Форумџика на годината 2021
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Никола Карев“ - ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од Night.Wish, 27 март 2011.

  1. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Па добро една моја другарка учи германски на курс веќе 4 години и повеќе го владее од францускиот кој го учиме на школо. Братучетка ми кога се запишуваше во ЈБТ и ми кажа дека можеш да одбереш дали сакаш француски или германски..
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.031
    Абе другарка ти ако учела курс е исто како ние што учиме германски од 6то исто како да учела.Ама како ќе се снајдеш ти не знам ако земеш гер. а кај нас во Карев во пријавата пишуваше јас кога се запишував на времето јазик кој си го учел во основно. А ти ако немаш појма од германски а само сакаш да се спасиш од француски поголема беља си праиш веруј никој нема да те воведува во германскиот отпочеток секој ќе си иде по програма па за тебе ќе биде потешко мене ми е гајле ти иди само таков случај јас не знам да си учел едно а да пријавиш да учиш друго.
     
  3. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Јас не реков дека не знам француски им кажував на тие погоре што прашуваа дали се бира кој јазик сакаш кога се запишуваш.
     
  4. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Ми кажаа дека оваа година ќе било многу построго бидејќи сакале да го кренат рејтингот на школото. Како што разбрав, ќе примале само 200 деца :^) . Незнам колку се точни информацииве, но како и да е, јас одлична сум, па би требало да ме примат. :)
     
  5. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.659
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе гледаат прво по оценките, ама мислам дека како секоја гимназија, ќе треба да потегнеш и некои врски, ако ги имаш.Иначе не мислам ништо посебно за гимназијава.Ми кажувале дека не е лоша, а не била ни премногу строга.Јас ја отпишав уште од почеток, затоа што ми е многу далеку :)
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.031
    Оваа година со новата директорка е МНОГУ строго што ми беше професорка лани :angel: иначе е цар жена за нас што не знае за другите не знам, не се дише не знам друго школо да е како нас толку строго, не дај боже закасниш една минута не влагаш на врата не смеат да те пуштат ако те види она те седнува на клупата за чекање и чекаш следен час и ако има список при рака те запишува на него :lol: , пушење цигари во школски не смее, училните мора да се чисти на највисоко ниво имаме посебна канта за се посебна за хартии во секоја училна (која ако фрлиш нешто мрсно внатре плаќаш 100денари и прво се смеев ама никој не фрла :| ), а во хол има канти милион во ќош (хартии,пластика итн), порано на бина си седевме секој голем одмор сега не смее, од главен влез да излезеш не смее ни да влезеш тоа е понижување за возрасните и да е отворена вратата од таму само професори и родители а ти ќе чекаш заден да ти отворат дежурните меѓу часови не смееш да излагаш од училна не дај боже да слезеш до бифе или за време на час не дај боже и да, порано се шетавме во различни училни а сега само за изборни седиме во иста училна итн. итн. Сега е диктатура :!:
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.689
    Знае некој од колку почнуваат часовите ? :)
    Исто ме интересира и нешто повеќе околу смеровите кои се одбираат подоцна. :)
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.031
    Часовите 1 смена од 7 ипол сабајле до 1, втора смена од 1 и пол попладне до 7 најкасно вечерта :) за смеровите има поназад, не знам за кои прашуваш за тие во 3та или предметите во 2 што се бираат? Зошто викаа демек ќе се бирале предмети посебно, нема да има смерови не знам како ќе те фати тебе, ама јас ќе ти објаснам не ми е проблем :)
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.689
    Рано машала. На друг крај ми е, па ќе треба со петлите да се будам. :D
    Ме интересираше конкретно јазично-уметнички смер (така мислам дека беше :lol: ) читав пред малку, но сакав да знам кои предмети се изучуваат. Тој најтапа што ти бил. :D
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.031
    Ме усрами со ова најтапа ама дека не се разбирам во тие предмети, стварно ми е. Инаку имаме ЈА и ЈБ оваа година, иако прошли генерации се нема оформено ЈБ-смер, наместо тоа ОБ-смер се оформуваше зошто повеќе општественици и математичари има отколку јазичари, мислам Карев 12години била математичка гимназија, па и технолошка била, сеа е општа и затоа не се обрнува внимание толку на нив. ЈА имаат сеа во трета освен македонски, англиски, германски имаат италијански и латински + и педагогија, ЈБ имаат музичко, ликовно и педагогија де само се бунам** мислам во 3 а во 4 имаат драма ако ми текне уште некој предмет ќе пишам а за другиве смерови сум експерт :/ Колку е тоа далеку, има што доаѓаат од Топанско, Лисиче итн. ? :lol:
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.689
    Не е толку мноуг далеку, ама сепак си е далеку. :)
    Фала ти за информацијата. :* Јас сакам да одам во Карев, но не сум многу по природниве науки. Ама како што гледам имало повеќе смерови. :)
    Башка што разбрав дека имало и некои бендови, па вежбале во гаража. :D
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.031
    Има многу бендови ако си уметник да речам, уште во 1ва ако си добра и знаеш да свириш ќе те земе музичко професорката она е рокерта, мислам многу е модерна не е некоја баба што слуша класика, имаме хор и бендови немаме оркестар се организирале доста свирки во Карев, хуманитарни, е сеа зависи на што знаеш да свириш и во кој бенд ќе те стаат има проби итн. итн.А да, ЈА имаат во 4та задолжително филозофија, задолжително е бизнис за сите како и филозофија, книжевност и пак педагогија или психологија не знам баш не ме фаќај за збор, а за ЈБ ќе прашам и ќе ти пишам. Инаку и во 2 се бира информатика или етика а за ликовно во 1 ќе ти биде 1 професор машко повеќе е пракса, додека во 2 професорката бара теорија историја на уметност претежно се учи има и учебник глеате откривате слики, фотографии, барате идеја, тема во сликата итн. итн.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bokk.happy

