^ Нема правило, секоја година е различно. Лани Атанас предаваше во 4та, прелани Марица (на повеќето класови). А пошто Димко ќе оди во пензија, Марица и Атанас ќе си ги поделат часовите додека не дојде нов, така нешто. Како и да е, Димко е најдобар од сите штета за вас што ќе си оди, кај другиве пиперевка се игра, поточно кај Марица таков континуитет бара, ко никој. Лекција по лекција...се со ред дома
Ја сум осмо и се мислам каде да се запишам Јосип Броз Тито или Никола Карев.. Што велете вие?? Каде е поубаво, полесно... Наставниците во Карев какви се?? Дали е мн. тешко?? Сега на нас кои отприлика ќе ни се паднат наставници? Ја живеам во Кисела Вода па затоа се мислам.. Многу ли ќе ми е далеку? Кажете ваши мислења.. Позз
Не е многу далеку од Кисела Вода, за 25мин. се стигнува, а ако има гужва ококу 30мин. (ова со 24, со 4ка мислам дека е побрзо)
Дали само во Карев(од средните училишта) утре ќе се учи? колку што разбрав во другите средни нема да учат..............
Сакав само да прашам некој ако го има распоредот од трета 6 и трета 7 да ми го прати во лична порака,мислам само бројот на часови.Немам кој да прашам затоа.Фала однапред
Може некој да ми каже која професорка предава етика во Карев? И што уствари се учи по тој предмет? Треба да бирам изборен сега, па се мислам меѓу етика и тоа правилно говорење и пишување...
во втора година етика им предава мислам Виолета е сеа за што се учи..па и незнам баш, јас сум на информатика, знам само дека имаше нешто поврзано со морал а ова правилно говорење и пишување зар го ставиле на листата (на страната на биро за развој на образование го има,ама кај нас го немаше како опција), јас кога бирав се бираше меѓу информатика, етика и латински
Ја кога бев 2ра имаше две професорки. Едната што не ми предаваше, и Валентина која ми предаваше етика и плус сега ми предава и логика и филозофија, значи таа предава 3 предмети и ептен е добра, бара знаење она суштинско, ама многу е добра како личност. Ние биравме меѓу етика и информатика, етика е лесен предмет искрено, само ги читаш лекциите и научуваш, и од општа култура веќе и нешто знаеш, само да слушаш на час истото се збори. Има за учење и таму, ама отприлика таков е општествен предметот што на пр. имаш теми и лекции: морал, љубов, вера, толеранција, совест, вредности и невредности итн. Мислам стварно е убав, опуштен предмет, се учи за моралот, за човечкото однесување и градење на карактерот, за особините... интересно е. А и многу е лесно!
малце каснам ама.....морам да искоментирам за Саракинова...нашава генерација не ја остави на крај на прва, сакам да кажам и сега во втора година ни предава. Се навикнав на нејзиниот начин на предавање и оценување, несакам да ми се смени во трета. е сеа на крај на прва година малку ме измачи за да ми стави 5ка (веројатно затоа што имав 4454) ама сепак добра си е она.....
Сакав да прашам, да не знае некој случајно, што ќе се случи со предметот физика? Некои викаат пак ќе сме губеле, а некои викаат дека ќе ја заменел некој Зоран..? Јас сакам да се врати.
^ Билјана физика? Да слушнав одела во пензија, е мене ми предаваше 1 полугодие од кое само ја и уште 1 во класот имавме 5, другите 1,2 или 3. Знам 4ки немаше. Многу ригорозно беше кај нејзе, добро и кај Олгица исто која ми предаваше првите 2 години. Сигурно ќе ја замени некој, може да губите додека не се договорат кој да ја менува од другите професори кој има помалку часови, може и нов/а да ви донесат како што ни донесоа нам кога таа стана заменик директор, па зеде малку класови и нас ни дојде нова, на замена.
Да, она. Јас имам 5ка. Затоа што мене многу ми беше лесен начинот, на кој што она испрашува. Па сега малце ми е страв. Баш на последниот час со нејзе, јас одговарав. Незнам што ми стави. И страв ми е да не ми се намали. Т.е веќе се навикнав на тој начин, и незнам на каков начин, ќе оценува тој друг професор..
Зоки? па он е срцка...воопшто немој да се плашиш ако ве замени тој...предобар е...еден од најдобрите професори во Карев Кај нас постои можност да не остави и во трета да ни предава професорката, не сакам да не остави..............
Колку што знам, се' уште немаат најдено. Ако не најдат, или ќе губите, или може да ја вратат да спушти оцени. Од септемви веројатно ќе дојде некој нов, а сега колку да се заврши годината.