Ај ве молам ако незнаете не зборете глупости! Не е точно дека ти требат врски за во Карев ако си 5.00, па и нешто пониско.
Ти таму учиш или некој твој познат ти кажал!? Јас знам дека со 5.00 ги одбивале дури и било најврскаџиско школото. Кога сакав да се запишам ми викаа не се запишувај таму ќе се разочараш, ги буткаат со врските. а ти немаш врски таму. Јас не им верував воопшто, како тебе, сите ми викаа да не одам таму. Но подоцна поверував и сватив дека е тоа навистина така. Дознав многу работи од мои пријатели па дури и од наставничката на брат ми која ми кажа многу примери. Гледам имаш 17 години па сигурно збориш од искуство, како било во минатото пред 2-3 па и повеќе години. За една година школото се смени, скрос! Велиш дека незнам, но сигурно ЗНАМ чим така кажувам. А што и како и од кого знам моја работа!
Е Карев да беше единственото школо со врски добро ке беше , верувај секаде ги има таквите ..[/quote] Точно, во пρаво си, поготово во медицина κолκу ги има. Од мој κлас најслабите 6-7 ученици со 3јκи на во медицина ги пρимаа зошто вρсκи им била диρеκтоρκата, наставничκата, петκо, станκо... Сегде ги има...
Не учам во Карев ама имам премногу другарки и познаници што се запишаа таму. Сите си беа 5.00 и си влегоа без никакви врски!
Епа таκа збоρот ми беше, ќе те пρимат со тешκо сρце неκаκо со 5.00 κолκу да не испаднат ептен пρоѕиρни , ама аκо имаш 1-2 четвоρκи тешκо тебе, збоρот ми беше деκа тие κои влегле без вρсκи биле ептен добρи ученичκи со 5.00 и се многу поρетκи, сеκој втоρ е со вρсκи. Мило ми е што влегле без пρоблем твоите дρугаρκи, се надевам деκа нема да имаат пρоблем пρи уписите и дρуги на κои им е желба да се запишат таму.
Многу добра професорка е , моеш да научиш многу кај неа на час. А и не е нешто престрога за оценување Иначе предава и компаративна книжевност али тоа само у четврта го имаат (јазично-уметничко А подрачје)
Бегај спаси се! Мој совет е да не се запишеш најубаво оди во Орце билингвална или некое од полесните училишта.Тука правиме по 3 теста на ден а 7 во цела недела а да не ги спомнувам и испрашувањата.Ако ова можеш да го постигнеш тогаш запиши се.
Vo Orce Nikolov ke se zapisam, a planirav vo Karev ama se predomisliv, i co posledno vreme slusam mnogu zalbi vo vrska so skolovo pa taka da.. kako sto gledam ne ste zadovolni ?
Де бре па и вие, што го напраивте школово. Не е до толку тешко. Читам некои тука правеле три теста во еден ден. Да, вистина е. И јас имам правено, и тоа неколку дена по ред. Ама признајте. Дали претходно сте ги одложувале тие истите тестови? Или пак така ви ги закажале? Бидејќи ние многупати сме презакажувале тестови (речиси да нема тест што немаме одложено), и премногу ни дозволуваат професорите. Така што не е нивна кривица, ако ние одложуваме еден тест три недели по ред. И се' зависи од тоа ти како ќе се претставиш пред нив, на ПОЧЕТОКОТ. Каков впечаток ќе им оставиш. Верувај ми, ако увидат дека си трудољубива, дека се трудиш, многу лесно ќе си поминеш. Нема да имаш потреба од апсолутно никакви врски. Само лошото е што кога ќе видиш на крај дека некој што воопшто не се трудел, а има приближно оцени како твоите, е фрустрирачки. Ама па сеа тоа е, секаде го има...
Да сменети се , така и нас Ела- класната ни кажа. Инаку сеа сум за втора, а во прва ми предаваше Снеже-македонски , која ќе ми предава сеа , како е кај неа ?
Сите 4 години бев 5.00 и за тоа добив пофалница на крај, без никакви врски и само со мој личен труд. Така да и да поминуваат некои со нечија помош (што не е ништо чудно и невидено и во другите средни и во било кое време, не само тука и не само сега), тоа не влијае на тие што немаат помош и не им ускратува апсолутно ништо, без гајле затоа ви го споделив моето искуство.
Многу се двоумам околу тоа каде да се запишам... сега ми се уврте Никола Карев. Дали мора обавезно да се носат униформите? А професорите строги ли се? Ако би се запишувала кој би можел класен да ми биде? Како што рачунав би имала околу 74 бодови. Би ме примиле?
Униформите демек мораме да ги носиме а искрено никој не ги носи.Професорите не се толку строги ,барем тие мене што ми предаваат се баш добри а инаку има и разлика бидејќи не предаваат скрос исти професори на германските и француските паралелки али во глобала се океј и уште ако им се истскнеш на почеток и им ги научиш финтите ќе немаш гајле.Класен не се знае кој може да ти се падне,а за тоа со бодовите зависи али најверојатно би те примиле ☺ Се надевам дека ти помогнав, и уште нешто дружбата у Карев е многу добра