Оваа година сум полуматурантка. И во план ми е да се запишам во Н.Карев-некако ми е совршено школото.
да не знае некој да ми каже како испрашува физика Олгица? Ни рече дека ќе не испрашува ама не знам на каков начин испрашува, дали бара само дефиниции или треба и нешто да се пишува/црта на табла и дали дава задачи на испрашување?
^ Колку што паметам кога испрашуваше на табла не бараше само дефиниции, туку и да се нацрта и да се напише (со се формули) тоа што требаше да го препишуваме од графоскопот. Инаку, задачи не даваше на испрашување.
ние денес се вративме накај 12:30...преубаво беше...малку како на брзина да шетавме, сепак многу места имаше за посетување како и да е, убаво си поминавме...да можам пак би отишла
тестовите имаат по 10 прашања..само она најбитното се бара...имаш прашања со заокружување, со набројување (или да ја дополниш реченицата) и едно или две прашања со цел одговор лесни се тестовите, затоа што нема некои затуцани детали што првпат ќе ги видиш ако не си задоволна од оцената на тестот имаш можност да ја поправиш со усно одговарање...е сега јас да прашам дали така можеш да поправиш оцена и кај Мери??
а какви се тестовите? лесни се? има двосмислени прашања? оваа недела ќе правиме, па да бидам подготвена...
Не знам сто да се записам се мислам помеѓу Никола Карев и Корчаѓин ве молам помогнете ми дај те ми васе мислење???
јас би ти препорачала Карев (се подразбира нели ) добро е школото, е сега за професори зависи кои ќе ти се паднат..има некои кај кои можеш полесно да извадиш повисока оцена, а нормално има и некои што си бараат знаење...за друштвото, исто така е добро, значи можеш да си најдеш друштво тука јас мислам дека нема да згрешиш во изборот ако избереш да се запишеш во Карев
Прашање за изборните за во трета. Ќе се формираат нови класови со кои ќе бидеме само на изборните предмети или со нив ќе бидеме постојано, на сите часови? Пр. како сега што имаме говорење и пишување, етика, латински и кој што има избрано оди пред или после часови, но повторно сме стариот клас, а за во трета како ќе биде? Што се деси со Симе??
^ Класниот ни рече, исто како сега што правиме за изборните, така ќе биде и во трета. Само незнам дали пред, или после часови, ќе бидат формирани како групи.
^^значи вака... не се дели класот...туку се формираат групи како што ви се сега на изборните предмети...си останува класот, само се делите на изборни предмети распоредот е правен така што изборните предмети се на првите 3 часа во вторник, среда и четврток (ова кај мене во 3та) бидејќи има 3 предмети од по 2 часа, еден ден ќе почнувате од 4ти час
па и не биле толку страшни тестовите по биологија...успеав да извадам 4ка мислев којзнае колку страшно ќе биде, и колку лоша ли е професорката..таман се навикнав на неа...убаво објаснува, а и смислата за хумор.... ќе ми фали......
Луѓе тие што учат руски мораат да бираат помеѓу германска и француска паралелка, или ќе прават руска паралелка од следната година? Да не знае некој да ми каже ?
Познавам едно девојче што е сега 4та година и она во основно учела руски и сега во Карев си продолжила со руски а не со германски или француски. Ама ако има само 5-6 деца што учат не верувам дека ќе се направи таква паралелка.