Во смисла на тоа дека рејтингот и квалитетот е паднат и дека не е истата гимназија во која сите трчале да се запишат. Мубаети ли се, шо знам... ама така разбрав, затоа и прашувам.
Да се самоцитирам, нека биде и како инфо до сите вас што ве интересира: Списоците ќе бидат истакнати во понеделник, стварно не е фер толку касно.. а сигурно веќе им се готови
хај, оваа година треба да се запишувам средно и се мислам помеѓу карев или јбт. според вас кое е боје? каде е онака по лабаво? каде има подобри професиор и каде има повеќе металци
Здраво феминки,ќерка ми се мислам дали да ка запишам во Орце или во ЈБТ,ама некако мислам повеќе за во ЈБТ сме Епа вака она си учи се фала богу немаме проблем со тоа,девојчево не ми е шмизличе,културна си е само не сакам да ми ја расипат,и сакам да ми кажете нешто околу -Професорите (што би и предавале) - Друштвото -Дали е онака по лабаво или ептен е стегнато Дали многу се учи? се поминува со врски и така.. ама за врски може нема ни да требаат дека си учи она повеќе мислења сакам да прочитам )
Син ми е во Карев 4 година ќе биде од први,и ми рече дела вриело металци,и он како што не учи си поминува одличен!сепак добро размисли си
@Kristen13 Незнам многу и за двете средни бидејки јас се запишав во друго средно само од искуство од другарки што гледав каде се запишуваа оваа година сите што не успеаа на првиот рок да се запишат дека имале слаб успех отидоа во Јосип Броз бидејки таму умаше само место од гимназиите за кои се мисли дека се појаќи. Сепак прашај си некој од тие школи дека ке можат повеќе да ти помогнат јас само ти го кажав тоа што го знам. Се надевам ти помогнав бар малце.
Може ли да ми кажете малце повеќе за школото? за професороте,друштвото,какво е таму,читав јас од 2010,2012 ама сигурно се изменило нешто ај те замолувам ако не ти е проблем имам ќерка сакам да ја запишам
Истакнати се паралелките за прва и трета година. Со среќа нека ни е на сите, само успеси... ПРВА ГОДИНА I-1 Билјана Николовска - математика (англиски/германски) I-2 Александра Коруноска - хемија (англиски/германски) I-3 Светлана Гачевиќ - македонски јазик и литература (англиски/германски) I-4 Владимир Бишкоски - спорт (англиски/германски) I-5 Наташа Максимова - физика (англиски/германски и англиски/француски) I-6 Анкица Наумовска - информатика (англиски/германски и англиски/француски) I-7 Кристина Павловска - психологија (предметот е само во 4та година) (англиски/француски) I-8 Маргарета Кушевска - англиски јазик (англиски/француски) I-9 Славчо Ласковски - математика (англиски/француски) I-10 Кристина Битракова - ликовна уметност (германски/англиски) I-11 Салим Асани - географија (турска паралелка) I-12 Филиз Спахи - математика (турска паралелка) ТРЕТА ГОДИНА III-1 ПМА/ПМБ Загорка Хаџи Арсова - германски јазик III-2 ПМА Гоце Ѓорѓиоски - спорт III-3 ОХА Цеца Ѓоргиева - социологија III-4 ОХА Олгица Гавриловска - хемија III-5 ОХА Ема Андоновска - латински јазик III-6 ОХА Вера Бојкикева - македонски јазик и литература III-7 ОХБ Тања Стојковска - етика/филозофија III-8 ОХБ Емилија Величкова - македонски јазик и литература III-9 ЈУА Ирена Трајковска - историја III-10 ЈУБ Силвана Гелевска - музичка уметност III-11 ПМА (турска паралелка) III-12 ОХА (турска паралелка) III-13 Меѓународна матура Ана Младеновска - македонски јазик и литература
Еве за ЈБТ, школо ко школо ништо посебно. Премногу се оптоварувате околу тоа прашање, дури мислам повеќе и од ќерка ви што за неа е природно. Јас, сепак мислам на неа да го оставите изборот каде сака да се запише, оти утре на факултет не гледаат дали си бил од Корчагин со добар успех или лупам, од Панче Арсовски со одличен успех. Попрво, ќе го примат оној од Панче со сите петки, а тој што си учи ќе си учи и таму само нема да се расправа со исфрустрирани професори. Но, да се вратам на темата. ЈБТ сеуште го држи рејтингот од порано, ама не е е толку стегнато како што било. Од 4 години, построги професори што можам да ги издвојам се Алекдандра Коруноска хемија - ненормалната, ако не ти е класна тешко тебе, 99% одиш на полагање макар се окозил од учење. Ама со врски, одма се средува за 3 минимум, па ако стварно те бива хемија и нешто повеќе. Љубица географија, ама на среќа на новите генерации мислам дека замина во пензија. Радмила биологија можеби не е строга, но е ептен терсене жена, ќе и текне наеднаш да научиш 50 теми и да одговараш 150 страни, а тестовите и беа чуднички понекогаш, јас не знам дали имам извадено 5. Треба на сите часови да и одиш, дури и да се разболиш те замара и ти го рачуна како "ти не беше на мојот час, и не можам поубава оценка да ти ставам" Мала предност ако сте ПМБ, и/или во нејзин клас. Наташа физика ( ако збориме за Џон Ленон со наочарите) премногу замара, смрди на 100 метри, нашата генерација од 1 и 2 сакаше 1 да ни пише, али поновиве генерации ја средија и не е толку страшно. За друштвото, луѓе ко луѓе, дури во Георги се зачудив на повеќе "шмизли" наидов. Си има девојчиња што сакаат да се средуваат, со ташниче, карминче, има и дигнати и злобни, има и хипстери, несфатени, алтернативци, металци, рапери како и најнормални луѓе. Секој си се наоѓа со некој. Имам убави и интересни спомени од ЈБТ, ќе ми фали но да можам да бирам повторно во Георги би одела, пошто таму отсекогаш сакав. Во Орце во глобала има убаво друштво, потешко е и постегнато,строги но неисфрустрирани професори и како што одиш од година во година станува се полесно. Убав избор за некој што стварно учи.
Blueeparadise Фала ти навистина,ај уште ќе разговарам со неа па кога ќе се одлучи баш ќе ви пишам,сепак фала ти најмногу
Зошто ништо посебно? Што треба да има или да биде едно училиште според тебе за да биде посебно и дај ми барем еден пример за такво училиште? Второ, секако дека ќе се оптоварува без разлика дали станува збор за ученик или родител, сепак треба добро да се одлучи каде детето ќе учи. Сега и јас да се вратам на темата. Стегнато е и тоа како, зависи и од генерацијата кои професори предаваат, но стегнато е, напнато и тешко особено пред тромесечие/полугодие и крај на година. За Коруноска се согласувам 100% со напишаното, Љубица конечно од утре нема да биде дел од ЈБТ, редно беше да оди во пензија (си продолжи 1 година, инаку порано ќе си одеше ). За Радмила не коментирам, ми нема предавано. Е сега ќе се задржам кај Нате ленон. Да, таква е, но не се гледа изгледот во школо, особено не со тоа што имаш напишано дека СМРДИ НА 100 МЕТРИ . Алооо, можеби она чита, можеби нејзините ќерки, тоа не е точно, а и да е сепак не треба да се зборува. За тоа дека ја средивме да, особено ние што завршивме 2ра година, дури и живците и ги извадивме, затоа не остави и зема клас во прва година (нема појма што ја чека од нив ) Инаку секаде има секакви деца, тоа е многу нормално и @Kristen13 доколку вашата ќерка наредната година ќе биде 1ва година, тогаш ниту една од горе споменатите личности нема да и предава. Ружа да, дури во септември 2014, а Ачкоска не знам се уште, ќе видиме утре. До пред некој ден држеше полагања ги изтормози децана, пола генерација ни ја прати по други школи, а во јули наполни 62 се молам да е во пензија.
^ Златна жена ми е Ачкоска, ако е уште таму треба да одам да ја ѕирнам некој пат. Ноќна мора и бев на времето ама ме сакаше многу. А Златко хемија и Олга физика предаваат уште?
Ќути Софчето мене ми е ноќен кошмар, ама од сега јас ќе и бидам неа да види она, вештерка гнасна.. Златко не предава ептен одамна, јас почнав во 2013 и го немам никогаш видено, а Олга физика тука е, кај ќе оди и таа кошмари создава на тие што ќе бидат сега втора.
Па што знам, можеби тоа го кажав дека средното е само една од установите која ќе мора да ја минеме еден ден, за да утре имаме некоја работа во општетството. Како такво, не го воздигнувам ЈБТ до небесата и не му се клањам. А можеби и од причина дека јас кога се запишував бев overexcited и сега кога помина сфаќам дека за џабе сум дигала толку фама.. И дека ете, помина. И како трета причина, дека делумно бев запишана овде не по моја волја. А за Ленон, не знам еднаш седев во прва клупа, и ми хухна во лице и верувај миризбата не беше пријатна. Се работи за основна хигиена. И воопшто, не мирисаше баш заносно. А јас, најмногу се замарав во прва и втора година со учење иако бев доста нередовна, а трета и четврта книга не фатив а скоро цело време бев на часови и горе долу, сите 4 години оцените ми беа исти. Уште еднаш, каков и да е изборот среќно