1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Никола Карев“ - ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од Night.Wish, 27 март 2011.

  1. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Олгица не е толку страшна. Мене ми предаваше во втора година и единствено кај неа разбрав нешто од нешто физика. На час доволно е да слушаш, дома еднаш ја читав лекцијата и ја знаев. За разлика од кај Билјана Поповска (во пензија мислам дека отиде) каде каде многу поразбирливо предава. Ги споредувам нив 2 затоа што само они ми имаат предавано физика. Иначе Олгица интересна беше кога ќе речеше ''Пази ваму'' или ''Не ме замарај'' и еден куп други работи што не ми текнуваат во моментов. :D

    Кога сме кај професорите по историја знам дека Димко ќе оди во пензија, а и Марица нема уште многу, стара е. Ако и Атанас си оди (не знам зошто би го направил тоа и од каде ви е таа информација) значи комплетно нова постава историчари ќе добие Карев за кратко време. Школа на Паткович е он.
    Јас само за овие тројца знам дека предаваат во Карев за друг не знам. Исправете ме ако грешам.

    Инаку, Марија (физичко) ми нема предавано ама еднаш или два пати неделно ни се погаѓаше да имаме час заедно со класовите каде што таа предаваше. Колку што гледав повеќето си седеа на клупа (посебно девојчињата), знам дека секогаш запишуваше отсутни, секогаш си правеше муабет со некого. И јас се имам погодено неколку пати да правам муабет со нејзе.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    не е само Марија женски професор по физичко, мене ми предава Росица :)
    има нов предмет во втора, социологија...Виолета предава :)


    јас не сакам Марица да си оди или да не остави :worried: веќе се навикнав на неа :D
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Епа можно е, таа јас што ја знам, да не е Марија..
    Оваа јас што ја знам, има плава коса, а како се вика, поим немам. :wasntme:
     
  4. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    ^ Да има една со плава коса само ни јас не знам како точно се вика... Елизабета мислам дека се викаше, ама не ме фаќај за збор. Ако збориме за истата.
    Мене Росица ми предаваше. :)
     
  5. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ехеее...мене во 1ва Марија, во 2ра Росица...сега којзнае кој ќе ми предава :lol:
    туку, кој ќе ни предава математика на местото на Јованка? :)
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    На нас можно е да ни остане Јованка.
    Кога ни ги даваа сведителствата класната нешто не праша дали сакаме да ни предава она.
    Изгледа не ја избркале.. Само на некои класови каде што предавала, нема да предава.
    Незнам, незнам. Ќе видиме утре. :)
     
  7. Directioner97

    Directioner97 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    првиот ден..односно утре колку време ќе не задржат у школо ? :P
     
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Накај 8 саат би требало да стигнете до училницата. Така да докај 9-10 би требало.
    Зависи од колку саат се втора смена.
    Првиот ден, знам само класната ни читаше некои правила за мобилните, за облеката, за фрузирите.. После кој професор, по што ќе ни предава. Па распоредот за неколку дена. Па на некои листови се потпишувавме. Ќе прашува кои се отсутни.. И се потпишувавме во слободните..
     
  9. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    а во која училница ќе одите утре? кај што си бевме до сега или има некои измени? :D
     
  10. Whatsername997

    Whatsername997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    колку страшно го представи наставничкава школово :worried: страв да те фати
    иначе зошто ние учениците треба да одиме од посебна врата а не од главнава? Мн е глупо, а да и кај се наоѓа таа врата да не се вртам низ двор утре?
    И ни дадоа ливчиња за проектни активности, јас најмногу заинтересирана сум за математика, информатика, физика-астронамија. па ако може да ми кажете што се прави на овие предмети и како е тоа 15+20 часови?
     
  11. Directioner97

    Directioner97 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Лее денес како се испобутавме по училни..ама луѓево ептен се срамат бе.никако да почнат некој разговор. Вие како се спријателивте ? :/
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Главната врата е за професорите, родителите..
    А таа задната врата, лесно се наоѓа. Има една „порта“ лево од влезот на Карев. Ќе се симнеш надоле, и ќе видиш вртени скали.
    А ние некогаш влегувавме и од Бифе, зависи дали е отклучено.


    Јас сакав да прашам за професориве. Ќе ми предаваат.

    • Билјана Спиридонова, математика.
      Олгица Константинова, физика.
      Валентина Панџарова, социологија.
      Марија Божиновиќ, физичко.
      Мирко Димоски, правилно говорење и пишување.
    Додуша и за некои од овие прочитав на предходните страници..
     
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    да не цитирам ќе напишам вака, па се надевам ќе се снајдете... ;)

    тоа 15+20 часови е дека треба и дома да работиш на проектната....т.е. проект треба да направиш...во школо одиш на консултации во врска со темата што ќе ја одбереш, а дома го правиш проектот...а има и 70 часови, тоа се хор и оркестар и тие не прават проекти, туку свират и пеат...е сега, од 70 часови бираш само една проектна, а од 15+20 бираш две...

