Ме интересира дали може на пример ако ме стават со деца што не ги познавам, да се префрлам во друг клас?
Можеш. Скоро сите така правеа јас кога се запишував во прва година. Е сеа, ако е преголем класот нема да можеш и ќе мора да бараш замена, пример некое дете од тој клас каде што сакаш да одиш да дојде во твојот клас или во некој клас каде што нема доволно ученици. Се надевам ме разбра.
еве ви на сите да си видите со кој сте у клас и кој вие класен, или класна.. Него тоа у кој клас сте го неам сликано S Иии само ќе зумирате за да видите поубаво
E сеа вака. Прашањево незнаев каде да го поставам, ако не му е место тука избришете го. Ми треба да ми одговори некој што веќе поминал прва година, нормално ако знае Денес неможев да си ја најдам никако слободната карта, значи сум ја изгубила. Како идат постапките, ќе треба повторно да давам податоци каде живеам и слично? И дали може да се користи некоја потврда кога ќе се возам со автобус накај школо и назад, бидејќи не сакам да им правам трошоци на моиве дома, што сум згрешила, сум згрешила, барам некое чаре.
морам да искоментирам дека промените кои ги направиле се катастрофа.....наместо еден одмор од 30мин-два мали..... туку да прашам, некој што веќе поминал 4та да ми каже нешто за изборните предмети и за професорите од ОХА.... ???
^ Да и мене ме разочара така што ни го направија одморот, а и со тоа што ќе почнуваме втора смена од 1:45 и ќе завршуваме у 7:15, глупости.
Ќе идеш кај класната и ќе и кажеш дека си ја изгубила, мислам дека ќе ти каже да напишеш молба со која бараш да ти дадат привремена слободна. Ќе можеш да се возиш во автобус али само во државните. И после ќе ти каже класната да донесеш слика за да ти направат нова слободна коа ќе им прават и на другите. Секоја година добиваш нова слободна.
Да да, знам дека секоја година добиваме нови слободни, се обратив кај секретарката и ми даде привремен билет Па на крај на септември ќе си добијам нова слободна.
За една година одам во средно ама се двоумам дали во „Никола Карев“ или во „Ѓорѓија Димитров“? Ќе ми биде значаен вашиот одговор!!! Позздрав ..
За организираност Карев си е нула. Не се надевај до трета година да отидеш на екскурзија надвор од Македонија. Има и добри и лоши професори. Повеќето оваа година отидоа во пензија, така да доаѓа нова генерација на професори, помлади. Јас искрено, можам да кажам дека само од 2 професорки сум задоволна што знаат како да пристапат кон ученикот. Ама не е само така во Карев, нормално и во другите средни училишта има професори што немаат ама баш појма од предавање. Си бара учење, не е тешко ако си фатиш од почетокот со време. Мене искрено поорганизирано ми изгледа Ѓорѓија Димитров од Никола Карев. Сепак ова си е мое мислење. Најубаво е сама да си одлучиш.
пак јас. штом ми препорачувате да одам во СУГС „ Ѓорѓија Димитров“, јас би одела во гимназија. Зошто тоа школо мислам било и за струка.. Сакав да знам дали во гимназијата има јазичен смер?? Ве сакаам
јас да прашам за проектните активности...нели за 4та година треба само една матурска проектна задача? нас вчера ни дадоа ливчиња и треба да избереме 2 проектни активности не ми е јасно сега, 2 обични и 1 матурска значи 3 проектни и +екстерно +матура за роботи ли не сметаат.............................
Зошто да не оди на екскурзија надвор од Македонија до трета година? Ние лани бевме во Белград (во втора година). Искрено, супер си поминавме. А додека во прва година, имаше анкетни ливчиња, со наведени места. Ние одбравме Охрид, заради тоа што немавме сите пасоши. Да, можеше да биде малку поорганизирано, ама јас си поминав преубаво. А зошто само 2 професорки? Според мене, има мноогу повеќе коректни пофесори. Има по некој како што рече, што абер нема од предавање... додуша моментално ми текнува само на 1. Ама мислам дека тие коректните се во многу поголем број. Лошото е што, се менуваат повеќето професори. Секоја година, се менуваат, некои. Ама па доброто, е тоа што во трета година класовите не се групираат од почеток, како во некои други гимназии. Јас тоа најмалку би го сакала, кога таман ќе се уклопам, и да ме тупнат у некој скроз друг клас. И ондак то.
Во СУГС „ Ѓорѓија Димитров“ има паралелки за внатрешен и надворешен ентериер и гимназиски паралелки. Инаку, Елена, сепак тоа е мое мислење. Мене не ми се паднаа баш океј професори, ама ако земеме така да збориме у секое школо има секакви професори. А за екскурзиите, братучетка ми лани беше матурантка и ги однесоа на еднодневна екскурзија во Струмица, мислам.
^^ Добро, тоа да. Ама лани некои професори, што беа класни на матурантите рекоа дека повеќето сакале да одат на една/две еднодневни екскурзии во Македонија, ради тоа што многу ќе се фати за шушки... ем матура, ем екскурзии... Е сега дали тоа било избор на учениците или на некој друг, не знам. A додека во Ѓорги, мислам дека во четврта година одат во Чешка, ама не сум сигурна. Впрочем, и јас сакав да се запишам во Ѓорги. Ама таму не отиде никој од тие што ги познавав, па затоа се решив за Карев. За сега, се немам покајано, па за понатака... Здравје Боже.
прашање за оние од 3та...... по колку класови(т.е. групи) има формирано на подрачјата?? вистина ли е дека од цела генерација има само 1 клас ОА?? хах онака чисто информативно..................................
Да ве прашам јас физика сум кај Наташа .. дали знаете како е она со оценките пошто јас добив слабо на тестот па дали ќе ми даде за преку оценка да одговарам ?