1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас ко Пирамидка исто, физика учев само за да го поминам предметот. Исто и историја.
    Не можев да се натерам да го засакам предметот, прсто одбивност имав.

    Ама затоа едвај чекав час кај Ѓурчиноска, со радост одев на англиски и не се осудив да рипнам предавање. Биологија до ден денес обожавам, ми предаваше Цеце, смешна женичка со огромна желба да ти влее љубов кон хромозомите и гените. :D И Македонски учев со мерак, иако три години ми се менуваа професорките, јас не рипнав ни една лектира и ни една писмена.

    А најлошо е да сакаш да учиш предмет, а професорот да ти го направи одбивен. Таков беше сучајот со француски кај мене. Една гломазна, искомплексирана жена, што радо би се фалела за нејзиниот стан сред Центар кој датирал од старо Скопје, отколку да земе да предаде лекција. А јас, пуста, сакав да научам француски..... Сите што ќе се запишете во ЈБТ, ако ви се падне Гоце, обратете ми се преку ЛП. И го знам лекот на таа психопатка.

    Има шашав кадар во гимназијава.
    Ама јасно е, ако тргнете од директорката.... :x
     
    На girl1985, Trendafilka и Phyramide им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Гордана? Со сателитот, и микровалната, и огромниот телевизор и влажните марамици? :rofl:

    Оф сирота Старфиш, кај баш таа ти се погодила?! И мене таа ми предаваше една година, ама не ми мењаше, јас францускиот си го засакав уште од мали нозе. А нејзиниот придонес беше еднаков на нула. Море минус.
    Само ми беше криво што беше губење на време.
    Зарем сеуште предава во гимназијава? :^) Толку убав јазик учи а толку одбивен го прави, признавам.

    Затоа Пандорка беше :x Одлична женска и пол. И квалитетен професор.
     
  3. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    И јас се двоумев дали да се запишам во ЈСБ,но со вашиве мислења мислам дека сум сигурна. И братучетка ми ми збореше дека нема многу шмизли,како и во секое школо и таму е така. :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    http://jbtradio.com/

    Првото македонско училишно радио! :) 24/7 On Line! ;)

    I'm so proud! :)
     
    На rossonerka, girl1985 и Phyramide им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Кога учев во ЈБТ гимназијата ја викаа Беверли Хилс, со сета онаа музика за време на паузи и слично.

    Ама сега е стварно ко Беверли Хилс со радиово :lol:

    Шала на страна, мислам дека идејава е одлична ;)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Разгледував на Интернет за скопските гимназии, па наидов на тема за училиштето на форумот на Кајгана. Има многу корисни информации, па кој сака да дознае повеќе... СУГС Јосип Броз -Тито
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Мм, епа и јас се запишав во ЈБТ. Чудно ми беше дека кога се запишував имаше малку деца, и потоа дознав дека се запишале само 100 деца, а примале вкупно 408. Добро, сега има и втор уписен рок, сигурно ќе се запишат уште деца. Се плашев дека нема да ме примат, ама сепак ме примиле. :) Да ви кажам право, кога влегов во школото, ме фати некој страв.. и безброј прашања ми се појавија во главава. :D Како ли ќе се снајдам јас во вакво огромно школо, зашто сум премноогу неснаодливо девојче што во сопствената куќа незнае што каде се наоѓа, а камоли па во некоја нова средина. Се прашувам кога некој професор ќе ме прати да одам некаде, претпоставувам дека ќе се изгубам некаде во школото. :$ Сега, би сакала да прашам некој ако знае кои професори би ми се паднале ? Дали од оние постарите или од помладите? Има можност да ми се паднат Ачковска или Калајџиева по хемија? Се молам да не заглавам со некои стари и строги професори.. Ии исто кога ги видов лектирите за прва, страв ме фати. Кога прочитав таму Илијада, Одисеја, Новиот Завет (за кого ми рекоа дека ќе ми честитаат ако го прочитам!) Има потреба да бидам премногу загрижена и да ги прочитам сите лектири за распустов или само да ги набавам, па кога ќе ни ги закажат да ги читам преку година за да ми бидат во свежо сеќавање? Ии, знам дека во октомври веднаш ќе одиме на екскурзија, само незнам каде се оди. Во Бугарија се одеше така или?

