Ќе може ли некој да ми каже кои се лектирите за втора година? Најдов некои ама не знам дали се тие...
Сега од втора ќе ни се сменат некои професори. Една од нив е и Марица мојата омилена професорка Е сега, ќе ни предавал некој Борче историја, дали некој ќе може да ми каже како е кај него? Исто така, Јованка математика нема да ми предава некоја Жаклина. На некој му предавал? Збор-два за неа? И уште едно прашање и толку Кои професори би ми предавале социологија и говорење и пишување?
Мене лани ми предаваше Жаклина. Дојде мислам од Орце и ОК е. Градска жена. Добро предава и кој сака да учи ќе научи, на кој не му се учи тешко него
Борче е многу фин , и лесно се одговара кај него знам мене коа ми предаваше неколку пати и тест правевме ама не е опасен он хаххаха А за социологија има две што предавааат едната е Валентина Панџарова многу кул жена интересни и се часовите и лесно испрашува. А другата е Виолета (не знам како се презива ) она малце е шлаки хаххаха смешна е , не дава мастика да се џвака и такви глупости. А за испрашување диктира на часови прашања и после по тие истите испрашува Барем вака беше јас кога учев , завршив пред две години
Марица не ни се смени Многу се изненадив кога класната ни кажа дека ни го смениле Ордев сега ликовно ќе ни предава Ана... збор-два за професоркава? Како оценува, дали оценува талент или труд? Едит: Првачиња како поминавте овие два дена? Како ви се чини школото, де пофалете се
Нормално е тоа што ти го смениле Орев. Секогаш Орев е на прва а, Ана на втора година. Ана оценува труд и исто така ќе имате тестови да правите што не се нешто прелесни иако предходно ни ги даваше прашањата(околу 100тина беа). Првиот ден кога ја запознав ми остави многу пријатен впечаток ама после се поби самата. Знае да шизне малце од време на време ама добра е.
Знам за една Елеонора, предава информатика. Кажи ми што поточно те интересира. Предава во прва година сега а лани ми предаваше мене, ако збориме за истата.
Ја барам тас професорка ми треба ама не сум сигурна дали предава во карев и незнам што предава...знам само дека има бемка на брадата Дали за истата зборуваме ?
жената е нај кул на свет што може, мене ми предаваше лани, тестовите и се лесни и е од тоа што диктира и кажува на часот, може и да се препишува, инаку не е строга, пробај уште на почетокот да те запознае во добро светло прави и мубает прашувај на часот и после нема ни да те испрашува, евентуално 1-2 прашања, се на се супер професорка