Лелее, е сега тешко мене. Ние историја и биологија во основно имавме лабави професори и ништо не учевме. Инаку ми предаваат: Вера-македонски (навистина убаво предава и се, ама домашните...) Коле-географија (уште од прв час го засакав човекот, легенда е. Ама одговарањево ми е сомнително. Многу лесно ми изгледа.) Гоце- ликовно (за него све најбоље можам да кажам до сега) Александра- хемија Радмила- биологија Силвана- музичка уметност Маја- спорт И тако даље
Сакам да прашам за германската билингвална, слушам била доста добра во ЈБТ. Некој нешто повеќе да ми каже за упис во германска, приемен како што, часовите, наставата, професорите?
Сега сме скоро при крај на година. На почетокот на учебната година поставив прашање тука за одредени професори. Да си го кажам моето мислење , ако му помогне на некој. Прашав конкретно за Тамара-историја, Весна-математика и Александра-хемија. Тамара неможам да ја поднесам. Додека испрашува се однесува многу недолично. Си зборува со други додека раскажуваш, те прекинува. Прашува работи кои ги спомнала во текот на нејзиното брзо предавање и ретко кој запамтил тоа Весна е во ред, шеговита е и предава добро. Дава многу шанси за поправање. Немам некоја замерка. Што се однесува до Маци, женава е пекол. На тестови даваше работи кои ги нема ни она самата спомнато а и ги нема ни во учебникот. Ако добиеш на тест оценка како на пример 4,5 а преттоа си имал 1,2 знае и да те крене на табла за да провери дали си препишувал. Предавањето и е ужас. Несврзани реченици кои не прават смисла и еден куп нафрлани работи. 'Запази го моментот' таа реченица ќе ја сонувам. Во глобала катастрофа-барем од моја гледна точка али јбг тоа е
На полугодие сакам да се префрлам во ЈБТ и сакам некој да ми каже какви се професорите и какво е друштвото?Дали се многу строги професорите?
друштвото е супер, а професорите- секој за себе. имаш некои што ќе ти го направат часот предобар и оние другите- пекол.