Јас сум сега прва година и хемија ми предава професорката Сузана и можам да кажам дека е многу добар професор бидејќи јас во основно не стекнав никакво знаење а сега многу научив и имам 5ка хемија. Иако е строга професорка сепак знае и да се пошали и секогаш после тест дава поправен и дава и усмено да одговараш. Физика ми предава Зоран и можам да кажам и за него дека е многу добар професор. Добро објаснува и кога ќе излезеш на табла да решиш задача ако згрешиш нешто нема да ти се дере или слично туку ќе ти помогне. Пред тест дава повеќе задачи за вежбање и некои од тие се паѓаат на тест и ако не ги решиш задачите сепак можеш да имаш 4ка. Се на се овие професори се едни од најдобрите во Карев до сега според мислењето што го стекнав и ако сега си 8мо и ако се запишеш тие можно е да ти предаваат а ако не хемија ќе ти предава Ела а за неа викаат дека била многу строга а физика има уште една професорка но и она е построга од мојот професор.
хемија мене ми е Наде и таа е предобра а за физика, Олгица ми беше во втора и не е толку строга, само си бара знаење, ако учиш нема да имаш проблем има паралелка што како втор странски јазик е руски?? првпат слушам за ова туку да прашам некој од другата смена (т.е. од 1ва или 2ра година)...кој ви предава историја? и Атанас и Марица се во мојата смена, па ме интересира...
се надевам нема да има... всушност кај нас нешто ни спомна една професорка дека ќе имало тестирање по изборните предмети....може и не е толку страшно за социологија и вовед во право ...ама латинскии
^ Абе лепота невидена. Колку само се познава дека Емилија Ристановска (музичко) е додадена на фотошоп. И не само она, има и други: Митко, Павлина, Ордев... Ех Карев, Карев ај мис ју по малку.
6 смерови се... ПМА...машински, електро, ФИНКИ... ПМБ...медицина, ветерина... ОХА...правен, економски... ОХБ...ориентирано е кон психологија, педагогија не знам да објаснам ... ЈУА...за јазици... ЈУБ...за уметности...
значи вака...англиски учат сите....германски/француски кој што одбрал при запишувањето во прва....а изборни јазици за 3та и 4та се латински и италијански...од изборните предмети уште има, во 3та педагогија, а во 4та книжевност мислам
не, јас сум германска паралелка и не полагав приемен, уствари никој не полага приемен Spoiler ако мислеше на она да си учиш германски како втор странски јазик....а не на наставата да ти биде германски, такво нешто нема
Не знам за тоа. Меѓутоа, француски се почнува сè од почеток. Само со малку забрзано темпо. Нека не те плаши тоа.
Па не ама ко што се сеќавам на времето коа се запишуваш на пријавата пишуваш јазик обично тој што си го учела во основно заокружуваш, а и да не си го учела можеш сеедно не им е гајле на нив тоа. Кај мене соученик во основно учеше руски, па си заокружил меѓу германски и француски - германски, и тешко му беше многу ама кој што сака си учи нема приемни и такви работи не, не.
Јас сум сега прва година и имаше во мој клас едно дете што во основно учело француски ама на уписите заокружило германски и се паднал во германска паралелка ама кога требало на првиот час по германски да се претстават на германски тој кажал дека учел француски и потоа класната дознала за тоа и уште од следниот ден го префрлија кај мене во клас во француска паралелка.И класната наша кажа дека на уписите треба да се заокружи учениот јазик а ако сакаме да учиме друг јазик а не тој од основно треба да се поднесе некаква молба до директорката а потоа она треба да ја достави до Министерство за образование.