Го почитувам мислењето на феминката погоре, но не се согласувам. Се е релативно, завршив лани во Карев и исто вака како што ти сега размислуваш имав размислување и страв пред 4 години дека во Карев има хулигани што не е точно.Секаде има деца што прават глупости ама тврдам дека мојата генерација беше топ со некои исклучоци.А најмногу се нервирам кога некој ќе каже дека Карев е лабаво школо и не знам зошто го бие таков глас. Да, Карев е лабаво школо ако имаш врски и професорите ти прогледуваат кроз прсти, а ако немаш ќе треба да се помачиш како и за се друго во животот.Немој тоа да те плаши, нема хулигани, сум пишувала и претходно во темава, прочитај погоре.Не се замарај каде ти оди друштвото од основно, оди каде што сакаш, ќе запознаеш ново друштво и ќе научиш како да се снајдеш во нова средина.Со среќа !
Ме интересира дали во Карев ке направат проблем за една оцена на крајот-Ако ти се сите 5ки а една 4,дали ке ја поправат? Или пак ке направат проблем и нема да сакаат да ја поправат и ке те остават со една 4-а во текот на годината(тромесечие1 и полугодие) си имал 5,а тромесечие2 4ка?
Ме интересира што точно се изучува по предметите: -Елементарна алгебра- -Елементарна алгебра и геометрија- ,логички дека е поврзано со математиката но што поточно.Треба да одберам изборен предмет,па,размислував за едно од овие два предмета. Исто така,како предаваат професорите за истиве предмети? Благодарам однапред.
Дали секоја година се менуваат професорите? Односно, дали оние кои ми се во прва година ќе останат истите и во втора да ми предаваат????
Доцна ти враќам, не учев во ова училиште, но го имав избрано елементарна алгебра и аналитичка геометрија, само елементарна ние го немавме како избор. На почеток има доста цртање, основи на нацртна геометрија би рекла. Неако целиот тој предмет е повеќе геометрија на крај имаше малку алгебра. Учевме за рамнини, прокеции, вектори, многу цртање. Кај нас многу ретко се бира овој предмет, така што беше супер атмосфера, лабаво, ама сепак учиш зашто цело внимание е посветено на тие неколку учеиници. Ако те интересира повеќе алгебра избери го само алгебра, а ако повеќе те влечи геометрија тогаш вториов. Edit: ги пронајдов програмите за предметите https://www.bro.gov.mk/wp-content/u...na_algebra_i_geometrija-II_GO-izboren-mkd.pdf https://www.bro.gov.mk/wp-content/u...ama-Elementarna_algebra-II_GO-izboren-mkd.pdf
Карев е доста добро и солидно училиште.Професорите,секој за својот предмет,си бараат.Реално ќе се скапеш од учење(да не те плашам,но ако сакаш успех,ќе се соочиш и со потешкотиите и леснотиите).Не се многу строги,но бараат знаење. Друштво,има од сите училишта.Ќе се здружиш,добри пријателства се стекнуваат во Карев. Ќе се здобиеш со многу знаења.Ти го препорачувам. Не знам за Георги.Но знам дека и таму бараат. Ако мене ме прашуваш Карев е најдобро.
Здраво на сите. Сакам да ве прашам во врска со Природно-Математичкиот смер комбинација А, кои предмети се тука и кои професори предаваат. Благодарам.
Некој искусен може подобро да ти каже,сеуште не сум стигнала до трета.Но,пиши ми во лп,ќе ти сликам во врска со смерот(листа што ми ја дадоа во Карев).
Ќе ти кажам за предмети, но не и за професори, не учев тука. Во трета ги имаш Линеарна алгебра и аналитичка геометрија (2 часа), Алгебра (2 часа), Програмси јазици (2 часа). Во четврта Математичка анализа (3 часа), Програмски јазици (3 часа). Ова се покрај главните предмети. Инаку учи со ред, со разбирање, зашто ако продолжиш на кој било факултет каде што има математика, ептен ќе ти помогне доколку имаш убава основа од средно.
Хелоу. Би сакала да прашам во врска со професорката Лидија по Латински. Што и колку бара за учење? Како оди оценувањето?
Катастрофа жена, катастрофа професорка, предава ама почнува како вие веќе да знаете и така доаѓа до многу нејасни работи.Бара многу и оценува најчесто со единица. Со среќа
Здраво, дали може некој да ми каже дали ќе можам да се запишам во Карев со две 4-ки од 8-мо одд.. Фала однапред.
Здраво! Апсолутно можеш, никаков проблем не треба да е. Колку што се сеќавам во периодот кога јас се запишував, имаше деца со просек 3.5 што влегуваа. Се упишав без дипломи и со една четворка од екстерно од шесто одделение. Немаш гајле, Карев ти е супер избор за било кој смер, само знај дека не е како што се збори, дека лесно се поминува. Ќе мораш да вложиш многу (како и во секоја друга гимназија), но знај дека Карев ти нуди солидно средношколско искуство со сите side projects, свирки, уметнички настани, натпревари... што и да те интересира, има! Поздрав и со среќа
Zdravo dechki, 2ra sum vo karev i se mislam dali da odam pma. Ako mozhe nekoj da spodeli iskustvo? Teshko e lesno e? Imam mnogu propusti po matematika, dali ke mozham da se snajdam?
Хело! Јас бев ЈУБ, затоа не можам да дадам најпрецизен одговор, но очигледно е дека ако одиш математички смер треба да бидеш спремна за ептен многу математика. Околу професорите навистина ти е 50-50. Има некои што ќе ти го направат животот пекол, а други што ќе ставаат оцени од ракав, но тоа е во секој смер така и останува на судбина и кои ќе ти бидат. ПМА е еден од најтешките смерови, ако не и најтежок во случај да не сакаш, не знаеш или не сакаш да учиш математика. Добро размисли што понатаму! Со среќа