Бара, како и сите 5-6 професори по физичко, не ми предавал ама иначе како чоек закон е, иако знаат да го мавнат строги флешови Иначе за барање си бара, нема што тука, а друго посебно не сум слушнала жалби ниту пофалби во врска со неговото предавање и оценување.
1.Шагринска кожа 2. Скржавец 3. Галгамеш 4. Панонски легенди 5. Тристан и Изолда 6. Илијада 7. Царот Едип(не сум сигурна за оваа) 8. Евангелие по Јован 9.Вујко Вања 10.Народна македонска поезија (избор) 11. Современа македонска поезија(избор) у моментов само на овие ми текнува
Се запишав во Карев. Ама Плавуша малце поише ме исплаши сега. За тие што биле биологија. Ај ќе видиме од септември.
Не оставај простор за плашење, само биологија сите професорки се строги, по другото ќе ми кажеш кои ти се паднале и ако ми предавале ќе ти кажувам, ај со среќа Каревци
Е и јас се запишав во Карев! Инаку знаете дали ке објават кој со кој ќе биде во клас? или кога ќе почнеме со школо ќе ни кажат?
Јас пред некој ден бев до Карев и чуварот ни рече после 15ти август ке објават.. Али лани објавиле на 31
Јас нешто слушнав дека ќе имало само 2 класа, со француски јазик. Па ваљда нема да бидам толкав баксуз па да не се паднам со некои од мој клас. Иначе сакав да прашам некој што е од Карев... Ливчињата пред врата кога ќе ги стават, кога ќе не поделат во класови, ќе пишува нешто која училна како... Или ќе има на разглас нешто? За првиот ден..
Ја не знам како е тоа можно 31 ако мислиш на јули, кога и јас порано кога се запишував втора половина на август беше, секогаш е така се поклопува отприлика со уписите на факултет.
сакам да прашам, на списокот со класовите и класната пишува во која училна треба да одиш или на 1ви класните во двор не собираат?
Не не вака: сите ќе влеземе внатре и ќе не местат по име и презиме во класови и сите идеме по класната во училна. Мене така ми кажа другарка лани што се запиша таму. Сеа годинава ќе видиме. Иначе да 2 класа се француски
Фала што ни кажа. Иначе знам дека ќе има по 2 класа, ваљда нема да бидам баксуз, па да не се паднам со никој од мое одд.