А ти да не се запиша случајно во ЈБТ? Инаку ако сакаш може и јас да ти одговорам бидејќи и братучетка ми веќе 3 години учи во оваа гимназија. Јас мислам дека немаат воопшто никакви проблеми со турците, они се поделени, мислам дека македонците се на едниот спрат а турците на другиот. Братучетка ми има добра другарка што е турчинка, и јас исто така (од ЈБТ е) , дури се дружи и со некои од машките, ама сепак држи дистанца. Иако се турци, мислам дека и тие деца што учат таму не се некои си деликвенти што ти ја знам, туку се најнормални деца. За тие што не го почитуваат редот на училиштето и слично, си следуваат соодветни санкции, не тоа само за турците туку и за македонците, зашто и меѓу едните и другите ќе се најде некој таков што да речеме, ќе прави бељи. Но сепак, јас мислам ти воопшто да не се грижиш и дека нема да имаш апсолутно никакви проблеми.
DirtyQueen до сега немало никакви проблеми со Турците, а не па тепачки. Единствена тепачка беше некаде во март и тоа помеѓу двајца Турци. Многу се дружељубиви и фини. Јас имав физичко со една турска паралелка и супер се сложувавме, сите се дружевме и морам да признаам дека машките Турци повеќе ги почитуваат сите девојчиња отколку македонските момчиња. Не ни можеш да познаеш дека се Турци, сите се средени. За разлика од медицина како што сум слушнала, таму имало многу проблеми со Албанците, а тука нема ни п од проблем.
Што се однесува до турците,мислам дека не би требало да има никаков проблем..и меѓу нив има по некој проблематичен како и меѓу нашите,но сепак мое мислење е дека и покрај се треба да се држи дистанца,но некој можеби ќе си најде друштво и меѓу нив,зашто да не...Мислам дека не треба да се оптеретуваме со некои такви работи...Ова лето барем јас сум многу оптеретена со тоа каков ќе ми биде првиот ден во средно,дали ќе биде подобро од основно,зафрканции,ексукрзии,ново друштво..сите велат дека подобро друштво се наоѓа во средно отколку во основно со кое ќе се дружиш и по завршувањето на средно,но сепак мислам дека тоа зависи како ние ќе се поставиме уште првиот ден,што воедно е и условно кажано најтешкото (нови луѓе,нова средина...) На крајот на краиштата,сигурна сум дека сите ќе бидеме како едно семејство и нема да има никакви поголеми проблеми,па сега останува на го чекаме 1ви септември и да видиме како се тоа таму ќе се одвива
Бидејќи не сум од Скопје, а сум налетала, на повеќе ученици во ова гимназија имам оформено едно мислење, за кое штом се спомни оваа гимназија прво тоа ми паѓа на памет а тоа е преамбициозни луѓе. Знам и многу ученици од Корчагин, кои ми изгледа по спуштени на земја и пооправдано амбициозни и поскромни, отколку тие од ЈБТ. Сепак тоа е мое моментално мислење, ко ќе одам на факултет во Скопје, ништо чудно и да се смени.
Babyblond,секаде можеш да сретнеш различни луѓе па така и во овдешните гимназии...неможеш генерално да судиш дали во ЈБТ се неоправдано амбициозни,а во Корчагин да,мислам дека секој се стреми да го постигне најдоброто независнокадеучи,а не гледам причина зошто учениците од ЈБТ се неоправдано,а оние од Корчагин оправдано амбициозни,или пак тие се нешто посебно специјални,или пак по привилегирани од другите.Меѓутоа,како и да е тоа е твоето мислење,а секој има право да се искаже,па треба тоа да се почитува,секогаш можеме да ги согледаме работите од друг агол и да видиме дека сме имале погрешна претстава за работите,но добро се си доаѓа во свое време.
Даа, се запишав во ЈБТ, се надевам дека нема да зажалам.. Мило ми е што нема да има никакви проблеми од тоа најмногу се плашев..Фала на сите што ми одговоривте.
Мислам дека најголемиот број од нас што разговараме,веќе се имаме запишано во ЈБТ...се надевам дека ќе имаме можност да се запознаеме од 1ви септември па натаму,и да се дружиме повеќе...Најдобро е кога одиме во нова средина да имаме барем некој познат!!
имаш право, сите што се запишале во јбт и се дел од темава се надевам дека ќе се запознаеме од септември и ќе се дружиме сите 4 години
Па да... не само од 1ви натаму,би можеле и за летниот распуст да се договориме и да излеземе некаде,па така и ќе се запознаеме подобро и нема да мораме да се бараме кои сме низ ходниците на ЈБТ. Морам да ви кажам дека многу ме радува што не има доста и што на овој форум ги споделуваме нашите разлислувања,и прашања кои ги имаме во врска со оваа гимназија,си одговараме меѓусебно,а пак оние кои се веќе неколку години дел од ова училиште или имаат завршено тука не советуваат и ги споделуваат со нас нивните искуства Сите сте супер и фала многу за сите меѓусебно споделени нешта
Ее, ако де Јипмен, битно е да се дружиме ко што кажа ДртиКвин. Инаку, до сега заборавив да прашам ама што е работата со тие проектните активности? Зашто кога го пополнувавме формуларот за слободна требаше да одбереме две активности и јас колку што забележав до сега сите одбрале она што е за против насилство и за здрав живот. Е, што се прави на тоа не сваќам? Тоа се како некои дополнителни активности, па се прават хамери, презентации и слично или? Знам дека се фаќам за најмали ситници, ама сепак да си прашам јас.
Секоја година има да избереш по две проектни активности, јас лани имав биологија и урбана култура. Биологија можам да речам дека ние што бевме на проектни биологија или здраво живеење (професорката по биологија ни предаваше) и имавме малку предности. А урбана култура навистина беше премногу интересно, прво започнавме со тоа што е култура, хип хоп култура, урбаност, графити, религија, уметност. Инаку за проектните треба да имаш + по уште еден час во неделата за секоја проектна, но некои професори само задаваат задача, т.е. проектот кој треба да биде сработен до крајот на годината, и не држат часови, а други држат. Јас по биологија немав часови само ни кажа што-како за проектот и тоа, додека пак урбана култура имав секој понеделник 6-ти час ако сум прва смена, а ако сум втора смена предчас имавме. Сега зависи кој професор ќе ти се падне... За оваа година јас избрав литературен клуб и драма и урбана култура повторно.
Можеби ќе бидам малку оф топик ама да се пофалам битно.. Оваа година во ЈБТ се запишала и најмалата ќерка на Горјан Петревски, кој многу го почитувам како човек а потоа и како писател. П.С .. Можеби сум прашала ама сум заборавила, во прва година во Бугарија се одеше на екскурзија? Уште не сум почнала јас да одам во школо, веднаш за екскурзиите се фатив.
Со оглед на тоа што Орце во Лешок ги носеа, мислам дека ќе имаме екскурзии на најдобри места. Инаку Блу, ќерката на Горјан е таа на почетокот на листата со 80 поени? Машала, машала, не шишнала и двете.
Ако ги споредуваш гимназиите според екскурзиите... Реално во ЈБТ учат деца на побогати и „побитни“ родители. Не секој може да му обезбеди на детето два пати годишно екскурзија во друга држава. Моето мислење за гимназијава е дека има стварно згодни момци Има шмизли точно, ама ваљда не се сите Имам неколку другари/ки кои се запишаа тука и уште се истите, а и они се дружеа со нормални деца, така да како и во секоја гимназија ИМА СЕКАКВИ
^ Да, да, таа е. И сигурна сум затоа што ја имам и на фејсбук (убаво и мило девојче според мене) , и плус татково име Горјан, така што таа е. Ама, тоа што Орце ги носеле во Лешок тоа најверојатно било еднодневна екскурзија, и ЈБТ сигурно ги носеле таму, ако не таму на Козјак или слично.. А инаку според мене ЈБТ навистина има најдобри екскурзии од сите школи мада ме зачуди фактот што и Моша ги носат на пример во Италија и тоа во трета година мислам.. ама далеку од тоа дека јас го мерам квалитетот на школото според екскурзиите. И не мора да значи дека во оваа гимназија учат деца на побогати родители. Еве, јас баш сум некоја златна средина, не сум ни богата ама ни сиромашна. А и еве братучетка ми кога беше прва година, отиде само во Бугарија но не и во Белград заради моменталниот недостаток на финансии.. А, за згодни момци да. Ама оваа година од тие што ги видов слабо некако. Има само еден што ми фати око (зашто јас на фејсбук ги барав децата, од список ги препишував бе ) , има и други ама тие се од турците. Ама па затоа, тие што сега ќе бидат втора година, трета.. Абре мераци. Него, за тоа што викаш дека има шмизли, па нив секаде ги има.. Не се сите. Само на ЈБТ му имаат залепено некоја етикета демек само шмизли и дигнати и богати деца учеле тука. А баш не е вистина. Има секакви, и дигнати, и шмизли, и повлечени, срамежливи, добри.. Ти ќе си се дружиш со тие што ти одговараат тебе, никој не те тера да се дружиш со шмизлите па и да станеш една од нив. Тоа е твој избор. Туку, ти каде учиш средно или имаш завршено?
Никаде не спомнав дека училиштата дека ги споредувам според екскурзиите (и дека Орце е полошо место за учење поради тоа што имаат екскурзија во Лешок, баш напротив, мојот првичен избор беше Орце, конкретно, но сигурно не се премислив заради нивната екскурзија, туку затоа што ми е подалеку). Ги споредувам екскурзиите меѓу себе, кога веќе беа спомнати погоре. Во споредба со Лешок, Белград е премија, без разлика во кое училиште е екскурзијата. Инаку, момците што ќе бидат сега втора... а-у! А и со нив сме во смена.... ќе плакнеме очи.
Од Јосип Броз Тито можеби единствената добра работа се екскурзиите(се надевам нема да продужат да ве носат со најшугавата агенција што постои у Скопјево Бисер Пром и да ви тече вода у бус по пат)..Иначе сметам дека професорите си патат од комплексот као демек најдобра гимназија сме и учениците од овде се кој знае што,а апсолутно не е гимназијата она што некогаш била! Има 2,3 професорки кои ги имаат задржано комуњарските начини на предавање и размислување и од кои сите без причина се тресат ама апсолутно без потреба тоа дури откога ќе завршите ќе сфатите! се на се,убав период од животот ќе ви пројде таму така да убаво ќе ви биде во секој случај,сепак има и професори кои вредат а секако и другарствата кои ќе ги стекнете се најважни!