Девојки, која од вас планира да се запише во Карев? Како се смените, 1ва со 2ра, или 1ва со 3та? Колку плаќавте за униформите?
Смените се прва со трета,втора со четврта година Џемперот е 600 денари, а маичката околу 300-400,не сум сигурна( за џабе дадовме пари и така воопшто не ги носевме,само кај одредени професори ) ..Во врска со драмските секции - мислам дека има само како проектна задача
И повеќе од потребното Не ми бил класен но во моја генерација е, така да ми имаат кажувано ученици а и други професори...
Па зависи.. Ако не ги сменат и остават овие што сега ја оставаат оваа генерација тогаш Љиљана-француски, Татјана-македонски, Мето-математика(мада не верувам,стар е), Бети-спорт, Катица-биологија, Јован-географија и Ирена-македонски
Зависи од професорот, ама се на се, најважно е што се многу другарски расположени А професорите како и секаде ги има секакви... Инаку, слободно поставувај прашања, сите сме во збрка пред нешто ново
Какви се децата таму? Може ли да се склопат брзо другарства? и само уште ова: предметите во I година се исти како и од основно?
Децата во целина не се некои екстра нафурани, иако како една од елитните гимназии сепак има и такви, како и секаде нели.. во принцип се фини деца, ама во се‘ се наоѓа исклучок Што се однесува до предметите, во прва да, во втора + социологија и изборен еден ама затоа нема информатика (освен ако тој не ти биде изборниот), од трета се делат на подрачја и се губат одредени предмети, зависи на кое подрачје си