :D :D
    Абе дечки, најголемата грешка што се прави во средно е - што сите учиме за оценки, а не за знаење.
    Да ми е сега овој памет, си велам ќе се потрудев повеќе по тој и тој предмет, за да не мачам денес мака со некои работи...

    Можеби звучи излитено, меѓутоа ако се сака - може да се научи и убаво да се потковаш со знаење, не само да се провлечеш со некоја си преодна оценка...
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас лажам? Јас??? (смајли што паѓа во несвест) :D :D
    Ти гарант си го збунила бројчето, мене во пусулчево ми вели - Ружа не оди со 3ка! :D

    Шала на страна, ама точно е тоа што го викаш. Голем дел од тинејџериве учат за оценка.

    Јас учев за оценка онаму каде што апсолутно не ме интересираа предметите, т.е. за да не го паднам предметот. Ама тоа што ме интересираше го учев со желба да научам што повеќе. Жалам на пример што наредниве генерации нема да ја доживеат Ѓурчиновска филозофија, прекрасен професор.
    Или кога ќе ми текне кај ќерка и на англиска литература како го голтав секој напишан збор, и мака мачев со англискиот на почеток - ама барем научив да читам на англиски и да ги разбирам делата.
    Е сега да не се правам фраерка, физика навистина учев ради реда што се вика. Тука сум била и секогаш ќе бидам тутуле бале. Шта ќеш :$

    Тешко на оние што ништо не ги интересира па учат само заради оцена буквално се. Таквите ги жалам а богами и нас, е*ате иднината со такви генерации :)