    Bokk.happy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    По се, изгледа и јас ќе се запишувам во карев. Може уште некој да го сподели своето мислење за оваа гимназија? :wasntme:
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    21.461
    Пол:
    Женски
    Имам братучед учи во Карев и можам да кажам тоа што знам.Значи Карев порано не беше толку строго школо колку што е сега.Директорката како што кажаа и погоре го направила школото како затвор ама сепак и не е до толку лошо.За строго и тешко, зависи кои професори ќе ти се паднат не се сите така лоши, но нормално како во секое школо па и тука може да ти се паднат неколку кој што стварно ќе те измачат.За тоа дали ќе учиш француски или германски мислам дека има можност да одбереш германски иако не си учел пред тоа но многу потешко ќе ти биде и не препорачувам.За друштво е погодено, значи има стварно ептен добри деца, нормално секогаш ќе ги има и оние кои што те нервираат, ама се на се фино е.Така да доколку се одлучите за Карев со среќа :)
     
    На Bokk.happy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    706
    Луѓе вистина е дека Саракинова СЕКОГАШ ги зимала тие што се прва година и ги оставала другите? :sweat: Нејќам да ми предаваа ;(
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.031
    Да, вистина е хахаха и мене ми предаваше и само 1ва ја зема, барем кај мене така беше, иако мене ми беа сите 3 досеа 1 - Саракинова 2 - Мери (директоркава) и 3 - Катица, а Катица пр. си зема од 1ва и си тера до 3та ама обично од 5-8 клас :) Саракинче е срце за мене и за кој си има 5, само да не дишеш на час и да учиш целовреме, да си секад спремен дека ќе те крене зошто не знаеш од кај ќе почне во дневник, може од почеток, од крај, од датум или средина значи секако може. На тестови само да не вртиш глава, а инаку лесни тестови барем за мене зошто учев континуирано даваше и ако се свртиш ти го зима и става 1 ако не забораи. Катица е полоша, веруј нејќеш да ти се падне зошто дава најтешки тестови од сите (добро после Мери што дава логички и да препишуваш немаш од кај) испрашува многу често најчесто од сите и си запишува се во црниот тефтер и нема зборење на час ако зуцнеш - а све гледа те вади пред табла ти поставува 3 прашања не знаеш добиваш 1. 3тиот тест беше на 5 теми, 80 и нешто страни, да, кои немаа врска една со друга и на тест 2-3ца вадат 5 останатите поправаат усно што е многу трауматично. Само заради Катица едвај чекав да завршам со биологијата, на мој труд и знаење секогаш сум имала 5 биологија кај која било професорка, а бев една од многу ретките. А да, Катица ја става втората оценка, пример 5554 става 4 за второ полугодие и 4 за крај, ако има време одговараш писмено ти дава 3 прашања на лист од последните 3 теми и одговараш, само јас кикснав на огромниот тест од 80 и кусур страни и тоа крати поени на глупости, ако прашањето е конкретно и ти го имаш напишано само тоа што се бара имаш пр 3/5 и мора да допишуваш све што знаеш и да ја погодиш што бара, а може да ти е точно све ама ако не е напишано како што таа сака не го признава, како на пр. моето прашање за телесен