Извини јас ти кажав дека предава биологија затоа што напиша Даница, инаку Драгица не ја знам, не ми предавала.
Мене ми беше драгица класна јас сега завршив таму , жената си е супер многу е кул и можеш да направиш со неа секаков муабет поточно е една од полабавите професори.
Содич е Катерина и за класна е за никаде не дава да се мрдне. Ирена ништо посебно само писка. А Жаклина математика каква е ? Како класна прашувам за проф. знам како е
Не знам, како професорка е супер, многу добро предава, па според тоа би требало да е и добра класна. Ти пма отиде?
Може да ми кажете збор два за: Драгица- македонски Емилија-социологија Станка-биологија Игор-историја Сузана-математика Фала ви многуу
Станка супер жена, прави планчиња и од тоа се учи( ок и нешто од книга). Бар пред 2 години вака правеше сега може и да сменила нешто. Игор објаснува убаво стварно и со филмови прикажување и видеа некои. Си бара поише за некои теми. Оценува некогаш со тестови а некогаш усно. Строг али предобар човек. А Сузана мислам информатика ми предаваше не математика. За другиве не знам не ми предавале.
Емилија е предобар професор, не ми предавала но лично ја знам, бара повеќе дискусија со неа Станка- кај неа најубаво е да одговараш усно и полесно е ако веќе учиш, ке ти попушти, мене барем омилен професор ми беше мерак да учам хахах Игор- исто така супер, биди активен и топ ке пројдеш, многу е интересен како лик и добри оцени пишува Сузана- претходно предавала информатика така да мнмн од неа нема да научите, незнае да задржи внимание на час, но ако сакаш да научиш прашај ја посебно ке ти објасни добро, ние од неа немавме никаква подлога за наредните години.. сепак ако е за оценка замоли ја ке ти стави и се препишува ******************* Неколку зборови за Јованка по математика ако знае некој
Фала ти многу за погорниот одговор Инаку прашањево околу Јованка "ако ја знае некој" верувај нема кој не ја знае. Жената не ја бива како професор, атмосферата на нејзините часови е прилично лоша како за предмет што е математика. Жената е добар математичар но и покрај цела таа кариера како професор, не знае да предава и да работи со голема група ученици (што во Карев класовите под 32 деца не се). Мој совет е само да не се карате со неа, да бидете мирни на час, околу тестовите е многу неправедна (на пр. ако во задачата е згрешена една бројка цела ја шкрта и не ја признава ниту до пола) не се разочарувајте околу тестовите што повисоко од 2 ќе нема во клас и тоа што сите ќе имате во графата по минимум една единица ама на крај многу попушта. Е сега кога ќе видиш дека ништо не си научил цела година а на крај имате сите двапати повисоки оценки (во однос на таа што сте ја имале во текот на годината) тоа е веќа друга тема.
Драгица е предобра професорка.Бара да се читаат делата и во својот тефтер забележува кој има прочитано и тоа многу помага на оценката.Доколку имате блок часови ќе гледате филмчиња на нив.Ако учите континуирано ќе бидете ослободени од последниот тест и писмена.И да темите на писмените се секогаш од делата така да за добра оценка на писмена потребно е да се прочита делото. Сузана математика не предава најдобро, не знае да одржи ред во класот, често знае да кажува вицови на крајот од часот, на тестови може да се препишува дури доаѓа и до степен на кревање на тестот за да некој позади препише.