Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија “Јосип Броз - Тито” - Скопје, ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Инаку не е многу долго, ќе ве читаат брзо, нема некои церемонии и како што ќе ве читаат се издвојувате на страна и кога ќе го завршат класот си продолжувате со класната/класниот во училна, додека останатите ги дочитуваат. :)



    Инаку ова е сега најнов сајт, лани го немаше... :) :clap:
     
  2. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Инаку да не знае некој кога ќе ни ги даваат слободните и дали има некаков, каков било начин да се смени сликата на истата? :(
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Па сигурно ќе ни кажат, можеби ќе ни каже класната на први или понатаму, нема најверојатно да не остават без слободни. :D А инаку, ти од алманах да не даде слика? Јас прво без слика им отидов ама рекоа дека секое второ дете им дошло без слика па сум морала да донесам. Накрај им донесов од алманах, не дека ја бендисувам нешто ама ајде, тоа е. А мислам дека неможеш да ја замениш сликата, ама можеш да си ја прашаш класната ако ти се погоди некоја добра. :lol:
     
    На Whatsername му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Ние не дававме слика кога се запишувавме туку 1 или 2риот ден во школо. И слободните ни стигнаа некаде во октомври, а цел септември се возевме со една сина картица без слика само со име и презиме, пропусница мислам дека ја викаа.
     
    На Whatsername му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Сега утре нови дечиња ке идат у ЈБТ ке се соберат у група и ке чекаат да бидат прозвани за да се формираат класови од 1-10 или сл.

    Љубица вечер ке се истушира , депилира , потоа ке ја облече новата маица што ја купила новите хулахопки (минатите ги скина додека ги бесеше децата ) и на крај новите црни штикли кој едвај ја издржуваат нејзината дебела нога ( а мотото е где стане моја штикла није трева никла)

    и ке дојде тамо у ЈБТ и колку ке се израдува кога ке види нова крв за цицање , ке го наостри пенкалото (тоа е свушност коска од дете само ти мислиш дека е пенкало) и ке започне :

    тој таа тој таа тој аттт тој таа тој дојдете со мене заедно ке формираме клас /оделение и сл.


    и така започнува 4 сезони од Vampires vs children
     
    На Sara123, MoneyLover-98, blueeparadise и 4 други им се допаѓа ова.
  6. dele

    dele Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    А на која Љубица мислиш,да не е случајно географија??? :D
     
  7. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Каролина Јанчевска - македонски,
    Радмила - биологија,
    Надица - физика,
    Олгица - хемија,
    Пандурка - француски,
    Драган - историја,
    Маја Борозан - англиски.

    Збор - два со кој си имам работа оваа година и по некој совет? :wasntme:
     
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Наде физика и мене ми предава. Душа е жената! Треба само активна да бидеш кај нејзе на час и да креваш рака. И да не го знаеш одговорот одма, ѕирни во учебникот и крени рака - не приметува. Ослободува од тестови така да... уживанции е кај неа. :inlove: Срце е женичката, многу паметна.
    Секогаш, буквално СЕКОГАШ кревај рака, става точки ако креваш рака и ако си активна, а плусови ако решиш задача. Со еден плус и две-три точки ќе те ослободи од тест. А тестовите пак и се многу тешки. Јас цела година имам правено само 1 тест - првиот, и после се ме ослободуваше. И цела година си имам 5ка. Глеј да те ослободува од тест зашто тестовите и се зезнати, тешко да се добие 5ка - еднаш имаше само 2 бода за 5ка, среќа јас тој тест бев ослободена. :)
     
    На Whatsername му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Радмила бара многу учење. Уствари сите професорки по билогија бараат многу учење. Значи, редовно ќе учиш, зошто може на крај на час да и прдне да испрашува. Секој час по двајца си подпрашува, тоа и е стандард. Малку е лудичка, не попушта во оценување.
    Надица ми беше класна, и е една од најдобрите професорки, и како жена и педагог. Не и бегај од часови, зошто ќе те запамти и следниот час ќе те крене на табла. кај неа можеш да учиш кампањски пред тестови, ама ако си редовна со кревање рака и плусови, може да те ослободи од тест.
    Пандорка не ми прдаваше, ама знам дека е малку мрдната, исто како нејзината колешка Гоца.
    Драган историја мене ми беше омилен професор(ако зборуваме за стариот Драган во фармерки). Кај него доволно е на почетокот да се покажеш и да зборуваш течно додека одговараш. Понатаму доволно е кампањско учење и почит спрема него. Значи нема каснење, ако влезеш 5 мин.после него, подобро не влегувај. Бегање никако! Кај него до 4 година можеш да влечеш 5-ка на стара слава.
    Оваа Маја е веројатно нова и млада. Тие не ги знам, а и подобро, зошто има традиција во ЈБТ младите професори да се одвратни и безобразни.
     