крвоток го објаснив ЦЕЛ од А до Ш и имав 0 бодови за да ми рече дека требало во кратки црти СУПЕР! И имав 55 45 минатава година и како што ја става втората оценка не морав да одговарам и да се мачам. среќа имаш што Мери е директорка, инаку таа никад не испрашува од учебник, испрашува од логика, мислам средно медицинско не учат колку нас биологија, цела 2 година генетика само јас и уште 1-2 дали имавме 5, не смееш да закасниш (добро тоа за сите 3 важи) и секад испрашува ај ти ако те покаже со прст печена си и поставува тн. спец-прашања логички, само логика бара а за логика нели мора пак да го знаеш учебникот и теоријата за да ја развиеш и мора да ги поврзеш сите работи за да ти проработи логиката, иначе отиде. А да, и да не беше директорка ќе решававте во 2 биолошки генетски задачи за наследување уште ги памтам. Жими се по толку учење биологија во Карев (порано била и биолошко-технолошка гимназија па ваљда затоа се вакви жениве) можам комотно со јака основа да се запишам на медицина или на ПМФ отсек биологија. Е има една добра работа после толку многу учење и трауми - денес памтам се уште од 1 година што сме учеле и тоа знаење останува.

    Сума сумарум, кај сите 3 има трауми иако кај Мери најмали ама затоа беше и можеби најтешко зошто е многу логичко, кај Катица е знаење од А до Ш и многу често испрашува и пак е трауматично и Саракинова испаѓа дека најлесни тестови од сите дава а трауматично е на час да, можеби е најстрого на час од сите. Сакам да кажам, Саракинова барем за нашата генерација можеби и најдобра беше, откако ги видовме другите. Барем знаеш на тест лесни прашања ќе извадиш 5 па и усно дава да раскажуваш пасуси од лекции барем, а овие другиве Мери само логика (зачинета со мноооооооогу знаење и слушање на час па ти сакал слушаш сакал не слушаш мора да знаеш тоа што го кажува, мислам моеш и да снимаш со телефон ама нема да ти предава), додека Катица најтешки тестови само од знаење и најзатуцаното тоа ќе ти се падне на тест најскриените работи во учебникот, и усно не е како кај Саракинова да раскажуваш туку 3 прашања од цел материјал.
     
    На Elennaa и IndieGirl им се допаѓа ова.
  17. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    706
    Фала ти многу што ми одговори вака опширно!!! :*
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vesni4kaaa

    vesni4kaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Слушнав дека Ирена по германски била мн лоша точно е ? :)
     
  19. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    706
    Mене во основно ми има предавано Ирена и да ти кажам право јас сум многу задоволна од начинот на кој предаваше бидејќи ме научи многу. Единствена замерка е што не обрнуваше толку големо внимание на преведување на зборчиња а сега тоа во средно ќе ни треба многу. Строга е да ама ако учиш верувај ми ќе си немаш проблеми. А ако си сега за прва јас колку што ја разбрав неа она рече дека на прва нема да им предава , ама не е сигурно. :)
     
  20. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    706
    разбрав дека физичко ќе ми предава Венцислав. Каков е тој, бара многу? :worried: