Гледам црвени ви ги напраиле униформите нашите беа сини и многу беа поубави од овие. Ама доброто е што вас повеќе ве тераат да ги носите, ние само во 1ва ги носевме, зошто во наше време се сменија 3 директори.
Од септември се задолжителни, а сега кој сака. Ама остај тоа што дадоа, него не ни ги дадоа. Јас уште џемпер немам, а платив. Ај можеби догодина.
Мене многу ми се допаѓа Карев,сите што сум ги прашувала имаат позитивно мислење,така да размислувам можеби таму ќе се запишам
^А ние бе, скапо ги плативме и што демек многу строгоо, тешко нас не не пуштаа на врата во 1ва ако не ги носиме и после никој со ништо не се замараше. За вас барем има бројчиња, мене маичката по кратки фустан ми беше, едвај ја пикав во панталони, жими џемперот што беше таман.
И јас нас е зезнато со бројчињата. Ни дадоа други да пробуваме, а скроз други ни дадоа. Маичката морам да ја ширам, после перење. А јас нарачав џемпер 46, ми дадоа 48. Да пливам во него. И сега немам џемпер.
За прва година ако може да ми кажете мене кои наставници би ми се паднале зошто планирам да се запишам од септември
Па јас не ги знам сите професори... ама тие што ги знам: Македонски-Татјана Лаљек/Митко Димовски/Ирена Математика-Билјана Спиридонова/Јованка Смилевска Англиски-Катерина Вучкова/Биљана/Маја Филиповска Историја-Игор/Атанас Биологија-Катица/Мери Географија-Јован Поповски/Цана Физика-Зоран Хемија-Ела Билинска/Сузана/Наде Музичко-Емилија Ристановска/Јасмина Ликовно-Александар Ордев Физичко-Јане/Марија Божиновиќ/Венцислав/има уште една... Информатика-Елеонора Симеска/уште една...
Многу ми се допаѓа школово,но незнам дали ќе успеам да влем им 70поени.Таму бараат мин 60 поени,њ......мислите може ли да влезам во прциот упис? Мн ми е с трав.
јас мислам влегов со 70 поени (ако се толку вкупно со 5,00 4 години, без дипломи и такви ствари) а јас кога се запишував не ни имаше втор уписен рок......ништо не губиш ако пробаш........ туку сакав да прашам.....се случува ли да поправат една оценка на совет? ако остане само таа 4ка.... конкретно за физика станува збор
^Не поправаат веќе, а порано поправаа. Лани на другарка ми само една 4ка и беше и не сакаа да и ја поправат, иако беше 4та година.
Прочитав на стараната на Карев дека прв уписен рок е 14-15 јуни...цел ден или во точно определен саат?И уште нешто може некој убаво да ги напише смеровите послем втора?
Смеровите се: Природно-Математички А; Природно-Математички Б; Општествено-Хуманистичко А; Општествено-Хуманистичко Б; Јазично-Уметничко А; Јазично-Уметничко Б.
Дали ова значи дека нема медицински смер(поточно за медицинска сестра) ? дека сакам тоа да идам ....ве молам побрзо за одговор,зошто ако нема медицинско да си отпишам Карев од глава
нема смер конкретно за медицина....ама можеш да одбереш природно-математичко Б, тоа е како за медицински факултет (на листот пишуваше така) во 3та изборни се географија, латински, програмски...а во 4та хемија, биологија и мислам физика