Јас сум сега матурантка во Карев и мислам дека воопшто не згрешив што се запишав овде. Кога повторно би бирала каде да се запишам во средно, дефинитивно би го направила истиот избор. Сакам да кажам дека Карев не е којзнае колку строго училиште а и не е толку тешко. Но тоа не значи дека не се бара знаење.
нешто слушнав дека од септември ќе биле во смена I и II, и III и IV....вистина е ова или само гласини како и пред да почне оваа учебна година??
на денот кога ќе ви ги даваат свидетелствата од прва година, класната(или класниот) ќе ви даде и листови (онакви како тие за упис во прва година што беа) и ќе треба да го пополните листот со лични податоци и плус просек од прва година...ааа за малку ќе заборавев, и изборниот предмет за во втора година јас кога се запишував за втора година имаше некои гласини дека требало да носиме копија од извод, ама не треба...доволно е само пенкало да си носиш
темава прашина фатила.... завршив втора година и веќе нема да "учам" некои предмети (тоа и не е толку страшно, на некој начин се ослободив од тие предмети ) ама може да се рече дека некои професори ќе ми недостасуваат... социологија-Виолета...многу ми е интересна...на час мораш да седиш исправен, забрането џвакање мастики и што уште не.... музичко-Емилија... ...часовите многу брзо ми поминуваа и постојано некако релаксирано...нема стресување дури и кога испрашува...во прво полугодие еднаш се пријавив како доброволец кога праша кој сака да одговара, викам јас сакам и почна да ми вика "ама зошто, како така..многу сум страшна" и јас нормално си продолжив да си седам, се додека не ми рече "ајде ајде не сум страшна"
Преместувањето од еден во друг клас може да биде после објавувањето на класовите?И дали мора да најдеш друго дете од класот во кој сакаш да се преместиш и тој да се премести во твојот?
Може да се префрлиш од еден во друг клас, секако после објавувањето на класовите. Е за тоа дали треба да најдеш замена зависи од бројот на ученици во класот во кој сакаш да се префрлиш.
Јас сакам да се запишувам во Карев и ве молам кажете ми дали има слободни места и кога е вториот уписен рок?
Не знам дали има слободни места во Карев, најдобро е да се распрашаш директно таму затоа што тие најдобро знаат. Знам дека имало голема заинтересираност за запишување, така ми кажа една другарка која денес била да полага матура (интерен дел) и кажале дека се пријавиле 80 души повеќе од бројот на ученици кој што бил објавен во конкурсот. Кога е вториот уписен рок можат да ти кажат твоите врсници, затоа што и за тоа немам точна информација.
За жал според тоа што го читав денес Карев е меѓу школите во кои има доста повеќе ученици пријавено уште во првиот рок од предвидениот број што значи дека ќе има одбиени и од првиот рок, а не па да има втор рок :/
Сега сум осмо и се мислам помеѓу гимназија или ликовно . Гимназија сакам во Карев . И брат ми учеше таму , па нз можеби заради тоа . А само едно имам нејасно , од каде доаѓаат тие понеи , само знам дека треба да се има над 60 поени . Една другарка имаше 60,5 и не ја примија ама нз во која гимназија .
Среќа што ја избркаа Јованка, овој пат конечно, инаку готова бев за отпишување. Spoiler секако од септември, доколку би ни предавала И не само јас, не само децата од клас, туку и повеќе со коишто зборам во генерација. Мене стварно не ми е јасно како можат да вработуваат такви луѓе без прво да ги "проверат" малку. Жената во буквален смисол ни вршеше теорор над нас, не малтретираше психички секој втор час, а се зачести од второ полугодие па до крај на годината. Имавме и родителска средба заедно со нејзе, за да може да се реши некако ситуацијата. Spoiler имавме по 2 кеца сите минимум во графа Но, со тоа ништо не се постигна, и сите кои излегуваа од таа средба викаа дека жената е ненормална. После тоа, на часови почна да дели листови, ние да препишуваме од нив, а таа постојано си дремеше.(а учевме стереометрија ) Се праќаа жалби до директорка, беа запознаени сите професори и сите се чудеа, сепак никој не можеше ништо да помогне, писма до министерство. Ситуацијата премногу ескалира. Многу друг впечаток ми остави школово, откако поминав две години... Сега накратко раскажав конкретно за оваа 'професорка', има и многу други што се такви, но тоа е... Не ми е целта да ги уплашам тие што сакаат да се запишат во оваа гимазија, се' што сакам е малку да размилслат за тоа што ги чека овде.
Мене ми кажаа дека математичка гимназија ќе ја правеле за некоја година. Ако, баш ми е мило па доста време беше општа и падна рејтингот, време е да се качи.