    Ахх, знам дека ве пренатрупав со прашања, ама сигурно и вие вака сте се прашувале како мене кога сте се запишувале во кое и да е средно.
    П.С.. Знам дека звучам очајно, ама тоа е. :$ :lol:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Јосип Броз е прекрасно училиште и има и добри и лоши - да речам - професори како и во секое учишиште. Тоа што викаат дека е ненормално тешко - не верувај. Тешко е и како во секое друго училиште, но секако има мала разлика ко на пример од ГУЦ или пак од приватните средни каде всушност оцените се добиваат со пари. ;)
    Доколку имаш добра основа од основно - ќе ти биде многу лесно и многу малку ќе учиш, а доколку немаш некоја основа... малку потешко ќе ти биде ама со соодветен труд се’ се постигнува.
    Да те предупредам дека ќе гледаш многу неправди - веројатно е да се случи ќерка или син на „господичниот тој и тој“ да се падне во тој клас, па по одреден предмет да има малку (повеќе) попуштање за него.
    За снаоѓање во школото лесно е, не е сложено се’ е многу лесно распоредено.
    Во врска со професорите не знам кој би ти се паднале, најверојатно оние кои сега ги завршија матурантите, распрашај се дознај кои им предавале... :)
    А за лектирите - некои се ептен досадни, а некои имаат многу интересна содржина ама мене лично стилот не ми се допаѓаше.
    Ние прва ја обработувавме Шагринска Кожа - содржината е интересна, ама првите неколку страни се измачување. Мислам дека цели 80 страни (ако не сум грешка) опишува една многу глупава случка до најмал детал. |(
    Гилгамеш е интересна, но Скржавец многу многу не ми се допадна - драма е и не ја сфатив најнај...
    А за Илијада и Одисеја зависи до професорот како ќе ви даде - нас не пушти да ги читаме раскажаните дела додека пак други класови на кои им предава друг проф. морале да ги читаат во стихови.
    Хебрејската литература т.е. новиот завет ќе ти се падне само едно евангелие, а има 4. Ќе бидете поделени по групи.
    Тристан и Изолда е преубава - љубовна трагедија. :inlove: И Цар Едип е многу убава. :inlove:
    Вујко Вања е тапа - прочитав дека оваа драма би требало да биде комедија, а уствари нема ништо смешно во неа. |(
    За другите лектири моментално не ми текнува, ама што и да ти треба пиши ЛП одма ќе ти одговорам. :)
    Мој совет е да си ги прочиташ летниов распуст, дека после ќе бидеш кнап со време.
    Значи различно е дело и лектира. Делото се обработува усно, со дискусија на час додека за лектирата пишуваш есеј во тетратка за лектира. За лектирите се прават и писмени.
    Делата се обработуваат на секои 2 недели, а лектирата еднаш месечно. :)

    Што и да ти треба друго, прашувај, за се ќе ти помогнам. :)
    Со среќа! :*
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    ^^ Фалаа ти Секси премногу што си се потрудила вака се опширно да ми објасниш. За лектириве прашав дали да ги читам за време на распуст, зашто читав на форумот Кајгана исто за ЈБТ, имаше исто деца што беа загрижени за лектирите и сите ги смируваа и викаа дека можат да ги читаат и преку година, зашто и онака наставниците ги закажувале 2 недели однапред. Исто, зборуваа дека ЈБТ не било така тешко како што го прикажуваат и дека има многу наставници што попуштаат, на пример те пуштаат од часови за каква и да е прилика, на некои наставници што сакаш правиш на час итн. Мада, не верувам баш дека тоа се случува во ЈБТ, ама ајде. И во право си за тоа со приватните школи, но некако кога бев во Јахија Кемал на натпревар по англиски, многу ми се допадна школото, какви се училниците, начинот на учење и се тоа.. Зашто неколку пати доаѓаа од Јахија Кемал во нашето школо нели да си го рекламираат. Како и да е, сигурно дека ќе си го фалат. А и јас да не забегувам од темата.


    И фала ти што ми ги опиша вака лектирите, која за што се работи. А тие тетратките за лектири се купуваат посебно или? :$ Ии незнам зашто, ама предосеќам дека 1 септември ќе дојде многу брзо, а баш не сум сигурна дека сакам да дојде. Мислам дека кога ќе не прозиваат кои деца во кој клас ќе бидат, јас ќе се загубам и ќе отидам во некојси друг клас, жими се! :lol: Уште еднаш фала за се, и ако случајно ми затреба нешто ќе ти пишам ЛП. :*
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Не се секирај за лектирите, секаде се исти и многу нормално се стигнува да се прочитаат. Ако сакаш да ги читаш, афкорс. :D

