1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Мислење за Цветко физика, Јанко хемија, Весна МАТЕМАТИКА, Боби (Слободан) спорт??
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Јанко хемија е срце од човек, на часови ќе ви објасни, и на тестови па и на испрашувања ќе игра игрици на телефон и ќе се прави дека не гледа ништо :D нема да ве замара, само што не сака никој да си игра мајтап со него, и на тие им става 1 и 2ки. :)

    Весна математика... Не знам што коментар да дадам. Ми предаваше во прва и втора, вака е океј жена, добра е, но имам слушнато дека имала тежок живот и затоа често избувнува и се дере, и пушта некои закани од типот "се гледаме ти и јас во јуни" Само гледај да си мирна, да си ќутиш, учи си колку што можеш, ако види дека се трудиш нема да те замара и дури ќе се обиде да ти помогне за оцената (ама се зависи од расположение) И полесни тестови даваше од другите колешки. Само имам слушнато дека со наредните генерации станала доста полоша, се занесувала ептен, зачестила со тестовите и биле доста потешки. :(

    Боби многу ќе ве замара за носење опрема, можеби не толку за вежбање, ама не се двоуми да пише 4ки, 3ки па и 2ки. Не се зафркавајте кај него, редовни да сте и носење на опрема.

    За претходната страна, едно девојче праша за Слободанка. Еве неколку збора за неа: " Дал да плачам ил' да пеам, твојот лик не ми кажува :D " Она ти е прича сама за себе. Во една секунда е блажено среќна, а во друга се дере и се слуша до горниот спрат. :) Тестови не дава, ама многу замара со испрашувања, и за една 2ка и за ПОПРАВКА на 2ка бара многу, а ако ја изнервира некој уште толку. Бара да знаеш се на памет од учебник, еднаш се случи еден ученик за еден збор што кажа пример, зошто она во зашто да го поправи. Не сака "слободна интерпретација на материјалот" ,а ако и кажеш како во учебникот не сме морале се до буква. Ама учи си се до буква, оти женава е партиски влезена, се раздерава на ученици, професори, чистачки, секретарка така да не постои Бог за неа :) Учи си, и моли се да ја начекаш во убав ден за испрашување.
     
  3. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Bobi po sport mi predavase na mene. :) Ne e los voopsto. Samo bara redovno nosenje na patiki. Bidejki koj ne nosese toj cas minus imase. A tie minusi ako se mnogu vlijaea na ocenkata.
    Vesna matematika isto taka e ok profesorka.
     
    На jolo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mina Nikolovska

    Mina Nikolovska Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    koj predava latinski ?
     
  5. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Ема Андоновска :)
     
  6. Mina Nikolovska

    Mina Nikolovska Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    i kakva profesorka e nesto za nea ?
     
  7. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Не знам, затоа што не сум на подрачје кај што се учи латински, ама можеш да ја прашаш @Elena-97 неа и предава :)
     
  8. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми каже нешто повеќе за меѓународната матура ?
     
    На Martinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Viki 99

    Viki 99 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    6
    Знаели некој подобар интернат во Скопје!? Ако знае некој ќе ве молам да ми кажете
     
  10. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Јбтовци, барам едно мислење од вас. Учам во Никола Карев, прва година сум. Н.К не беше ама воопшто моја желба и со стрес идам на школо така да од второ полугодие доаѓам во ЈБТ. Како ви е на вас прва што сте? Тешко ли е? Какви се децата? Какви се професорите?


    Ве молам одговорете ми. :)
     
  11. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Учиш француски или германски? Многу е важно и ова затоа што и во ова се разликуваат голем дел од професорите. Беше да се префрлиш и дали ти кажаа во кој клас ќе бидеш? Ако веќе ти кажале можеш на некоја од претходните страни да најдеш имам напишано во септември кои се класните. :)
     
  12. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Програма на англиски јазик, сите предмети освен македонски се не англиски, такви се и учебниците. Нормално сите професори се македонци нема странци, сите од нив предаваат и на обичните паралелки. Ако положиш во 4та ја добиваш дипломата која е признаена во странство, ако не ја положиш мислам дека треба да се полага обична државна матура која на тие што учат во ММ им е многу потешка бидејќи не учат по националната (обична) програма. Има неколку предмети:
    1. Македонски јазик и литература ВН 5 часа неделно
    2. Англиски јазик ВН 5 часа неделно
    3. Математика ВН 5 часа неделно
    4. Хемија ВН 4 часа неделно
    5. Географија ВН 4 часа неделно
    6. Визуелни уметности ВН 4 часа неделно
    7. Теорија на спознанието 2 часа
    8. КАС (creativity, action, service) ова се воннаставни часови треба вкупно да реализираш 150 од секое овие по 50, само не знам дали 150 во 3 и 150 во 4та или вкупно за двете години 150.
    Исто така за Визуелни уметности треба да реализираш 400 часа вкупно за 2те години во ателјето во ЈБТ. Во 4та пред да се полагаат испитите се оддржува изложба во Мала станица на тоа што сте го работеле изминатите години.
    Инаку примаат само 20 ученици од цела држава и од учебната 2014/15 е бесплатно. Тие што веќе во 1 и 2 година учеле во ЈБТ не се привилегирани да знаеш, приемните тестови се исти за сите што ќе аплицираат.

    П.С. ВН значи високо ниво.
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    француски учам
     
  14. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Добро, тогаш ќе бидеш во некои од овие класови I-5, I-6, I-7, I-8 или I-9. Во I-8 шансите се најмали, скоро и невозможни бидејќи се веќе 34 деца во тој клас (знам деца што учат тука), а за другите немам информација. Ако бидеш во 5ка или 6ка ќе се делите на германски и француски бидејќи тие класови се пола-пола. Исто така ако бидеш овде нека ти е со лесно уште сега да ти кажам поради професорката Софија по англиски, попозната како БАРБИ. Македонски во 5ката предава Светлана, во 6 и 7 Ана, а во 8 и 9 Каролина. Математика во 5 и 6 е Билјана, а во 7,8 и 9 Славчо. За англиски во 5 и 6 ти кажав, а во 7,8 и 9 предава Маргарета. Историја, спорт и музичко се исти на цела генерација. Ако си во 5 пази се од Кржовска географија, а ако си во 9 пази се од Александра-Маци хемија.
    Сума сумарум, од погоре кажаново за тие професори што не кажав ништо повеќе од име се сосема добри и според ова најдобро ќе си поминеш ако си во I-7. Да се разбереме, кај и да си сегде треба да учиш, воопшто не се поминува на лепота.
    Ако се уште не си поднела документи прашај во кој клас ќе бидеш и ако те интересира за уште некој професор слободно пиши. :*
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски

    А таа Коруновска-хемија, толку ли е лоша?
     
  16. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Да, премногу. Јас сум трета и во прва година ми предаваше по иновации. Значи жената нема никаков однос со ученици, катастрофа. Сега во трета на крај на ова полугодие ние си имавме хемија со нашиот професор, редовен час и бевме втора смена. А таа господичната си влегла во кабинет и испрашува ученици од прва годинa што сакаат да поправат оценка, а прва година тогаш беа во другата смена. Толку многу им се дереше, значи не можам да го опишам тоа. Кај што нема срам од тоа што бевме и ученици на кои не им предава, па уште и пред нашиот професор по хемија се дереше. :?:Ужас.. Едно време излезе од училница и им рече на тие што поправаа уште малку да прочитале додека се врати она. И за тоа време јас сакав да им помогнам, да видам што ги прашува ама тоа ниту во книга го имаше ниту никој од ние што сме 3 година не го знаевме. На крај им спушти единици.... :(
    П.С. Единствено добар однос има со тие што се во нејзиниот клас, ама тие учат германски.
    П.П.С. Тестовите и се со 100 поени, а до 60 е кец.......... :headbang:
     
  17. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Аман бре што е со таа? Сега на пример имам 4ка од Карев, и нели оценките ќе ми се префрлат, и ако ми стави 1 за трето тримесечие може на крај да ме остави на полагање?
    А Славчо математика каков е?


    Какви класови се осмицата и деветката? Какви професори имаат?
     
  18. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Нема шанси да те остави, ако имаш 4 за полугодие, дури и 1 да ти спушти за второ полугодие не можеш да одиш на полагање.
    Славчо е океј. Како класен не знам. Предава математика на 7,8,9 и 10. Секогаш одложува тестови и секако е подобар од таа Јованка од Карев.
    Осмицата и деветката имаат исти професори, освен хемија и ликовно. Хемија од 4ка до 8ца предава Олгица, исто така надалеку позната. Строга е, мораш да ја гледаш 45 минути додека предава, ама стварно многу добро објаснува и воопшто не се однесува препотентно за разлика од Коруноска.
    За да не бидам многу офтопик ако сакаш во ЛП за сите професори можам да ти кажам и какви се и што бараат. :)
     
  19. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски

    Леле сите ја знаат Јованка. Епа 2 си имам кај нејзе. Ама сигурно знам за 5 пошто идам и на приватни часови, а она ми има чкртано точни задачи. Се надевам професорот ќе го види тоа. :)
     
  20. Timii

    Timii Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Моментално сум втора година и се мислам дали да се префрлам во ЈБТ,учам француски како втор јазик и би сакала ваше размислување за класовите,кој клас има најдобри професори и останато:)