    јас кога бев прва година учениците шетаа по училници..и така на секој час седевме со различни деца...така се запознавме и се спријателивме :D

    од овие ми има предавано само Марија Божовиќ, мислам пишувавме за неа пред неколку страници..да не се повторувам сега...а Билјана само ја имам гледано низ школо (ако е таа што мислам дека е), така да не можам да кажам за неа...

    него јас да прашам...за Мери по биологија...каква е, што бара, како да се однесувам...не оставила Саракинова :( а баш се навикнав на тестовите нејзини...

    ааа и ова...за оние од 4та или што завршија...во која училница ги имавте изборните предмети? :)

    ај да не пишувам ново мислење, ќе редактирам...мислам дека некој прашуваше дали во мојата генерација ќе се формира ОБ или ЈБ....двете ги формираа, т.е. сите 6 подрачја ги има :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Абе све океј помина првиов ден ама многу се изнервирав што ни ги сменија училните ухх! :fubar: ]:)


    Него ај нема врска, со среќа нека ви е на сите и се петки да редите! :P :D
     
  15. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Билјана Спиридонова, математика. - не ми има предавано
    Олгица Константинова, физика. - кажав погоре
    Валентина Панџарова, социологија. - Една од моите омилени професорки, да не речам омилена. Многу е фина жената, знае да се постави и секогаш е тука да ти помогне за било што. Ми се допаѓаше начинот на кој што предава и испрашува, не е како Бети Буп која што бараше (барем кај нас) одговори како во учебникот, односно како што имавме во тетратките. Често имавме дискусии на најразлични теми во врска со материјалот. Како и да е имам само пофални зборови за Панџарова. :)
    Марија Божиновиќ, физичко.
    Мирко Димоски, правилно говорење и пишување - Мислиш Митко. Не го познавам нешто многу затоа што ми предаваше Македонски само 2-3 месеци и тоа на почеток на четврта. Часовите ни беа поопуштени, тоа единствено ми текнува во моментов.

    Инаку некој погоре прашуваше за изборните предмети. Епа вака јас бев ОА и голем дел од класот беше на тоа подрачје и на изборните бевме сами (20 и нешто луѓе) во нашата училница. А другите смерови најчесто се договараа со професорите, односно најчесто на почеток на година си наоѓаа празна училница и потоа си одеа таму.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ^а Мери ти има предавано биологија? ;)

    ние имавме еден час до сега и ми изгледа дека е строга и ќе бара многу да учиме :worried:
     
  17. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Не ми има предавано Мери. Од проф. биологија само Катица ми има предавано, 3 години.

    Ама споед тоа што го имам слушано за другите (Мери и Саракинова), имам заклучено дека сите професорки во Карев по биологија се строги и бараат знаење, вклучувајќи ја и Катица.
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Мене ми предаваа сите 3 биологија, која од која построга се, Мери во 2ра на најтешкиот материјал ми се падна. И учебник да извадиш на тест не помага, и препишување, ништо... јас имав 5ка, ама зошто вадев високи оценки на тестовите кои и беа чиста логика. Само да се слуша на час и да се пишува тоа она што го збори, да се цртаат шемите што ги црта за митоза-мејоза тоа е најважно верувајте. Генетиката и е јака страна, и бара многу знаење. На крај попушта, ама 5ки тешко се вадат, а до 4ка става. Буквално мора да се сфати материјата, иначе ништо. И многу е строга, а закасниш 1мин си бил до вц одма идеш на табла. Мене еднаш ме стави така зошто закаснив и мислеше ќе ме зезне, ама се знаев не од учебник што имав учено тоа не помага многу зошто не предава баш по учебникот си има она свој стил и свој ред, туку од што ја слушав секој час и пишував се што збори, и нацртав и објаснив се и ми стави таму 5 за усно. Треба концентрација секој час, и најважно - да се сфати логиката на генетиката. После е лесно. И многу е терсене, интересна и пред се - строга професорка. Мислиш се зеза, ама ако почнеш да се зезаш и ти отиде.
    Јас ја сакав, зошто ја слушав внимателно, кревав рака, одговарав и нели тогаш на табла сама коа ме крена коа закаснив, најдобар тест имав коа имаше од 36 деца 31 кец убаво памтам и имав 5. Ама да ги прашаш другите... не беа баш задоволни. Имаше и оценки вадени од ракав по „нејзина логика“ да те погледне ти вика ти знаеш, ти не знаеш, ти бледо ме гледаш појма немаш, ти не ме гледаш не те интересира, ти гледаш во монитор ама слушаш, ти гледаш во монитор ама не слушаш... абе и среќа треба.
     
  19. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    значи треба секој час да имам научено се....готова сум :( како што не ми оди биологијата ;)


    туку, навистина ќе носиме униформи? нешто на родителската збореле :)
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    На нас ништо не ни спомнаа за униформи. :?: