Јас сакам само со 2 другарки да се паднам од основно, другите замараат страшно ако се паднам со една Марија е тогаш ќе биде страшно
И јас сакам со две од основно. И уште некои.. другите не ми прават баш мерак.. Ама што е тука е. Не се прашуваме ние. х)
сигурно ќе се паднете со некој што учел во истото основно школо како и вас , значи сигурно! Едни другарки што учат во Карев а завршија кај мене во школо ги ставиле од 20 деца од исто основно, 10 во еден клас , 10 во друг за да не се мачат во повеќе класови да ги стават. И јас сакам со една другарка да се паднам, ако не се паднам ќе се префрлам во друг клас!
^Девојчиња, јас кога учев се паднав само со 1 од мое школо, а бевме 36, и во другите класови така беше, баш бевме мешани и баш не ги ставаат барем не дотогаш од исто школо во ист клас, туку ги мешаа најмногу што може освен во 2ката памтам беа 4-5 деца од исто школо. Може ќе ви се погоди да се паднете со повеќе од своето основно, ама барем во Карев не ги местат намерно така, туку напротив. И да се префрлите не може туку-така, другарка кога се префрлаше во мојот клас и рекоа дека мора да најде некој со кој мора да се замени, таа да дојде во мојот, а друг од мојот да оди во нејзиниот клас, за да не дојде до дисбаланс во еден клас 35, во друг 37. Вие мислите така е тоа, да беше така еден клас ќе имаше 40 души, друг 20. Значи може да се случи да се префрлиш и без да најдеш замена, ама потешко е така, затоа прашајте па ако ви речат да си побарате, барајте и не се срамете. Класовите барем досега се со по 36 ученици, ептен ако се отпишуваат стига до 31-32 и подолу не одело, порано бевме 8 класа, па од поголема заинтересираност направија лани и 9ти клас.
Ама француска паралелка се 2 класа така да ние од мој клас сме 6 деца па вајда нема само јас да бидам у другиот клас
И од мое одд. има 6 деца, а од другите уште 5 деца. Вкупно 11. Ваљда ќе се паднам со некое, дека има само 2 класа француски.
Ќе се видите на список кој клас сте и ке влезете во холот, и ќе каже директорката ќе збори нешто ова она, и ќе се слушнете коа ке рече пр. I-4 одете по класната и ке ја видите и она ке ве однесе.Ништо комплицирано А ако сте француска, тогаш сте I-7 или I-8 последните класови се француски
Еј па така кажете бее, ја мислев германски зошто општо Карев е германска во моја генерација 6 и 7 се француски, а 8 мешана. Е откако има 9 класа не сум се интересирала како е. Штом сте француски, доста поголема е веројатноста
Да не бил некој деновиве до Карев да види за списоци?Јас планирам да одам во четврток Исто така сакав да прашам дали сеуште важи тоа 1 и 3 во смена, и 2 и 4 во смена?(се надевам дека уште важи )
Не ми се верува толку рано. Дека наставниците доаѓаат после 15ти.. Другарка ми се јави таму негде кај 10ти и и рекле ќе има после 20.. Ама сепак првери.
Важи, не сум слушнала за никакви измени, порано бевме сите генерации иста смена, па после тоа сменија вака. Не се знае, нова директорка - нови правила може да има, откако сум запишана до ден денес доста измени има, и директорки се менуваа, ее во 1ва и униформа мроав да носам, на врата не ме пуштаа иначе. Ех, шетавме и по училници, па седевме само во една училница, па пак шетавме и ете 3та ја завршив во една училница. Којзнае како ќе биде од септември, се е можно, не може да се претпостави, ама како и да е. Јас завршив со 2 смена лани, значи по правило од септември јас треба да сум 1. Ама затоа што не сум во смена со првачињата, тие по правило секогаш треба да се 1, јас ќе бидам 2. Ама и за тоа ќе бидам известена :geek:
Абе пак се сменила директорката? На вести кога кажуваа за овие што полагаа матура вториот пат, покажаа една друга и одоздола пишуваше директорка на Никола Карев.
Да да, не е Мери више сеа Бети се вика, од страна е не е професорка во Карев. Мери срце, ќе видиме новава како ќе се покаже.
Вчера зборував со другарка што учи во Карев, пред 2-3 дена со класната зборувала и ми кажа дека сигурно си останува 1ва и 3та у смена а 2ра и 4та. Исто така ми кажа дека Саракинова нејверојатно нема да и предава туку Мери. И ми рекоа дека 1-1 и 1-2 биле "најдобрите класови" и таму ги ставале тие со подобри оценки или не знам што и на тие класови класни биле некоја професорка по македонски и професорот Венцислав по физичко.. Мене ми е страв да не не се паднам со другарка ми Како и да е во петок одам да ги видам класовите, ми рекоа дека до тогаш сигурно ќе бидат објавени(ако не се веќе објавени)
Јас вчера поминав и немаше ништо иначе слушнав дека пак ќе имало униформи и дека ќе биделе 1ва и 2ра, 3та и 4та во смена али незнам ќе видиме во септември
Мене лично не ми смета да носиме униформи, а инаку за ова со смениве 99% било сигурно дека така ќе си остане како што било, нема промени
И мене не ми сметаат многу униформите.. Иначе и мене ми е страв, да не не се паднам барем со една другарка... А како што прочитав имало 2 по француски, и еден мешан. Значи до петок сигурно ќе има објавено, супер.
Дечки, а до утре ќе има издадено, или до другиот петок, со кого ќе се паднеме во клас?? Дека далеку ми е Карев, да не одам утре по топлото за џабе.
Нема ни една што ќе учи германски од тука? А какви се униформите? И сеа викате на 1ви внатре во холот се влегува, а?