    А и да знаеш - инаку не учев во јбт - ама секаде пред да почнеш, ти викаат сите... Леле, овој професор ваков е, оној наков е, леле кај таа петка ? Нема шанси, откажи се. :o Најискрено, со такви муабети си само испоплашен, се е тоа гола вода што зборуваат. Најдобро ќе знаеш сама кога ќе видиш, кај некој ќе поминеш полесно, кај некој потешко, ама ако учиш никаде нема да имаш проблем. ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Нема проблем. :*

    Ааа за Јахја Кемал си во право. :!:
    Тоа е единственото приватно средно училиште во Мк што има квалитетен и професионален училишен кадар од странство, а и од Мк. :)
    А и јас бев на натпревар по англиски и хемија во Јахја, а и после тоа отидов на тестирање за стипендија. Значи да, самото училиште, начинот на пристапот до учениците и се друго е со висок квалитет.

    Тетратките за лектири зависи од професорот, нас проф. ни бараше голема тетратка со дебели корици, а некои можда бараат некои посебни купени од книжара.
    За што и да ти треба тука сум,
    имам и навика да си ги чувам сите тетратки, документите(есеите) напишани на компјутер и сите писмени и тестови :lol:
    За се што ти треба - :call:, и не само за македонски туку и за математика, хемија, физика и се друго... :)
    При крајов на летово потсети ме да ти пишам во ЛП убаво некои работи за тоа како се пишува есеј, писмена, расправа, дебата итн, дека можеби и тоа ќе ти треба. :) :*

    п.с. на почетокот секако мора да се прикажеш во најдобро светло. Биди секогаш подготвена и уште првиот час кога ќе почнат да испрашуваат ОБАВЕЗНО пријави се доброволец. Знам дека изгледа страшно - ама и да згрешиш ќе ти попуштат 10000%, а и + ќе те запомнат како активен, посветен и добар ученик.

    И уште една реченица за крај:
    За првиот впечаток, нема втора шанса. Затоа потруди се да оставиш одличен впечаток кај професорите и останатите ученици. :) :*
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас имам погоре пишувано за школово.
    Можам само да ти препорачам да си ги читаш редовно лектирите. Дали книгата била досадна или не, е индивиуална работа, ствар на вкус. Ама верувај дека не само што ќе си збогатиш речник, туку ќе ти биде полесно на матурата.
    Јас преку лето тешко дека читав лектири(сеуште мислам дека изборот за лектири во средните училишта е ужасен), ама затоа ако си фатиш со ред кога ќе почне школската година ќе имаш време се да прочиташ. Како ќе ти ги најавуваат, така почни си со читање.

    Инаку да не се секираш многу. Интерсно ми е како си загрижена, за професорите, за колкаво е школото...
    Џабе е да ти кажуваме сега, ќе отидеш и ќе видиш. Секој професор е различен, а ако имаш среќа ќе ти се паднат оние поопуштените и оние пред пензија. Младиве не се нешто арни, се им смета, построги се и немаат многу квалитет.
    И можеби првите две недели ќе се губиш низ училниците(што е одлично оправдание кога касниш на час) ама до крајот на 4-та ќе ти се мачи од сите ходници...
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Знам дека е тешко да се чита преку лето лектира. Ќе си речеш кај преку учебна година читам па и сега. |( :D
    Сепак мене лично многу ми беше полесно кога ќе дојдеше лектира или дело што го имав прочитано летото, зашто јас пола лектири и дела ги прочитав летото пола не.
    А за тоа дека ќе си фати по ред да си чита, одма кога ќе и најават тешко - сепак не е само предметот македонски, во меѓувреме таа недела ќе испрашуваат најмалку 2-3. Така да ќе треба да седне викендот да ја чита - а викенд како викенд - едвај те држи на место да читаш лектира.
    Тоа е твое блу, ако сметаш дека можеш да ги читаш за време на учебната година, не се мачи летово, а ако читаш споро, т.е. ти треба малку повеќе време да сконташ што се работи - не мора од сега, но на крајот од летово подзагреј си го столчето. :lol: ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Фала ви на сите, а за лектириве верувам дека ќе ги читам преку година зашто искрено на кој му се чита преку лето? Јас лектирите во основно ги читав до осмо и распустот , седмо меѓу осмо мислам дека ниедна лектира не прочитав. А и во текот на цела година само две обработивме, така да.. Сепак, друго е во средно.

    И де бре луѓе, за таа Ружа веќе си добив претстава дека е застрашувачка по она што го кажувавте. Мислам дека таа и предава историја на братучетка ми, она сега е за четврта и ми рече дека баш и била миленичка па малку полесно поминувала. На пример ако треба да и стави 3ка, и ставала 4ка и ако одговори 2-3 прашања точно исто и ја зголемувала оценката.. Ама тоа, кој каква среќа си има. Ајј, само мене таа да не ми се падне. :D

    Инаку, Старфиш, да, таква сум си јас и за најситни работи се потресувам и се нервирам. А за училниците, и цело школо, мислам дека ќе ми биде потребен месец за да го научам, што каде се наоѓа ко што сум изгубена целата. :D
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Секси јас преку лето читам друга литература, тоа што не задолжително е најинтересно. :lol:
    Лектирите ги читав како што пишав, кога ќе најавеа. За една недела во просек се читаат лектирите.
    Сепак, подобро е порано нели? Па ако има желба може и да ги препрочита за распуст. :D

    А, инаку знае да се погодат 2-3 испрашувања во еден ден, не недела. Рекордот што мојата генерација го истрпе беше во петок, од 6 часа, 2 теста и 4 испрашувања. Само Господ знае како преживувавме! Особено им беше тешко на тие што ги оставаа предметите до последен час.
    Затоа е среќа да ти се погоди и добра класна, што ќе ви одложува по некој тест и испрашување. Или класна што добро стои со другите професори...
    И да, пиши ми те молам која професорка ќе ти се падне француски. ;)

    Едит: Блу, јас си имав нацртано мала мапа, која училница каде е. Ми помогна првите недели.
     
    На Sara123 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  16. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    И сестра ми се запиша во ЈБТ, може ќе се паднете во ист клас :D Иначе за лектирите и она многу се исплаши кога виде дека се 14, ама мој совет (зашто и јас таму завршив) е да не ги читате сите за време на летото затоа што се забораваат и после пак ќе треба да ги читате. Најдобро е да ги прочитате тие што се поголеми и подосадни ама и да си вадите прибелешки за да не мора после да ги читате пак, туку само да се потсетите. Мене ми успеа тоа, имав секогаш 5 македонски иако ми предаваше Ленка, која важи за најстрога професорка по македонски особено кога станува збор за лектири и дела.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Ачковска видов дека предава на сега втора година, така да мислам дека нема на нас да ни се падне.

    Инаку Блу, француски или германски имаш за втор јазик? Ако си на германски, може ќе се паднеме заедно. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    It's not Ruza who you should fear
    A Great darkness lies into the lands of J.B.T

    -Once it was a land of happiness , land where love , joy we the main characteristics ......
    but now the armies of Evil Leader Ljubica Karevska have taken over the lands and turn them into darkness...

    For many years she eats and torture inocent children

    But one day a hero will come and destroy that evil
    One day.......
    the happiness will be back ...
     
    На Tarikk, d.i.n.a, Sara123 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    хаха tweety така ти се чини сега школото (страшно и огромно) :) ама брзо ќе се прилагодиш....таму поминав 4 прекрасни години инаку што се однесува до професорите, се надевам дека Ачковска и Калајџиева нема да ти се паднат (иако мое мислење е дека ако учиш редовно и не правиш проблеми, нема да имаш проблеми). исто така мене лично поомилени ми беа постарите професори, младите се у некој филм тренираат строгоча само Ѓурчиновска од помладите (предава англиски) ептен ја сакав :) околу лектирите....редовно читај ги (посебно ако ти предава македонски Ленка).
    ако ти се падне следнава гарнитура професори: Драган (историја), Зоки (математика), Цеце (биологија), Слободанка (македонски), Надица (физика), Слаѓана (хемија - ако уште предава таму), Ѓурчиновска (англиски), Анкица (информатика), Лили (германски) - иако мене ни Мања не ми беше страшна - тогаш можеш да бидеш мирна овие проф што ги спомнав немаат комплекси ниту потреба за тортура на учениците. моментално само на овие можам да се сетам, ако се сетам на уште некој ќе ти кажам ;)
    поздрав и уживај во периодот кој ти следи

    уффф, мислев на tweety сум и одговорила а уствари на blueparadise сум и пишала :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    и уште нешто: најтешко е во 1ва год. припреми се :) ако си имаш створено навика за учење нема да имаш проблем... и ако од старт оставиш добар впечаток се ќе ти биде полесно понатаму :) ти гарантирам, од ЈБТ излегуваа ептен добро потковани мозочиња ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.