а да не знаете сега кој ќе ни предава математика, наместо Јованка?? повторно математичка гимназија? не ми се верува дека ќе го дозволат ова професорките по ликовно и музичко...со тие свирложби и слични ствари што постојано ги организираат а особено што се обидуваат да ја претстават како уметничка и да, ќе заборавев...постојано само кажуваат како награди се освојувале само од областа на уметностите...а мислам дека едно девојче од кај другата професорка по математика, освои 3то или 4то место
Тие зедоа замав поради за првпат формирањето кај нас на класот јазично-уметничко Б, па со сите сили го експонираа, ама еве и тие ученици од тој клас завршија. Сега што? Ќе се формира таков клас, или општествено-хуманистичко Б ќе се формира кај вас во генерација? Ако не се формира Ј-Б нека заборават на се тоа освен на бендовите, а Карев никогаш нема да биде уметничка гимназија зошто никогаш нема да се дозволи некои петмина професори со нивните додатни активности кои со учениците не ни држат час ко што треба да земат толкав замав за среќа... поддршка за враќање на математичка гимназија што побрзо, а инаку досега беше чисто општа гимназија без разлика на тие активности надвор од наставата што ги правеа да напоменам само овие 2 години а претходно кога не бевме групирани во смерови нигде ги немаше со тие идеи, па и ние во 3та по Вовед во право организиравме активности па никому ништо, не се фалевме и трескавме од земја како тие од Ј-Б, а еве и јас лично учествував еднаш во симулација на Советот на ЕУ ама не продолжив и на други такви активности зошто правото не ме интересира, и математички натпревари имало па ни тие толку не се експонираа... Пред 4 години едно девојче од генерација и тоа математички клас освои најдобар цртеж во цела Европа во Прага така нешто беше, па никому ништо значи немаат врска тие активности ама она букваааално само професорите ги форсираат, ама колку и да форсираш тоа е тие се 5-6 души дали и толку, а другиов цел колектив каде е? Ццц, ептен се во филм нема што, а да видиш која радост и драми беа кога се формира таквиот клас, уште говор пропратен со солзи радосници да одржеа, ама ги сфаќам и нив јас никогаш немале таков клас. Ама тоа не значи дека треба да го окупираат школоно и нонстоп да наоѓаат изговори за нивните ученици да не одат на часови ради разно-разни активности.
Јас се запишав веќе во Карев и ме примиле - со среќа нека ми е Само ако може некој да ми каже отприлика кои лектири ќе ни бидат во прва?
мислам дека во нашата генерација ќе се формираат сите 6 подрачја...за ЈБ имало околу 15-20 пријавени, најверојатно ќе формираат...а и за ОБ прилично имаше заинтересираност...така да можно е и тоа да се формира не можам сега со сигурност да кажам, ама во септември ќе знам 100% па ќе ви кажам а вие што сега се запишавте во Карев, ви посакувам добредојде иста смена ќе бидеме
Денес во школо помеѓу професорите се збореше дека постои можност од први септември во смена да бидат прва и втора, трета и четврта. Мене не ме засега тоа, јас завршив ама пишав чисто информативно. Инаку на тие што се запишаа во Карев нека им е со среќа.
Мислам дека овие беа.. - Гилгамеш. - Шагринска кожа-Оноре де Балзак. - Скржавец - Вујко Вања-Антон Павлович Чехов. - Цар Едип - Панонски легенди - Тристан и Изолда - Илијада
Ние што бевме прва година, ќе ги зимаме во вторник во 10 часот. Е сега дали и вие сте во иста смена, незнам..
^^и јас слушнав за тоа...ама зошто? така сега Карев нема да се разликува од друите гимназии, вака се разликуваше по смените и уште да кажат дека ќе ги делат класовите.......
како што прават во другите гимназии, во 3та година ги прегрупираат класовите...на пр. од тие што сме ОХА од мојот клас и други од ОХА од другите класови да направат еден нов клас...во еден клас да бидат сите ОХА, во друг ПМА, и така...а сега во класот имаме од сите подрачја
Епа,јас се запишав у Карев ( прво 2), класна ми е Маја Филиповска (англиски) , може некој да ми каже за неа, каква е?
Епа ај честито, само 5ки да си редиш. Хахаха, иначе ми се погоди муабетот за твојата идна класна. Една од моите ОМИЛЕНИ (во наводници) професорки Подетално ќе ти пишам во ЛП
уффф англиски класна.....може да се рече дека е добра..ама мене слабо ми оди англискиот и многу ме мачеше за 5ка со тестовите ве спрема за матура...тешки се, ама вежбите се слични како оние за матура