Учев во Јосип Броз Тито од 2012 до 2016 и тогаш убедливо беше најдобра и најстрога гимназија во Скопје, а и пошироко. Учениците што учеа за петки без врски излегуваа со огромно знаење и беа одлично подготвени за на факултет. Во ниедно средно училиште немаше толку строги и квалитетни професори како: Ленка Панчевска, Софија Ачковска, Олга Сејменов, Радмила Стројменова, Александра Коруновска, Снежана Станкович. Но кога 90% од горенаведениве професори се пензионираа, училиштево скроз се расипа. Ниту дисциплината ниту нивото на строгост не се ни пола од она какви што беа Се надевам дека некогаш ќе се смени ова и ЈБТ ќе си го врати она реноме што си го имаше некогаш.
Тогаш нека запише медицина хахаха таму е полесно од гимназија. Ама и во ЈБТ ќе помине добро, некогаш и со малце лигавење ќе извлечеш ситуација.
Сакам да прашам како е во ЈБТ? Кои наставници ги има и колку се строги? Дали има добро друштво? Каков е квалитетот на учење и дали може да влезеш со оцена помала од 5? Прашувам за сестра ми.
Супер е, прочитај погоре има повеќе мислења. Професорите, како и во сите гимназии, има и строги има и полабави, а и се’ си зависи од колку детето учи. Друштвото е топ, а за влез зависи од конкуренција, ама до сега влегувале со по неколку четворки.
Zdravo decki, jas sum prva godina JBT ke moze li nekoj da mi ja isprati konecnata rang lista, ako ja ima, ne mozam da pojdam do skolo, mi rekoa deka sum primen, ama sakam i konecnata rang lista da ja vidam
Мислење за школово и дали е добро за после медицински факултет или пак правно/политички за што е подобро?
Супер е и за едното и за другото. Има многу што запишале медицина и успеале, а исто и за општествените науки.
Ако сакаш да одиш на медицински подобро е средно медицинско, барем ќе имаш стручно средно, и диплома која можеби некогаш или пак никогаш нема да ја искористиш. И плус предзнаења за на факултет
Сакам да слушнам ваше мислење за гимназијата Јосип Броз - Тито во Скопје. Дали е тешко, лесно, какви се професорите и учениците таму?