Нас у прва во Охрид не носеа, втора еднодневна имавме во Крива Паланка, трета Прага и четврта незнам дали ќе има екскурзија воопште
A да прашам.... какви се професорите по историја? Ептен ја сакам историјата, но да не има некој/а професор/ка што ќе ме фати на око и колку да и учамм...... И, колку професорки се по математика? Има ли шанси да ми се падне таа Јованка во прва?
По историја може да ти предаваат Игор,Марица или Борче(ако не се лажам)..Игор е мнооогу досаден,45 минути само предава,ама лесно испрашува и знае да попушти,Борче не ми предавал а Марица е прилично строга,бара знаење и активност на час. По математика има околу 4-5 професори и има шанси да ти се падне Јованка затоа што ни предаваше на 4та година ( не дај Боже )
Треба да бидам толкав баксуз та од сите 5 професори она да ми се падне. А толку ли е лоша? Бара премногу?
Не објаснува воопшто.Секој час дава по 9 прашања кои треба да се одговорат и истите да се напишат за домашна и смета дека ако се знаат тие 9 прашања ќе имаш 5ка на тестот,а на тестот и да имаш најмала грешка,не ти ја важи цела задача..Во мој клас имаше 20 и нешто единици на крај дури сакаше да остави неколку души на полагање..Да не ја спомнувам аромата кога ќе влезеше во училница..
Лелее.... а има ли и некои други ''катил'' професори? Разбирам школо е, и да ги има најстрогите професори не ми е проблем за учење-учам туку професионалниот однос спрема учениците... а некој ако ме мрази и колку и да го сакам предметот не можам... И, македонски се обработуваат лектирите и делата? Кај мене во основно, класна ми беше македонски и не сме пипнале книга, а еве цел распуст ги барам лектирите за прва никако не можам да ги најдам.. Леле, извини те испозамарав.
Не ме замараш,уживај Од тие катил професори можам да ја наведам Катица биологија..абе ко да сакаше да става слаби оценки а и ептен бараше учење и замараше со латински имиња ,тестовите и беа претешки а и самиот нејзин однос спрема ученик не ми се свиѓаше.. Македонски ретко кога сме читале или анализирале дела и лектири,читавме содржина на нет
Кои книги или лектири се за во прва година?Јас ги знам дека се овие но некои ми кажуваа други или помалку : Шагранска кожа Скржавец Галгамеш Панонски легенди Тристан и Изолда Илијада Царот Едип Евангелие по Јован Вујко Вања Народна македонска поезија Современа македонска поезија ?????? Дали може некаде да се види со кого си во одд, затоа што некои ми викаат дека во Август имало во училиштата истакнато со кого си во одд ако знае некој нека пише ве молам. И како се раскажуваат лектирите писмено или усно?