Може ли некој да ми каже каква е професорката Елеонора Симевска (мислам дека вака се презиваше) по информатика? Фала однапред
хммм...па во главно добра е...(барем за оцени)....е сега додека предава може да згреши во диктирањето па често пиши бриши да праите
Во 1ва многу писка...многу сака да се покаже, ама се покажува на многу ниско ниво... се кара со ученици се спушта на нивно ниво им се дере уште што не почнува да тепа. Чудна жена... е сеа ја ради тоа понашање секој час под стресови не земав информатика во 2ра а тие што зедоа викаат подобра била дека помалце деца, многу е нервозна жената и ако има галама таа уште толку додава масло на огнот место да смири ситуација, значи тешко се контролира. Само да си ќутиш и да не те примети, и кога ќе праша за доброволец да се крене рака бар според мене и цела година 5ка имав зошто кревав рака за тоа теориите нејзини таму. А на пракса е... жива лудница. Иако во 1ва претежно теорија се учи и тоа лесна.
Абе мене ќе ми била класна Ана Пота..али нешо пишува на породилно била..она ќе ми биде или некоја друга ? :ѕ и каква наставничка е сакав да ве прашам...
Ана ќе се врати од породилно и подобра класна од неа нема. Правдање се живо, бришење изостаноци и намалување неоправдани, се 4ки и 5ки германски беа кај нас 3 години. А во 4та она отиде на породилно и дојде друга што многу повеќе знае од неа ама построга и така што за вас Ана ќе се врати. Екстра класна е нема збор, и многу фина жена. Најлесното од јазикот го предава, кажува што ќе се падне на тест и такви вежби се паѓаат најлесни боза, а ако очекувате знаење како што треба нема да добиете
Abe a treba nesho za slobodna..slika ili toa kje ni kazat koa kje trgneme u shkolo ? i prviot den bez nisho se doagja ?
Првиот ден, ќе ви дадат слободни, без сликички, едни портокалови. Сигурна сум дека сум ставила слика од нив на форумов, ама не можам да ја најдам.. Тие ќе траат негде до октомври-ноември. А пред тоа, ќе треба да однесеш слика од тебе, и од позади име презиме и адреса на живеење. Ама тоа класниот/класната ќе ти каже. И после од октомври-ноември ќе ви ги дадат новите слободни, со сликичка. А првиот ден, јас само тетратче и пенкалце носев.
Јас во неделата или понеделникот кога бев до Карев,пишуваше 1 година од 7 ипол,а втора од 8 или така нешто..
јас сум I-8 а класна ми е Марија Божовиќ, ако може да ми кажите по кој предмет предава и дали е добара или строга?
Физичко, една млада 26 години има. Многу е терсене за вежбање, многу е во филм дека нејзиниот предмет е на исто ниво со математика, физика... итн. 3 минуси една оценка подоле. Моравме и други патики од надвор да носиме покрај опремата, ако не ја имаш цела опрема тогаш минус, пример имаш хеланки немаш други патики = минус. Кажуваше и дека чувала за матура и не дала никој да препише, не се мрдало. За оценување оценува тоа што треба ако е пр. кошарка тогаш водење, додавање, двочекор и слично. Памтам ко вчера да беше ако се напраиш а не дадеш кош те враќа 2-3 пати и ако пак не дадеш а се е регуларно тогаш 4ка, па ако носиш опрема итн. тогаш 5ка. Ама откако ќе ве научи кој вежба кој не, може да се прошлепа некој како ја, си праев муабет со нејзе многу е таква...комуникативна и си теравме муабети дури и да не вежбав ќе и речев ме мрзи и она ок, ама пази тоа беше крај на април, мај = крај на 4та. А претходно... како што ти кажав. Чудна жена е, од девојчињата што сме биле као помалце спремни од машките бараше се буквално и само барашњ ситница да ти најде маана, а на машките што ич не и вежбаа а ги знаеа спортовите многу им попушташе, иако знае да носи ученици и кај психологот. Еднаш фати едно девојче од клас со цигара во соблекувална и го крена цело школо во воздух. Ракометарка е, така што тоа и е специјалност да речам, најдобро го знае, а другите спортови онака полабаво не знае многу, повеќе теорија. За тие што нема да вежбаат а ќе прават проекти постојано им бара белешки од доктор, значи не можеш да измислиш причина мораш да имаш потврда од лекар и да ти држи вода и стварно да имаш некој проблем, кај мене имаше со мигрена, обилно крварење, извртено колено итн. не до толку, ама сепак не беа баш лаги. Дава проекти, 4 оценки во година значи 4 проекти годишно теорија и испрашува за нив, закажува час и сите ги испрашува од проектот што мора да го знаат напамет и така одговараат, а плус носат и патики. Значи ем патики, ем проекти да учиш да се мачиш. Тоа е најлошата варијанта. А вака не знам колку да се радуваш што ти е класна смешки. Се прави нешто којзнае што, а уствари ништо страшно не е. Постојано ја повторува нејзината фамозна реченица „Ако ми дојде инспекција вака-така, да не и најде грешка...“ и никогаш не дојде инспекција. А, и за запишување ако не си тука кога ќе те прочита и во соблекувална да си те запишува. И никогаш не пушта од час без да запише, под изговор „Ако ти се случи нешто јас одговарам за тебе дрндрндрн...“ значи тешко дека ќе има правдање.
мене ми предаваше само во 1ва...ние па не правевме проекти, ама многу ме измачи за ракомет...она е ракометарка и мисли сите се, а јас како што сум антиталент..... за патиките неколку пати вежбавме сo истите и не не примети (или барем не ни даде до знаење дека не приметила) како класна би требало малку да ви попушта ааа, ќе заборавев...многу е слаба, мислиш соленка е...
Јас само вака ја знаев. Дека е само она женски професор по физичко. Не ја знам многу, ама знам дека по строга. При крај неколку пати, ќе пробаме да излеземе, дека не ни се вежба... Од проф. Јане, ќе излеземе некако, ама таман ќе излеземе, и она ќе не врати. Повеќе се криевме од нејзе, него ли од него. И покрај тоа што не ни предаваше. Иначе, да од 8 саат сме биле. И да прашам. Има некој нов предмет во 2ра? И кој го предава? И уште нешто. Истоја, дека ќе оди во пензија, од октомври.. Кој проф. останува по историја, освен тој некој што барал многу бројки и години? Или нема уште еден?
Атанас ќе си оди од 2 полугодие како што знам јас. Штета многу добар професор, иако бара многу учење. Мислам дека некоја Марица ќе ни била после или така нешто... А таа Олгица Константинова што предава физика каква е? Сега таа ќе ни предава.
И тој ќе си одел? Јас мислев само проф. Димко. Леле, и мене сега ми е страв физика. Во второ полугодие, ми беше еден од омилените предмети. Незнам, некако лесно ми одеше. Ама дали дека ја научивме проф. како испрашува.. Сега додека се привикнеме на нова.