8мо сум сега али од 5 до 7 имам по две 4ки на крај а другите сите 5ки е сеа у 8мо незнам како ке поминам дали ке ме примат со овие оценки у карев може некој да ми одговори?
Па би можело да те примат ама сега зависи јас имав од 5 до 8 само една 4 и тоа од екстерното па бев мегу последните примени значи ги примаа највеќе тие што се со сите 5 па сеа незнам
8одд сум, следната година треба да се запишам у средно а уште незнам кадеее -.- Мислам дали да идам у Орце или Карев... ај ве молам помош, каде е подобро според вас? :3
Гимназија си е гимназија. Од трета година, се определуваш на кој смер ќе бидеш. Во Карев, има: Природно-математичко А; Природно-математичко Б; Општествено-хуманистичко А; Општествено-хуманистичко Б; Јазично-уметничко А; Јазично-уметничко Б. Поточно, за јазици е Јазично-уметничко А. Во трета година изучуваш плус латински и италијански, покрај англиски и француски или германски. Додека во Георги мислам дека не постои Јазично-уметничко подрајче. Нешто друго има, не ми текнува во моментов, покрај тие стручните. (се надевам дека не сум го смешала, со некое друго )
Kaко што ти кажаа во секоја гимназија при крај на втора година се бираат подрачјата и најчесто јазично се оформува.Во Георги си го има смерот јазично, а можеш дополнително да одбереш од прва година германска паралелка, што ти вклучува 6 часа неделно германски. Исто и во Орце имаш опции за такви паралелки, мислам дека има француска и англиска. Така да ако сакаш уште од почеток да се определиш конкретно кон јазиците ти препорачувам вакво нешто да одбереш, зошто конкретно јазична гимназија нема
па јас секоја година на крај имам по две 4ки а другите 5 па имам 73 поени баш класниот ми ги пресметуваше, значи би ме примеле така?
Јас планирам да се запишам во Никола Карев. Од 5то до 7мо ми се сите 5ки ( само во 7мо имам една 4ка од екстерно ) Сега во 8мо ќе завршам со сите 5ки, можно е само две 4ки да имам. Би требало да ме примат ?
^ Инаку за во гимназија требаат само 60 поени.Ги имаш тие ти Дог Да ве аскнам нешто можи?Во оваа гимназија одат посолидните ученици,така? Како кај нас горната-ЈБТ?
Да да има , во мојот клас има 10тина деца што преку цела година се со сите петки Јас инаку од септември ќе бидам 2ра година.
Јас малце простичка сум,знам дека е надвор од темава ама ако може да ми објасните како се пресметуваат поени за запишување во средно?
Вака мислам. Spoiler 1) Се собираат просеците од V, VI, VII и VIII одд; Пр.: V - 4,70; VI - 5,00; VII - 3,94; VIII - 4,86 = 18,5; 2) Потоа тој број поделете го со 4; Пр.: 18,5 : 4 = 4,625 3) Запирката поместете ја едно место кон десно; Пр. 4,625 -> 46,25; ОВА Е БРОЈОТ НА ПОЕНИ ОД ПРОСЕКОТ ОД СИТЕ 4 ГОДИНИ! ************************************************** Во секое училиште има 4 предмети кој се најважни за струката за која сте се одлучиле [Македонски и Англиски + 2 други (зависи од училиштето)]; Пр.: За гимназија се Македонски, Англиски, Математика и Историја; ~V одд.: - Македонски 4; - Математика 5; - Англиски 5; - Историја 5: ~ VI одд.: - Македонски 5; - Математика 5; - Англиски 4; - Историја 3; ~ VII одд.: - Македонски 4; - Математика 4; - Англиски 3; - Историја 5; ~ VIII одд.: - Македонски 4; - Математика 5; - Англиски 5; - Историја 5; ~Значи: - За V одд. просекот е 5 (4,75); - За VI одд. просекот е 4 (4,25); - За VII одд. просекот е 4 (4,00); - За VIII одд. просекот е 5 (4,75); ~Потоа: 5 + 4 + 4 + 5 = 18 Збирот се додава на претходните поени од сите предмети; Пр.: 46, 25 + 18 = 64,25; ОВА Е БРОЈОТ НА ПОЕНИ ОД ПОВАЖНИТЕ ПРЕДМЕТИ! ************************************************** На крај, се пресметува поведението од сите одделенија; Поведението може да биде: - Примерно (5); - Незадоволително (4); - Непримерно (3); Пр.: V одд. - Примерно (5); VI одд. - Примерно (5); VII одд. - Незадоволително (4); VIII одд. - Непримерно (3); Потоа: 5 + 5 + 4 + 3 = 17; 17 : 4 = 4,25 - Значи (4); ОВА Е БРОЈОТ НА ПОЕНИ ОД ПОВЕДЕНИЕТО! ************************************************** Крајниот збир од поведението се додава на поените; Пр.: 64,25 + 4 = 68,25 ОВА Е ВКУПНИОТ БРОЈ НА ВАШИТЕ ПОЕНИ!