    На Trendafilka и Whatsername им се допаѓа ова.
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021


    Бегај додека можеш :sweat: :sweat: :sweat:
     
    На pilemile и DirtyQueen им се допаѓа ова.
  11. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Да знаеш и дека избегав. :D :lol:
     
    На pilemile му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Досега ја имав честа три пати да го видам нацистот, т.е Љубица Каревска по географија. Првпат кога ги читаа класовите, сите класни насмеани оваа со еден убиствен поглед јеботе ко децава нешто да и згрешиле. И денес ја видов пред врата на една училница и после класниов ни викаше да одиме да си земеме книги и влагаме и оваа Љубица не гледа онака луто и кога фати да се дере, I-9 што барате вие тука?! I-9, НАДВООР!! И после класниов не гледа ко покиснати пилиња сите и ни вика што е работата и ние не избркаа. :( :D Па, отиде и среди работа.

    Инаку и денес немавме часови, не се запознавме со професорите, пак имавме само класен. И до сега колку што забележав, ок е овој Владо. :)

    P.S. Може да ми кажете каков начин на работа, мислам предавање и испрашување, тестови и слично имаат Рада по биологија и Љубица по географија? Океј, сватив до сега дека е нацист по два дена поминати во школово :rofl: ама дали е и таква ко професор, ептен строга и на пример да знаеш а да ти стави двојка/тројка. Рада ми викаат дека не прашувала баш од учебник а на час предавала по 10 страни, ако и кажеш нешто од учебник и ќе ти рече не е така, нема врска.. И сака да знаеш од енциклопедии таму, нет.. Стварно ?
     
  13. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    македонски-Ана Младеновска
    математика-Ирена
    англиски-Маја Серафимовска
    хемија-Александра Куруноваска
    германски-Мања Мишевска
     
  14. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Во некој клас од кец до петка си, така? Мислам дека овие беа на првите пет класа. :)
     
  15. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
  16. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Изгледа сум помешала нешто тогаш, извини. :)
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Биологија ми е најверојатно Сековска. Имам слушнато добри муабети за неа, ама ако може да ми каже некој нешто подетално. Француски ми е Пандорка, ми се чини како фина жена ама што знам. Математика Весна, исто ако може збор-два и за неа. :wasntme:
    Маја англиски ми е ок да речеме, историја Драган е малку нетачен (во позитивна смисла) ама има големо право за тоа што го зборува. Надица Георгиевска ми е по физика, ми се чини дека е добра жената.. Информатика, некој си Николаевиќ се презива, млад е
    и убав ако може да го пофалам :$
    ама де бре, лошичок ми изгледа некако. P.S. И за македонски ме интересира, Каролина Јанчевска беше мислам. :)
     
  18. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Оваа Пандорка ја видов денес, постара женичка. Францускиот дел од класот викаат добра била и ќе ја реметеле на наредниве часови, не им се чинела многу лоша.

    Од другиве што ги наброја само Драган историја ми предава. Кога почна да збори за „лименките“ кај „мажиштата“ мислам дека се превртевме од смеење. Се чини океј, ама се гледа дека бара знаење. :)

    Некој да не ја знае Александра хемија? Прилично млада е, ама многу е строга. Се плашам дека ќе ме натера да ја замразам хемијата. :sweat:

    Инаку, јас да си кажам за мене... Многу ми се допаѓа училиштево, сега за сега, иако веќе почнаа со предавање лекции и имаме за учење. Самиот објект е убав, а и ми се погоди многу класот, веднаш се здруживме. Добри впечатоци за сега, па ќе видиме понатака. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Срцка е! Многу ја сакам! :inlove: Се радував како дете на играчка кога дознав дека не ни се сменила. Нема да те натера да ја замразиш хемијата туку напротив мнооооооооогу ќе научиш и да не сакаш интересно предава. За секој факт и дефиниција има асоцијативфен пример преку кој лесно ќе запамтиш. Ама си бара учење! :!: И тоа редовно. Може да се погоди пред час така да и текне да испрашува 5-6 души и ќе постави 2-3 прашања, ако не знаеш 1 во тефтер ама многу лесно се поправа, само ако види дека си се покаал и дека се трудиш да поправиш. Ама во суштина добра жена е, и повеќе од добра. Душа жена, многу ја сакам! :inlove: :)
     
    На ShawtyGIRL и Whatsername им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021