Се' е точно ова погоре ама македонски може да биде и Тања Љаљек, англски може и Маја да биде а информатика не се знае. Класни би биле Жаклина (не верувам Сузана дека би ја ставиле класна),Ирена, Тања, Венцо, Бети, Јован, Гордана физика, Ана ликовно и Зоки биологија - барем тие се сега во четврта Нема да ти биде лошо ама сепак се' зависи од класниот
Ако немаш врски, а претпоставувам дека немаш штом прашуваш, да тешко е и ќе треба да се помачиш. Повеќето професори на часови се лабави, ама кога ќе дојде време за тест или испрашување многу бараат.
Me interesira dali na prviot ucilisen den e kako vo osnovnite ucilista se sobiraat site ucenici vo dvorot pa klasniot doaga i odat vo ucilnica? Ili pak koga kje izlozat so kogo ucis vo prva godina go pisuva brojot na ucilnicata?Kako e vo srednite?Blagodaram odnapred!
Тоа се случува во холот, прво се претставуваат класните раководители а на листовите закачени на врата пишува кој клас си и број на училница и одиш.
Обично во генерација се по 8/9 паралелки и нормално дека сите се заедно во смена. Секоја година различно, сè во зависност од конкуренцијата т.е првиот ученик со најмногу бодови. Предност имаат нормално одличните ученици.
1.Може некој искусен да ми каже ме интересира како е за упис?Каде се врши уписот пред Карев,во училиштето внатре? 2.Кога ѓи зимаат книѓите што се прва? 3.Ми спомнаа нешто дека порано некој доаѓале од др школо се мењале на смена?Дали е вистина?
1. Влегуваш во Карев со потребните документи (свидетелства, извод, ако имаш дипломи), пополнуваш барање и го предаваш. Сето тоа се одвива во холот. 2. Книгите ви ги делат од септември, секој професор посебно. 3. Тоа било многу одамна со Зеф Љуш Марку, во времето на моите и твоите родители. Нема никакво менување.
Што се случува со пријавите?Бидејки некој ми спомна се купуваат лично? Извод од матичната книга на родените(копија или оригинал)?
може некој за овие професори ако му предавале да ми каже збор два... дека најверојатно ќе идам ПМА и ваљда овие ќе ми се паднат
Ликовно Ордев во прва ќе ти предава. Бара носење материјал, оценува цртежи според тоа колку си вложил труд а не убавина и сл. Инаку супер професор. Музичко Ристановска или Беличанска ќе ти предава. Мене Ристановска ми предаваше и е построга од Беличанска, бара доста знаење, се прават тестови и на историја на музика и скали и сл. Се прават годишни тестови, но доколку претходните 3 теста ти се 5ки не го правиш крајниот. Гледај да не дозволиш да го правиш годишниот. Јован географија, не знам зошто напишале за жал, сепак секој си има свое мислење. Полн е со знаења, идеи, супер професор. Дава прилично тешки тестови, и кај него никогаш немав 5 на тест, ама од што си се сакавме ја имав во дневник. Многу е забавен. И Венцо и Бети се супер, можеби и Марија би ти предавала. Сите си бараат опрема и редовност. Ама малце Венцо се издвојува, знае некогаш да се инаети. Македонски Ирена не ми предавала и не знам каков професор е, но постои можност и Лаљек(најлабава е од сите, но тоа не значи дека треба да и се качите на глава), Жане или пак Драгица да ти предаваат, сите ми предавале и сите се подеднакво одлични професори, со огромно знаење, огромно разбирање и пред се пријателски настроени. Хемија Ела исто така не ми предавала, но од кажување знам дека е строга и тешко е. Физика Зочо е лабав, убаво објаснува и си бара човекот. Можеби би ти предавала и Гордана, малце е како изгубенка, ама добар прфесор е. Биологија Зоки Кула е најлудиот професор во Карев хахаха иако не ми предавал, многу добро го знам, се препишува на велико на тестови, со книга на клупа.... ама пак кај Даница, е доста строго, жената предава по 10 страни во час и дупло повеќе бара. Бара се од учебник, и латински имиња и сл. За Содич немам коментар, а инаку Елена е пресрцкаа, знае да си прави муабет со учениците, малце и она се губи кога решаваме вежби ама океј е. А историја, јас вака како љубител на историја би ти кажала дека Марица е најдоброто нешто што може да ти се случи во Карев. Учи си и немаш проблем кај неа, бара дисциплина, на час мува да прелета, кога влегува во училна сите станувате и сл. Ретко ќе правите тест кај неа, само усно. Жената е царица. Игор историја е исто така полн со знаења, никогаш нема да ви биде досадно на час кај него ама буквално, бара знаење повеќе тоа он што збори на час а не бубање од книга. Околу оценувањето и испрашува и дава тестови. Само запишувај што збори он на час и внимателно слушај го и немаш гајле.