ај да ве прашам нешто оваа година треба да се запишувам средно и се мислам помеѓу карев и јосип броз !! сопред вас кое е боје? btw и во кое има повеќе металци?
Абе секој за своето училиште ќе ти рече дека е подобро... еве јас се запишав Карев и мислам дека не згрешив. За металци навистина не знам, и сега во деветто посвети внимание на македонскиот литературен јазик.
А каде е училницата на I-5 класна македонски? На горниот кат или долниот? Ќе може некој да ми разјасни што се ќе правиме утре? Леле, јас вечер дали ќе заспијам.
Ај збор- два за професориве: Даница Митеска-биологија (ми личи на фина жена) Маја Филиповска- англиски (леле женава е царица, денеска игравме една игра со топче па ни даваше некои за околу врат THE BEST ) Ликовно машко е не запамтив како се вика, еден со наочари и проќелавен на пр. со два минуса една оценка подоле особено да се користи B молив итн. Ела-хемија (можно е друга да ни се смени) Јованка-математика Само со овие денеска се запознавме а веќе од утре почнуваме. П.С 37 деца сме вo клас
Мене ми предaвaa сaмo Елa и Јoвaнкa,зa Јoвaнкa имaм кaжaнo веќе,a зa Елa-финa е,знaе дa се шaли aмa и бaрa дoстa учење,мнoгу е битнo нa тест дa се извaди пoдoбрa oценкa зaштo зa пoпрaвaње е мaлце пoтешкo.
Со Маја е интересно на часови,секој час некоја нова игра ќе играте,ама кога ќе се изнервира е прилично строга,не знае што збори,иначе секогаш исти тестови прави со 5 задачи,ама баш секогаш.. Ликовно Ордев ти е сигурно,на почеток ќе е строг,после лабав е многу,ќе дремете на часови
Може и за овие професори да ми кажеш нешто: Лилјана- француски Јованка- математика (женава многу лошо мириса и малце е опака..) Марица- историја (строга изгледа, ама мислам дека нема да имам проблем зошто историјата ја сакам многу) Музичко една многу интересна жена со кратка плава коса и многу е пријатна (заборавив како се вика) Даница- биологја И може ли еден совет... дали како дополнителна активност да изберам Дамска секција или Биологија?
Лилјана француски е супер, многу е фина, опуштена и ептен е лесно Јованка веќе со години е етикетирана и тоа се шири од генерација на генерација.. Жената е океј, фина и се тоа ама не е за професор. Предавањата ( ако така воопшто можат и да се наречат) се бедни, како за предмет што е математика, а самата професорка е лудница... Мој совет, со неа само со убаво ако сакаш повисока оценка. Нека не те изненадува тоа што цела година можеби ќе имаш единица а на крај ти се смилува за нешто повеќе, но не толерира водење инат, расправии и слично, едно е јасно - таа мора да е секогаш во право. Марица, воедно најстрогата професорка во Карев, е најдоброто нешто што уопште може да ти се деси. Крајно коректна, фина.. само бара дисциплина и учење многу Музичко мора да ти е Емилија, предобра е, нема друг збор со кој би се опишала. Даница ми нема предавано на мене, но на сестра ми да и многу ја фалат, па сега..
Леле, крајно чудна.. Со неа не знаеш како да се поставиш Ни самата не знае што сака.. Материјалот не е тежок додека не дојде тоа C++, таа не знае да предава а знае да галами така да.. не знам што да кажам
Дефинитивно се согласувам со Шанел05...не дај боже да ја прекинеш во зборење,после цел час ќе збори како вашиот клас е ваков,онаков..и многу често наместо да предава соесем трето збори, не предава убаво,пола клас имавме единици на C++,иако кај неа е лесно да се препише,работата е што никој не знаеше ништо за таа тема.
Дали ти има предавано физика со плава коса до раменици и носи наочари? Какви тестови дава? Леле, Јованка ни закажа тест за на 30ти... а две лекции прескокнавме бидејќи сметала дека ги знаеме (а нема врска, јас мислам дека ги прескокнавме пошто 2 часа губевме со нејзе ) Леле колку ми е страв...
Ми нема предавано. Сите што ми предавале физика се во пензија веќе... Јованка е хаос, тука немам коментар. Тестовите и се како кога тешки/лесни, проблемот е што ни лесното не знаеш да го решиш затоа што не те научила.. Само биди мирна и внимателна и пишувај, попушта, јас така правев во трета година и супер поминав. Но, сето тоа ми дојде преку глава па се испокарав со неа во 4та и полрај сите 5ки ме остави со 2ка, па одговарав пред комисија-.- само дисциплина кај неа..