Да ве прашам нешто дали професорот Диме е во пензија и ако не е кога ке оди зошто многу сакам да се паднам тој да ми биде професор и исто така СЕКОЈ ШТО КЕ СЕ ЗАПИШУВА ВО КАРЕВ СЛЕДНАТА ГОДИНА ДА МИ ПИШЕ ЛП.
^ Да не мислеше на проф. Димко? Он е отиден во пензија, од лани, таму негде октомври мислам дека беше.
Мислев на тој Диме што преддава историја .И уште нешто имате ли во школото компјутери и дали ги користите?
Да, тој е. Отиде во пензија... Иначе, имаме компјутери, ама не во сите училници. Ретко кога се користат, затоа што не работат сите. Има некои фалични.
Може да ми кажете оваа година кои наставници одприлика би можеле да ми се паднат да ми предаваат, а и строго е многу во Карев или ?
да ве прашам...кој е тој професор по математика кај кој со самото тоа што си женско имаш загарантирана 2ка? и уште нешто, како ви се свиѓаат униформите?? уствари не се тие што ги пробувавме, ама ај......
за која година мислиш? па да строго е Карев сеуште го држи рејтингот за едно од подобрите и построгите гимназии во Скопје ама и зависи кои професори ќе ти се паднат
Сигурно е Стојче ама он сега во септември иде во пензија заедно со Мето, кој јас лично многу го сакав и е еден од најдобрите наставници по математика (а за него се збори дека е најстрог професор во карев)
Феминки планирам да се запишам во Карев ама ако може некој подетално да ми објасни за школово? Дали можам да си најдам друштво, дали е многу строго и тешко? Подетално нешто ако може фала ви однапред
Вака... Јас лани завршив во Карев и ќе ти го кажам моето мислење во врска со школово. Значи Карев е, односно, не знам колку е сега ама до пред некоја година кога се запишував беше прочуено како строго школо. Но, според мене и не беше толку строго како што викаа или пак можеби во меѓувреме Карев го изгуби епитетот на многу строго училиште. Меѓутоа не е ни баш лабаво. Значи кога станува збор за строгоста, тоа е нешто измеѓу двете екстремности. Е сега за тешко не можам да ти кажам. Тоа е субјективно. Ако учиш нема да ти биде тешко. До душа кај некои професори може да се добие повисока оценка со помалку учење. Тоа дали ќе најдеш друштво и дали ќе се вклопиш во класот зависи од соучениците, но и од тебе. Мислам јасно ти е дека не може да се дружиш и да си блиска со сите во класот, но сигурно ќе си најдеш некој што ти одговара за дружење. Јас токму во средно ги запознав моите најдобри другарки. Се на се, Карев топло го препорачувам на оние што сакаат да се запишат токму таму.
Абе кратко и јасно Карев е државаааааа башка сеа и многу поубаво го напраиле и уште и ќе го праат така да ЛАЈК
Заедно се прва и втора, трета и четврта. Едните се од 7:30, а другите од 13:30. Сега ни ги дадоа униформите. Ви се допаѓаат на вас? Мене да. Само уште утнале така малку со бројчињата.
нас уште не ни дадоа униформи....денеска ги видов, од другата смена ги носеа и искрено да ви кажам не ми се нешто ептен убави....не ми се свиѓа бојата.....