1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Леле информацииве :D Па девојки секогаш во ЈБТ ќе се најде ќерка или син на некој, многу нормално, впрочем како и во секое друго училиште :)
    А јас кога учев во ЈБТ ги фатив една година Франц и Кире од Нокаут и на патронатот настапував заедно со нив и соооо Никола Ристановски ^_^ :emo:

    Туку гледам како се менуваат многу работи со тек на време. Ние имавме класична екскурзија низ Македонија, а потоа за матурска бевме низ Европа.
    Како и да е - дали сме биле во Богданци или во Виена, сфатив дека тој период од мојот живот е најубав и незаменлив. Се ќе помине, и нервози заради испрашувања, и заради професорите, и мрчења за раните утрински станувања, но луѓето и спомените остануваат. Не е битно кај ќе одите туку со кој, а средното училиште секако не го бирајте према екскурзиите ;)

    Дали имав среќа или што е работава не знам, ама се погодив на проклето добро место, во проклето добро време, со проклето добри луѓе :nod:
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^Same here!!!^^^ :D
    Прекрасни професори, уште попрекрасни луѓе/соученици.....Меѓутоа, тоа беше тогаш. Се надевам дека сеуште е исто.
    Инаку, стварно не знам зашто би ја бирале гимназијата врз основа на екскурзиите.... :^)
     
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022

    [​IMG]
     
    На DirtyQueen, Gioia и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^^^^^Знаеш, мене тогаш дури и пострашни ми изгледаа. Стварно беа строги сите. Од денешна перспектива гледано, сфаќам дека ништо лошо не ни направиле, напротив-не научиле на дисциплина, култура и ни дале мноооогу знаење. Се надевам во денешно време истото може да се добие. Знам дека сега не го сфаќаш ова, ама имаш време, мал си ;)
     
  5. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    И јас се запишав во ЈБТ ;) и се најдам ќе си најдам некое друштванце :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Јас сега ќе бидам осмо и потоа СРЕДНО! Но не знам дали да се запишам во ЈБТ оти сум слушнала тоолку приказни дека таму има само шмизли и дека ќе се расипеш ако одиш во тоа школо! Јас несакам да верувам во тоа, но сакам да ја знам вистинската приказна од некој што учи таму и да знам што е вистина а што не! Помош..... :/
     
  7. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Инаку за прва година има 14 лектири па ако некој е заинтерестиран еве ги
    1.Шагринска кожа-Оноре де Балзак
    2.Ојдип Тиранин-Софокле
    3.Тристан и изолда-Жозеф Бедие
    4.Гилфамеш-Сумарски еп
    5.Богови и херои-цтарогрчи митови и легенди
    6.Улијада-Хомер
    7.Одисеја-Хомер
    8.Вујко Вања-Антон Павлович Чехов
    9.Скржавец-Тут Макцј Плаут
    10.Панонски легенди
    11.Сказни и сторија-Марко Цепенков
    12.Македонска народна литература
    13.Современа македонска литература
    14.Новиот Завет
    толку се ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    Ние не ги обработувавме Богови и херои-цтарогрчи митови и легенди, Сказни и сторија-Марко Цепенков и Современа македонска литература. Не знам зошто, не дека немавме време, имавме време дури и две изборни лектири да обработиме...
    А сега гледам за втора година е Робинзон Крусо а таа ја обработував во 5то одд, а и сега брат ми ја обработуваше во 5то. |(
     
  9. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    А дали на почеток нели, кога ќе се запишеш и после тоа ве делат на класови според тоа во која општина си учел во основно. Ме интересира дали луѓето што имаат завршено основно во мојава општина аеродром ( и се запишаа во јбт) ќе се паднат со мене во клас. :^)
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    Мислам дека класовите ги прават на начин да мора да се погодиш со некој познаник. Во мојот клас сите бевме од Аеродром и тоа од две училишта само. Пола и повеќе се познаваа меѓу себе.
    Така да без грижи. На крај краева не е проблем и да си бараш да те префрлат во друг клас.

    Инаку, претходно кога се зборуваше за лектирите, заборавив да ви кажам дека во зависност кај која професорка ќе се паднете, можно е да не ги обработувате сите лектири. Јас ја имав таа “среќа“ да за 4 години имав 4 различни професорки. Само во 3-та година стигнавме сите лектири да ги обработиме, инаку стандард нема време за сите.
     
    На DirtyQueen и blueeparadise им се допаѓа ова.
  11. Alejce

    Alejce Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Ах ЈБТ!Ми се приплакува од тоа колку ми фали :( Според мене најдобро школо дефинитивно!
    Тоа што се случува таму никогаш не се заборава,и дружење,искачање по кафани,дискотеки,пушењето цигари во WC,кафињата во piazza и од горе посматраш кога ќе звони за да се симнеш,одморите во Mc Donald's и Амати(кога се нема пари задоволување со едно тостче од бифе или кифла со маслинка-кашкавал),трчањето по ходници за да го видиш тој што ти се свиѓа,барањето опрема за физичко(зошто никогаш никој скоро не носеше),исто и барањето учебник германски-Тangram мислам беше...радоста кога ќе се паднеш на физичко со клас од кој што некој ти се свиѓа,трчање по тетратки 2 мин пред писмена до Просветно дело,сите цигари испушени пред школо,дури и упаљач се гребеш од професор,кога си дежурен си одиш 3 саата порано,воздивнувањето по Актан,носење туѓи цртежи за оценка ликовно,криење по шкафчињата и плашење на професорките,кладби ако добиеш пр 5 на тест професорката да те сврти кругче,одговарање иста лекција 5 пати,па дечковци,па кавги пред школо...има милион дешавки што и да сакам да ги објаснам неможам.
    Нормално неможе цела генерација да се дружи,ама беше :x ,и на екскурзии и на искачања секој петок и сабота,па после понеделнички коментирање на сите случки од изминатиот викенд,и славење нови години,и предматурски забави и се и свашта,цело школо во вис се креваше,и бевме еден таков клас во 3 и 4 год,што професорите уплав имаа од нас,ама затоа остануваат прекрасни спомени,и се би дала во моментов барем да се вратам 1 недела таму ;(
     
    На green.eyes, sweetyears, GlamorousGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Ако некој знае да ми каже дали воопшто ќе има истакнато списоци пред 1 септември и кога? 24ти август стана, од списоци ни трага ни глас, за џабе проверувам секој ден по жештиниве. :|
     
  13. dele

    dele Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Знае ли некој дали веќе се формирани класовите и дали има нешто истакнато????
    Whatsername,имаш право 24 август стана ништо уште незнаеме,али ајде да се надеваме дека пред 1ви септември ќе имаме некој начин да си провериме :)
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    6.723
    Не објавуваат списоци во ЈБТ. :) Другарка ми била до ЈБТ веќе и некој од таму и кажал дека во ЈБТ на први ги читаат класовите и не прозиваат, не се истакнуваат порано како во другите школи. Незнам зашто, ама така е. :?:

    Туку да си прашам јас што да носам на први, нешто тетратка или тефтер, пенкало.. да не ни даваат распореди, такви ствари или пак книги.
     
    На Whatsername му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dele

    dele Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Па ќе си носиш некој тефтер или помала тетратка за распореди и некои дополнителни работи што ќе ни ги кажуваат за да си запишеш,впрочем така е и секој почеток на школска година,не би требало да биде ништо поразлично околу тоа запишување и носење тетратки и такви ствари... :)
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    6.723
    Ее, и ако некој знае дали има барем некаква можност да ми се падне Ачковска за класна или Ружа по математика? :?: Ако не овие, бар Љубица по географија. За Ачковска сум слушнала дека е супер класна па затоа ја сакам неа а Ружа зашто не ми оди добро предметов па се надевам дека ќе ми попушта. :wasntme:
     
  17. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    омг................................... кај ке читаат 400 души леле неееее и плус од 7 ипол требаааа у школо :/
     
  18. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА 01.09.2011(ЧЕТВРТОК)

    Наставата за:
    I и II година започнува во 7:30 часот,
    III и IV година започнува во 9:00 часот.

    Ајде со лесно нека ни е на сите што почнуваме прва. :sweat: :|
     
    На SexyLady и blueeparadise им се допаѓа ова.
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    6.723
    И јас тоа викам Ватсернејм. :lol: Туку, само ова беше објавено на вратата, ништо друго? Си знам дека нема да има списоци ама ајде, надежта никогаш не умира. :D
     
  20. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    На сајтот видов баш сега.
    http://www.josipbroztito.edu.mk/ Под местата за реклами десно. :)

    Кога бев последен пат пред 2-3 дена до школото, на врата немаше ништо. За списоци мислам дека нема да има, ама утре ќе одат другари да проверат, па ако има ќе ти кажам. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.