Само едно ќе ви кажам. Сите го ругаат Карев, ама со новава директорка ќе видиме колку од септември ќе има со 4ки. Планираат да ја прават пак природо-математичка гимназија, но мислам дек анема да успеат ради уметнициве. Школото ни е станато буквално алкатраз, од сите страни затворено, фрчат неоправдани ради тоа што директорката сама си ги пишува, еден ден да бидеш отсутен низ нос ќе ти го извадат нема да можеш да оправдаш.
Ве жалам хаха, ми се жалеа другарки две што до лани учевме заедно во основно. Кај над во Орце е супер,велат дека до лани било полошо со старата директорка Сунчица, овој новиот баш е ОК дури и униформите ги укина па среќа ние што дојдовме во прва не треба да купуваме.
Нека не ве лажат дека во Карев е лабаво, можда зависи од професорите ама во глобала треба да се помачиш.Со новата директорка скоро се е сменето, вратата од школо се затвара кога ќе ѕвони и ако закасниш си дремеш надвор и нормално добиваш неоправдан.Отсуствата се оправдуваат исклучиво со лекарска потврда или родител лично треба да дојде кај педагогот и да се потпише во дневник. Има секакви профили на деца, мирни, не толку мирни, повлечени, уметници и можеш да видиш се. За дружба најбитно е да се здружиш на почетокот, после се е лесно.Се запишуваат фини деца, барем мојата генерација беше окејј и тогаш се примаа со по неколку 4 ки, сега стварно не знам како е. Се ова е од мое лично искуство и гледано од моја перспектива. Ако ве интересира за професорите, пишете ќе напишам за секој по нешто.
би сакала да ве прашам дали е стереотип или шо дека у Карев имало нешо многу хулигани, све пушеле, се дрогирале итн инт... дали има навистина такви у клас пациенти и општо какви се децата, машките, девојчињата.
и кажете ми ги ако знаете професорите шо може да ми се паднат у прва година - од септември 2019 - иначе пма смер
Ќе морам да те разочарам, нема хулигани хахахахаха пред 4 години кога требаше да се запишувам во Карев, не бев сигурна дека ова е вистинското школо за мене баш поради ова дали има хулигани и дали ќе се вклопам.Децата се нај океј и барем во мојот клас имаше многу дружба и солидарност.Исто така стереотип е и дека во Карев не се учи и професорите не бараат многу, ќе треба да си го загрееш столчето и да се помачиш на велико ако немаш врски нели.Исто така Карев ќе те научи на многу неправди, но и како да се носиш со нив, како да си го организираш учењето и времето и ќе видиш секакви профили на деца од кои можеш многу да научиш.Ако се мислиш помеѓу Карев или некое друго школо ич да немаш дилема. Карев секогаш добро звучи.
Пма смер - најверојатно Жаклина или Сузана по математика и една од нив веројатно ќе ти биде и класна. Ликовно - Ана Кондовска Музичко - Емилија Ристановска Географија - Јован за жал ( а ќе видиш и зошто) Физичко - Венцо или Бети Македонски - Ирена Хемија - Ела .... Физика - Зочо Биологија - Или Даница или Зоки Кула Англиски - Содич се враќа од породилно или Елена што е секако подобро Германски - Томо или Ана Пота и за крај Историја - Марица ( имево запамти го добро хаха ) или Игор Јанев
Право ќе ти биде Александар Давидовски. Само тој е во Карев и Георги.Го обожавам професорот, не дави со правото толку, и не оценува стрикно со прашања од предметот туку ќе ти постави прашање или ќе ти даде проблем да го решиш теоретски и од тоа ќе те оцени. Супер си е човекот сите го обожаваме и во Георги и во Карев (ваљда). Толку можам да ти помогнам за ова
Ако бираш ОХА во трета да право ќе ти биде Александар Давидовски супер е човекот, пример како треба да изгледа професор, латински Лидија, пример како не треба да изгледа професор, не во смисла да се тресеш од неа туку за оценување е многу лоша. Во 4 та менаџмент Снежана, бизнис Тони, економија исто еден од нив, филозофија Валентина, логика Вики.